29.03.2012, 08:31 Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Скопјанецот Л.К (52) од населбата Драчево заврши во полиција откако, изреволтиран од вревата, се обидел со пушка да ги смири децата кои играле на улицата близу неговиот дом.
Настанот се случил околу 20.30 часот на улицата “Ратко Марковиќ“. Скопјанецот излегол со својата ловечка пушка и почнал да пука кон децата. За среќа никоја не е повреден.
Од полицијата информираат дека Л.К. е приведен во полициска станица, пушката му е одземена, а се работи на целосно расчистување на случајот. |