27.03.2012, 20:21 Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска донесе одлука за разрешување на директорот на Агенцијата за разузнавање, Александар Боцинов, на негово барање.
За вршител на должноста, како што соопшти Кабинетот на претседателот, именуван е Наќе Чулев, кој досега беше на функцијата директор на Дирекцијата за оперативно разузнавање во рамки на Агенцијата за разузнавање, и преставува дел од професионалниот оперативен кадар на Агенцијата. |