29.03.2012, 11:37 Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Западните земји тврдат дека лансирањето претставува камуфлирана проба на забранета балистичка ракета
Северна Кореја почна со полнење на гориво во ракетата за планираното лансирање на сателитот кон средината на следниот месец и покрај повикот да се откаже од лансирањето, пишува денеска весникот „Токио шимбун“.
- Лансирањето е се поблиску. Веројатноста е голема дека датумот на лансирање ќе биде 12 или 13 април, нагласува весникот, повикувајќи се на извори блиски на Владата во Пјонгјанг.
Западните земји тврдат дека лансирањето претставува камуфлирана проба на забранета балистичка ракета, а САД најавија дека доколку лансирањето се изврши ќе го прекинат доставувањето хуманитарна помош во храна за земјата.
Северна Кореја порача пред два дена дека ќе продолжи со мошне критикуваниот план за лансирање на сателит и го повика американскиот претседател Барак Обама да се откаже од своите „конфронтирачки размислувања“.
- Ние никогаш нема да се откажеме од правото да лансираме мирнодопски сателил, што е легитимно право на една суверена земја и важен чекор за стопанскиот развој, порача Пјонгјанг. |