Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
29.03.2012, 11:17

Иванов: Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија

Обраќање на претседателот на отворањето на Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група

Предизвиците се се побројни и поразновидни. Глобалната економска криза и нејзините импликации врз регионалната безбедност и развој, енергетската безбедност, но и можностите за примена на НАТО-концептот „Паметна одбрана“. Какви и да се предизвиците, верувам дека здружените решенија не вклучуваат само споделени вредности, задачи и одговорности. Тие вклучуваат и споделени права и привилегии кои произлегуваат од посакуваното и пред се заслужено членство во НАТО.

Ова го нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на отворањето на Конференцијата на министри за одбрана на САД и Јадранската група што денеска се одржува во Скопје.

Конференцијата е вистинското место во периодот пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго, подвлече Иванов, да се сетиме од што меѓу другото произлезе Јадранската повелба. Во преамбулата на Повелбата стои дека парт��ерството произлегува од можноста за заокружување на „целосна нова Европа“ во која секоја нација, секоја етничка група, секој граѓанин и секоја вера се безбедни, сигурни и почитувани. Сакаме да бидеме партнери и сојузници со сите наши соседи, истакна шефот на државата, и заедно да ја градиме сегашноста и иднината на нашиот регион.

- За жал, како што и многупати досега е констатирано, формално иако не и суштински, нашата желба е попречена и тоа поради еден апсурден и наметнат спор. Спор во кој се соочуваме со соодветна уцена и ултиматум, рече претседателот Иванов пред присутните министри за одбрана, дипломатскиот кор и сите други учесници на конференцијата.

Ние сме незадоволни, но не сме обесхрабрени, порача Иванов, укажувајќи дека незадоволството не значи напуштање на партнерството и визијата.

- Напротив, уште сме поохрабрени и силно сме фокусирани на она што е наш дел од обврската. Исправноста на нашето досегашно одговорно однесување беше само потврдена со пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Пресуда што нуди нова правна димензија и бара нов пристап од сите земји-членки на НАТО, подвлече во обраќањето Иванов, додавајќи дека тој пристап подразбира и тоа дека земјите-членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија во Алијансата.

Според македонскиот претседател, почитувањето на пресудата на меѓународното право и конечно, како што рече, и на Времената спогодба, налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт.

- Затоа се надеваме дека нашиот сосед во духот на вредностите кои го споделува со членките на Алијансата ќе ги почитува договорите, односно обврските од Времената спогодба, порача претседателот Иванов, посочувајќи оти почитувањето на договорите и на меѓународното право се гаранција за побезбеден и понапреден свет.


Статијата е прочитана 1244 пати.

Испрати коментар



Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
ОХИС повторно се продава
Пожар во фабриката за безалкални влакна
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Драчевец пукал кон деца, нема повредени
Албанска партија промовира обединување на Албанија и Косово
Џорџ Буш постариот ќе го поддржи Мит Ромни
Борисов- Бугарија ќе стане гасоводен центар на Балканот
Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години во близина на Атина
Европскиот парламент може да го отфрли договорот АКТА
Пад на индустриското производство за 8,8 проценти
Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Папата се сретна со кубанскиот претседател Раул Кастро
Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар



Jone, 29.03.2012 14:46:33
Makedonija preku politickite partii kreva pregolema panika za clenstvo vo Nato so baranje na drzavi koji ke lobirale za pobrz priem vo Nato kako da se slepi deka clenstvoto zavisi samo od Amerika od nikoj drug. Amerika e sigurna vo Maledonija deka veke se najduva vo nivna pregratka od koja nema beganje, zatoa politickite partii malce da gi oladat svoite glavi i da ne i dosaduvaat na Amerika, zasto taa ne prizna so ustavnoto ime a sega poradi clenstvo zvo Nato primorani sme da pregovarame za promena na imeto i pritisok na Amerika da e promeni odlukata so koja ne prizna ednas so druga nova. a znaeme amerikancine ne se skloni da promenuvaat svoite odluki. rezime : SO Amerika sekogas i so ustavnoto ime. Nemora da si Clenka na Nato eto ova go smetam najlogicno
до претседателот, 29.03.2012 18:00:59
Зошто ја брукаш нашата земја?Како тоа за спор кој ни`го наметна Советот за безбедност со Резолуцијата 817 велиш дека е апсурден и дека обврските кои произлегуваат од Резолуцијата се уцена и ултиматум? Така ли се зборува за Резолуција на Совет за безбедност?Срамота за претседател да не знае дека судот во Хаг не испитуваше дали нашето досегашно однесување е исправно и одговорно,туку испитуваше дали Грција со своето однесување во Букурешт го прекрши чл.11 од Привремената спогодба.И пресудата од Хаг не се однесува на одлуката на НАТО во Букурешт, туку се однесува само на чл.11 и на странките во спорот,ФИРОМ и Грција.Вакво однесување на претседателот во народот се нарекува продавање на м.да место бубрези.Ова кај никого не поминува.
pile, 29.03.2012 18:52:55
Do jone.Obvrskata za nadminuvanje na razlikite so imeto kako i drugi obvrski R.Makedonija i R.Grcija gi imaat prevzemeno so Rezolucijata 817 i 845 na SB pri ON.Inaku nadminuvanjeto na razlikite vo vrska so imeto na R.M. ne znaci i promena na Ustavnoto ime.Specijalniot pratenik na generalniot sekretar na ON G-Nimic, po posldnata poseta jasno i nedvosmisleno izjavi deka se razgovara samo za imeto i toa za vo ON a ne i za identitetot.Inaku javnata blamazja pred zaednickite dosegasni i idni partneri i sojuznici na dvete sosedni zemji treba da prestane,i da ne se doveduvaat vo `pat` pozicija pri odlucuvanje za priem na R.Makedonija, posebno pri eventualno poedinecno izjasnuvanje na Samitot vo Cikago.Polnopravnoto clenstvo na R.Makedonija vo NATO Alijansata e najgolem garant za nemanje na teritorijalni pretenzii na zemjata kon prijatelska Grcija i pruzja mozjnost za podobruvanje na ekonomskoto, a posebno bezbednosnoto nivo vo regionot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |