04.04.2012, 12:46 Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Жупаниското државно обвинителство поднесе обвинение против програмскиот директор на хрватската „Нова ТВ“ Синиша Свилан, кого го товари дека три години примал мито од продукциската куќа „Кор медија“, за да обезбеди емитување на четири емисии на оваа продукциска куќа на „Нова ТВ“.
Свилан е осомничен дека на име на секоја емисија од проектот емисии „1 на 1“, „Во средина“, „Истрага“ и „Интериери“ преку посредници на рака добил по 1.000 евра.
Обвинителите сметаат дека Свилан оддавал и податоци од колегиумот на телевизијата за тоа кои содржини ги интересираат и какви содржини планираат да купат. Свилан не сакаше да го коментира обвинението.
Обвинителите бараат Свилан да ги врати 262.000 мито кои ги добил од 2004 до 2007 година, а му се заканува казна од една до десет години затвор.
Аферата со „Кор медија“ почна во средината на октомври минатата година кога повеќе луѓе од хрватските медиуми се уапсени под сомневање дека на „Кор медија“ издавале фиктивни фактури, меѓу кои и на директорот на оваа продукциска куќа Шелебај Селиер.
Синиша Свилар функцијата на директор на „Нова ТВ“ ја презеде во 2004, а во 2007 година доделена му е наградата за Најменаџер на годината во југоисточна и централна Европа.
|