Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
05.04.2012, 17:05

„Ќе откриеме кој им помагал на криминалците“

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, во Кочани ја координира акцијата

Даниела Трпчевска



Кочани веќе цела недела не спие мирно. Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски, со тим инспектори од Скопје сите активности ги пресели во градот на оризот. На лице место ја координираат акцијата и ги планираат следните претреси на објекти и локали поврзани со акцијата „Детонатор“. Се проверуваат документи, сознанија, се разговара со сите оние што биле поврзани со групата која беше приведена за криминалот со рекет, изнуди, нелегално коцкање и насилство во источниот дел на земјава. Но, главните разговори кои се водат меѓу високите функционери на МВР во Кочани се околу тоа кој се' и' помагал на групата и каква е одговорноста на вработени во полицијата и државните органи за прикривање на криминалот во кочанско-виничкиот крај.

„Вршиме интензивни разговори и проверки околу инволвираноста на наши вработени во криминалните активности. Се обидуваме да ја откриеме нивната поврзаност со приведените, но во фокусот на истрагата не се само вработени во полицијата. Се вршат проверки и на вработени во државните органи и во УЈП, за кои има сомневање дека биле инволвирани во сето ова. Кога ќе обезбедиме докази, ќе ги преземеме следните чекори за расчистување на случајот“, вели за „Утрински весник“ првиот човек на БЈБ.

Иако во јавноста се појавија информации дека во изминатото деноноќие имало нови приведувања во Кочани, на поранешни полициски функционери, Тодоровски го демантира тоа.

„Засега нема нови приведувања. Во тек се претреси во неколку објекти во градот, каде што е најдена огромна количина на нелегални покер-апарати, уште повеќе отколку што беа откриени пред неколку дена“, објаснува директорот на Бирото за јавна безбедност.

Покрај интензивните претреси кои се вршат веќе со денови во Кочани и околината, тој вели дека акцијата ќе се шири и во другите градови.

„Ќе се вршат претреси и проверки секаде каде што ќе имаме сознанија дека се ширел криминалот“, додава тој.

Акцијата „Детонатор“ беше обелоденета викендов, кога за време на првоаприлскиот маскенбал полицијата приведе 23 лица од Кочани и од Виница. Повеќето од нив завршија во притвор, а неколкумина се во бегство. Според полицијата, една година сееле страв во источниот дел на земјава – се служеле со уцени, рекет, насилство и кражби...

Како организатори на групата се посочени шестмина од Кочани и до Виница, од кои двајца се повратници од странство, кои искуствата стекнати надвор ги примениле на македонско тло и помогнале групата да се зајакне минатата година. За петмина од приведените, според крим-евиденцијата на МВР се води обемно полициско досие. Изминативе десетина години за нив биле поднесувани пријави, а се изрекувани и затворски казни за насилство. „Изрекувани им се затворски казни од по осум месеци за насилство, но немаме сознанијата дали пресудите се правосилни“, вели помошник- министерот за информирање во МВР, Иво Котевски. Само еден од организаторите на групата нема полициско досие за претходни кривични дела.


Покер-апарати запленети и во Кочани

Над 200 апарати за игри на среќа се запленети при вчерашните претреси на локали и магацини во Кочани. За нив сопствениците не поседувале ниту документација, ниту пак лиценца за работа. До вчера попладне биле извршени претреси во три локали и магацини во градот, каде што биле пронајдени коцкарските машини. Нови приведени нема, но истрагата на полицијата продолжува. „Акцијата зема се' поголем замав. Штом ќе се влезе во еден објект, се шири истрагата и на неколкумина други за кои постојат сомневања дека се поврзани со сопствениците кои организирале илегално коцкање“, велат во МВР. Само во изминативе неколку дена, полицијата заплени над 400 покер-машини и рулет-маси во Кочани и во Крива Паланка. Сопствениците на објектите каде што беа запленети апаратите беа приведени при акцијата „Детонатор“. (Д.Т.)

 


Статијата е прочитана 2521 пати.

Испрати коментар



Професор натепал ученик оти го снимал
Домаќинка му тргнала маска на разбојник
Четворица повредени кај Теарце
„Агроплод“ нелегално продавал имот во Сараево
Акцијата „Ноќ“ ќе види бел ден на суд



Makedon, 06.04.2012 01:38:41
Sekoja cest na organiziran kriminal i policijata.No za da postoi i opstojuva takva kriminalna grupa .mora da imalo ,moknici ,koi i davale logistika i zastita ,za da deluvaat nepreceno i tolku dolgo vreme ,a koi se tie?
II RO 65/10, 06.04.2012 05:54:49
Mu davam celosna podrska na Zvonko Kasirski da izleze na pres konferencija i da kazje sto se slucuva na podracjeto na koe sto e najpovikan za bezbednosnata sostojba i od koi pricini sostojbata e na takvo nivo na koe se prikazjuva.Ili i toj ke dobie tretman na eks, eks (veke ne se znae koj e poranesen) nacalnikot na SVR Kumanovo Zoran Velickovski po akcijata ,,pepel, so nejavuvanje na 12 sudski rocista za zloupotreba na s.p.o. a uste raboti vo SVR Kumanovo.Posakuvam uspeh vo aktivnostite na MVR, malku poveke od akcijata vo Mariovo, ili slucajot so Dusko od Bitola i licno se nadevam deka zaplenetite avtomati, pri javno nadavanje ke gi pokrijat trosocite za nadomest na steta pobaruvani od vrabotenite od MVR.A portparolot na MVR Ivo Kotevski nema potreba tolku,vo detali da ne informira, mu veruvame veke.Kredibilitetot na poedini vraboteni vo MVR e na stepen na zasitenost.
Jovankajo, 06.04.2012 07:37:57
AAAAAAAA, mnogu rano vi tekna , koga i tie i VIE se dobro nafatirafte, lokalni moknici DA vo vlasta, bez nivni amin seto toa nemalo da se slucuva, gradonacalnikot, nacalnikot na policijata i nekoi drugi inspektorcinja, koi se obogatija na grbot na ovoi.
borce, 06.04.2012 07:46:48
Nikakva informacija i nikakvi kazni nema za carinicite koi dozvolile na kriminalen nedozvolen nacin da se vnesat preku 500 poker aparati.
Epten ubav casovnik ima Ljubco, 06.04.2012 11:24:26
Jas imama samo edno p-rasanje do Ljubco Todorovski: Kolkava e cenata na negoviot racen casivnik i kade mozam da gio nabavam ?
Хациенда, 06.04.2012 12:11:33
Ако овој навистина сака да ги открие криминалците, треба да почне од себе.
patriot, 06.04.2012 13:16:38
sekoja cest za gospodinot Todorovski se pokaza kako hrabar borec.
Трпе, 06.04.2012 15:21:42
Ова е бал без маски.Овој Тодоров се мести за повисока функција или некој го мести него.Откако голем број функционери се изнабалира или поскромно кажано стана обични богаташи сега се пресметуват со помошниците или овие кои им откажале повеќе да не играт по нивна музика а да си играт по сопствена.Е сега ти че видиш чо ке ти напраам.
Ајван Доктор®, 06.04.2012 18:06:44
А да почнеше од Скопје,па дури потоа да продолжи по внатрешноста и тоа и во нејзиниот источен,но и во западниот дел,каде што криминалот стана секојдневие!?Опасната констатација е дека се вршат интензивни проверки и разговори (?!) околу „инволвираноста на наши вработени во криминалните активности“!Ова,си прават муабет колку да кажат дека нешто работат,или се води вистинска истрага за можна вмешаност на лицата од МВР во валканите работи?Јавна тајна е дека со години командирите и вработени во локалните полициски станици се шефови од кои зависат многу работи,па дури се и сопственици на локали,организатори на борби со кучиња,рекет,принуди,изнудувања, зеленаштво и сл.!
STRASNOO, 06.04.2012 21:05:22
Axaaxa borci protiv kriminalot,pazi vamu neznaele pa ke otkriele,toa nesto mu doaga kao so A1,dodeka im odgovara nema kriminal, koa im treba ako mozat megju sebe ke se mestat i apsat.LICEMERNI DO BESKRAJ!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |