Хороскоп
ОВЕН
Пречувствителни сте скоро во секој поглед. Се нервирате поради најмали ситници, спремни да експлодирате Бидејќи тоа никаде не ве води, пробајте да ги зачувате нервите и да ја намалите напнатоста. Подобрете ги односите со партнерот, пријателите и целото семејство.
БИК
Иако преферирате да работите во тим, сепак, сакате да биде се по ваше. Нервирањето и судирите ќе надвладеат доколку не попуштате. Морате да се одлучите помеѓу толеранцијата и самотијата. Нема средина. Со партнерот ве очекуваат пријатни моменти, иако не ги исполнува вашите желби.
БЛИЗНАЦИ
Доколку бидете разумни и не се оптеретувате со ситни нешта, ќе биде се во ред. Ќе успеете, пред се, да владеете со самите себеси, а потоа со другите. Во спротивно, нервозата ќе ве прати каде и да одите. Новото работно место е под контрола. Можност за признание.
РАК
Важно ви е околината да ги цени вашите напори за она што моментално го работите, па тешко на оној кој ќе се спротистави на вашите квалитети. Можни се судири и недоразбирања доколу се обиде некој да ве потцени. Целата енергија ја фокусирате на работата и статусот. Нема време за љубов.
ЛАВ
Вниманието на Лавовите е насочено кон обука, патување и се она што сакате, т.е. многу нешта. Доколку полагате испит или треба да добиете некаква сатисфакција, ова е вистинскиот момент. Емотивната несигурност е од минлив карактер. Бегајте што подалеку од Ракови, ви носат непотребни комплекси.
ДЕВИЦА
Се советува умереност во работата. На мета е нервниот систем. Беспотребно ги оптоварувате соработниците со прекумерната желба за доминација. Тоа највеќе влијае на една Скорпија, со која може да имате спротиставени мислења, но ќе излезете како победник. Емотивни несогласувања.
ТЕРЕЗИЈА
На проблемите гледате крајно субјективно. Причина за чувствителност, кога подобро ќе размислите, немате, но тоа е посилно од вас. Можни се здравствени проблеми, но ќе ги елиминирате доколку навремено превземете конкретни потези. Пат во странство ќе ја подобри финансиската ситуација.
СКОРПИЈА
Неизвесно е кој кого ќе надмудри. Близнаците и Девиците се упорни и размислуваат конструктивно. Доколку имате емотивно несогласувања, грешките ги барате во својот јазик, кој знае да биде доста груб. Парнерот неможе да ги надмине вашите навреди. Каде изчезна вашиот фатален поглед и наслевка?
СТРЕЛЕЦ
Денеска во прв план се љубовта, спортот, хобито и уметничките афинитети. Доколку се фокусирате на овие нешта, во комбинација со забава, ќе се чувствувате прекрасно. Доколку очекувате работата да ви причинува задоволство, шансите се минимални. Најдете забава и на работното место.
ЈАРЕЦ
Планетарниот аспекти укажуваат на фатална љубов или разочарување. Не барајте некаква средина. Некои припадници на овој знак ќе доживеат незаборавни моменти со љубената личност или доколку се занимаваат со уметност, а некои ќе страдаат. Највеќе зависат ставовите од последните месеци.
ВОДОЛИЈА
Дружење, седенки, добри контакти и уште подобро расположение. Со еден Бик ќе успеете да најдете заедничи јазик, а со Овен никако! Дали сте размилувале во врската да внесете нови моменти. На пример, направете му изненадување на партнерот. Доста се трудеше, сега на вас е редот.
РИБИ
Уживајте во денот. Бидете отворени, не се ограничувајте на пасивно размислување за среќа и љубов. Пробајте со конкретни чекори да доживеете вистинска радост. Проблемот е што често се плашите од среќата. Подобро се снаоѓате и соживувате со стравовите и незадоволствата.
|