05.06.2012, 18:34 Реплики
Зошто се кријат интелектуалците?
Соња Крамарска
Ние, обичните смртници, со право очекуваме од академиците и од универзитет-ската заедница, да го покажат патот, кога општеството ќе залута
МАНУ вчера избра нови академици. Тоа се проф. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов во Одделение за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Абдулменаф Беџети во Одделение за општествени науки, проф. д-р Нада Поп-Јорданова во Одделение за медицински науки и м-р Газанфер Бајрам, Богомил Ѓузел и Глигор Чемерски во Одделение за уметност. Избрани се и 11 таканаречени членови надвор од работен состав, но кои исто така ја носат титулата академици.
Некои од овие имиња се познати на јавноста, а некои се познати само во стручните кругови во кои работат, додека пошироката јавност сега првпат ги слуша нивните имиња. А веројатно и последен пат.
Интересот за престижната титула е голем за една држава како што е Македонија.За последниот избор на академици пристигнале дури 40 предлози за редовни и 12 предлози за членови надвор од работниот состав. Значи луѓето во нашата земја сепак сакаат да прават кариери и да достигнуваат професионални височини во сферата во која работат. Но дали соодветно се однесуваа на титулите кои ги имаат?
Последните неколку години се' погласно се изговара едно навидум безначајно прашање а тоа е – каде се и зошто молчат интелектуалците? Некои велат дека тоа е заради страв иако е нејасно како може луѓе од таков калибар да се уплашат. Други велат дека си ја чуваат кариерата и сакаат да избегнат бранување во нивните подоцнежни години и затоа решаваат да „го следат течението на реката“. Трети велат дека македонските академици немаат што да кажат.Но ако еден академик нема што да каже, тогаш што остана за нас обичните смртници.
„Утрински весник“ во обид да го разбуди овој најважен дел од општеството неодамна ��исмено се обрати до Македонската академија на науките и уметностите, со известување дека им отстапуваме простор на нашите страници да пишуваат колумни на теми што тие ќе ги одберат а за кои сметаат дека се од значење за процесите во државата. Исто такво писмо испративме и до пошироката академска заедница, од ��равниот, Економскиот и Филозофскиот факултет. Можете да замислите дека од никаде на добивме повратен одговор. Македонските интелектуалци или не се заинтересирани за случувањата во нивната држава или калкулираат од ним познати причини. Или можеби едноставно ги мрзи да пишуваат. Но, каков е тој интелектуалец кој нема потреба да се искаже за некои состојби во државата за кои самиот тој има изградено став.
Неодамна една од телевизиите ме интервјуираше на прашањето што мислам за македонската колумнистичка сцена. Реков дека е таа многу слаба и дека и оние неколку колумнисти што пишуваат или тоа го прават по партиска задача или самите се толку политички обоени што публиката, и кога говорат точни работи, не им верува. Секако, секоја чест на исклучоците какви што има неколку и на страниците н�� „Утрински весник“ за кои се гледа дека се вистински и храбри колумнисти на кои личната потреба да се изразат го надминува калкулантството и додворувањето кон партиите. Но, тие се вистински раритети. Наместо колумни, од поголемиот дел автори добиваме обични новинарски текстови во кои се плука политичкиот противник.
Оние што управуваат со весниците во Македонија знаат колку е ѓаволски тешко да пронајдете и анимирате добар колумнист. Некој, што толку добро ќе ја разбира економијата што на секој владин потег ќе одговори со аргументи на поддршка или отфрлање. Или, колумнист кој како што сега се случува во водечките колумнистички имиња од калибарот на Пол Кргман кој предлага решенија како Европа да ја надмине економската криза и како да се избегне најлошото грчко сценарио.
Македонија е земја на конфликтно општество во кое смирувачките тонови на едни вистински господа како што се членовите на МАНУ можат и тоа како да одиграат позитивна улога. Има неколку горливи прашања во чие вклучување е пожелно да се јават и луѓето од оваа врвна научна институција. Тоа е уредувањето на меѓуетничките односи за кое се покажа дека е пресуден фактор во функционирањето на македонските влади, привлекувањето на странски инвестициски вложувања, и односот кон историјата. Не го забораваме проблемот со името – овде мудроста и прагматичноста што ја поседуваат личности од највисок професионален калибар се насушна потреба.
Но МАНУ одбегнува да плива во тие води, а и универзитетската заедница со исклучок на Фрчкоски, Владо Поповски, Владо Бучковски и Денко Малески, се држат на страна. Им оставија на политичарите самите да се справуваат со овој тежок проблем. Или уште полошо, јавајќи на бранот на идејата пред самитот на НАТО во Букурешт 2008-та, МАНУ издаде соопштение за поддршка на името Република Македонија (Скопје) но веднаш штом Груевски се повлече од предлогот и тие му се вратија на молчењето. Повеќе од јасно беше дека се ставија во политичка функција која траеше неколку часови.
Во 2009 година, на претседателските избори врвната научна институција имаше уште една непријатна епизода, каде пред телевизиските камери и со насочување од претставници на владејачката партија даваа поддршка за Ѓорге Иванов за претседател. Присуствував таму и можам без никаква задршка да кажам дека им беше наметнато сценарио кои тие стоечки го одиграа. Со горчливо чувство се сеќавам и на епизодата кога претседател на МАНУ беше уфрлен во новинарска делегација од Македонија на петдневен гратис престој во Северен Кипар. Таму тој понизно не' молеше да не кажуваме во Скопје дека и тој бил дел од групата. Човекот ги искористи сите (големи) почести што му ги укажаа домаќините, вклучително и прошетка низ фри-шопите на аеродромот со списокот нарачки од сопругата, но на крајот престојот го посочи како компромитирачки фактор за неговата кариера.
Ова беше решена да го чувам како тајна или како бесмислена авантура на претседателот на МАНУ, да не си спомнев вчера на огромниот интерес за добивање на титулата академик, и од друга страна останувањето во сенка откако таа ќе се добие, користејќи ја само како влезница за подобро седиште на семејни родендени и други прослави. Но, таа титула носи со себе и чест но и огромни обврски.Ние, обичните смртници, со право очекуваме од академиците и од универзитетската заедница, да го покажат патот, кога општеството ќе залута. Мислам дека денешното време е токму таков пример – залутано и длабоко конфронтирано општество кое своите граѓани ги донесе до мрачно расположение и чувство на бесперспективност. Затоа, господа академици и професори, излезете од домашниот притвор кој самите си го доделивте и бидете тоа што ви прилега. Општеството има потреба од вас, која вие немате право да ја игнорирате. |
|
Статијата е прочитана 1722 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Светислава, 06.06.2012 00:50:25 | Ај сега копираме Божем се` што ни е убаво од богатите земји... Знае ли некој новинар, па и писателот на оваа статија, во кои тоа западни развиени земји на чело со САД постои АНУ? - НЕ сум проверила но мислам дека ни во Русија веќе не постои?! - можеби во Северна Кореја сеуште ја има. Секоја чест на нашите експерти и академици по здружен труд и смауправна економија, арно ама сигурна сум дека ќутат зашто абер немаат од пазар. Да го пуштиш најголемиот академик преоблечен да продаде на пазар кило јаболка ГАРАНТИРАМ дека не умее. |
| Akademici, prst na chelo!, 06.06.2012 01:49:22 | Ne go opravduvam i podrzuvam Milenko vo negovite stavovi i diskfalifikacii, pred se poradi golemata omraza kon opozicijata i ushte pogolemoto ligavenje kon vlasta, ama za MANU kaza edna mnogu realna rabota: Vo Kratovo ima edna kafana po ime MANU. Istata ima mnogu pogolem avtoritet od Akademijata. Se e kazano i objasneto. Alal da mu e! |
| melbourne, 06.06.2012 02:46:57 | Se nadevam ke ve procitaat,razberat,slusnat i ke se odvazat da i pomognat na Makedonija. |
| jovan, 06.06.2012 03:09:53 | Vo ovaa drzava sekoj si go pazi lebot, pa taka i akademcite(intelegencijata). Ste go spomnale Frckovski, koj navistina cesto se javuva so svoj mislenja pa i predlozi, pa gledate na koj glas e i do kade dogura. Najomrazena licnost stana, od pricina sto ne pisuva onaka kako sto misli onoj koj e sega na Vlast. Dokolku dojde nekoj drug na vlast, togas nekoj drug koj ke posaka da pisuva poinaku(kako Frckovski), ke ja dozivee sudbinata na Frckovski, i se taka vo krug. Veke sekomu mu e poznato, deka ovde bez razlika koj e na vlast, treba da mislis i pisuvas onaka kako sto misli Vlasta. Vo sprotivno, ke bides nikoj i nisto, a toa nesaka nikoj da bide. Zatoa ovde nema kriticna masa na intelektualci koj bi se dignale koga opstestvoto ke zastrani ili zapadne vo nekoja kriza. Ovde ni rabotno mesto na nekoj salter ne ti e sigurno ako pocnes mnogu da*razmisluvas*, ne pa akademska titula ili nekoja pogolema funkcija. Toa e toa, i najverojatno taka ke ostane i ponataka. |
| Istocna Makedonija, 06.06.2012 07:34:17 | Neka im e cestito na novite akademici!Intelektual
cite,del se sokrieni,del odrabotuvaat politicki agendi i del se sokrieni od drugi i frleni na margini-
te,na rezervna klupa!Jasna e pricinata,ne treba mnogu da mudruvaat,treba da slusaat i odrabotuvaat!Oti..... |
| anne, 06.06.2012 08:39:32 | Тоа што постои голема љубов на народот кон титулите е само знак на нашата површност и недостаток на одговорност и лична чест. Тоа за нив важи дестероструко повеќе. Ама и тие, сиротите се производ на своето. повеке форма а помалку суштина. |
| Guveat i cemreat, 06.06.2012 09:30:20 | Clenovi na najvisokata institucija za nauka i umetnost treba da bidat licnosti so naucen i umetnicki opus dostoen za pocit, so dostoinstvo respket , kredibilitet i integritet.A na sto licat nasite akademci slikovito objasnivte so toj turista vo Kipar.Golem broj od intelektualcite se zamolceni , del so privilegii,del so zaplasuvanje, a del so nivnata bedotija i neznaenje. Koga i kade MANU javno se proiznela za nekoi sustinski prasanja za nacijava i drzavava? A MANU treba da bide svetilnik koj ce mu go prosvetluva patot na narodot i ne smee da bide podlozna na politicki vlijaniaj, Pred nekolku godini pocitav tekst vo utrinski, kade eden citatel, kucata na MANU ja sporedi so akvarel Mrtva priroda, bez nikakvo dvizenje i promeni vo nea , vo koja akademcite molcat ,guveat i cemreat , bez da iskazat nikavo svoe mislenje i zbor. A sostojbata vo nasata zemja ne e za molcenje. |
| gragjanin, 06.06.2012 12:09:49 | Sekoja chest na nekolkute izuzetoci, no povekjeto vo MANU ne razsluzhuvaat da bidat tamu. Nie, kako shto si igrame drzhava taka si igrame i MANU. Zatoa da ne se prashuvame zoshto molchat intelektualcite bidejki nie NEMAME intelektualci-tie ne molchat, tuku, za zhal, gi nema! Da se bide intelektualec ne e ona shto nie mislime. |
| D.V., 06.06.2012 14:42:43 | MANUvcite slatko si *pajkaat* i si planiraat kako da dojdat do pogolemi finansiski moznost i da duvnat na banja, obicno vo Bugarija , na odmor vo Grcija,( vprocem kako i golem del od Vladata)i; te da im se objavi nekoja kniga, te da im se prevede na angliski i t.n. Mislam deka samo ednas *tropnaa* nekoj zbor okulu imeto so *niti istok-niti zapad* i onoa koga se istrca nivniot Petsedatel, za remeto naLjuBco, za preselba na naselenieto... Morame da se setime deka edinstveno Blaze Ristovski nesto poveke *peneshe* i se izjasnuvase za makedonskoto prashanje i indenittetot,ama po famoznata Enciklopedija( kade sé pak,pretera posvetuvajki mesto na anonimni, negativni ili diskutabilni licnosi) i nego, so golema nepavda i po jaka intervencija, go zamolcaa i stavija *vo kjoshe*. Zaklucok za MANU e deka potrebno e da se fatis za foteljaa i da mocis; *trai pravi-mizi butaj*! |
| MANU=Sram, 06.06.2012 15:42:11 | Milenko ne sakam nitu da go vidam zatoa sto mestoto ne mu e na TV tuku.. ama deka e tocno toa sto go rekol tocno e. Nasata MANU e za potsmev koj se ne sedna tamu i kakvo e toa godisno prosiruvanje!! Toa samite go izmislija, treba da se stanuva clen samo po nekoja posebna zasluga pa neka bide toa i na 10 godini a ne spisoci kako za vo skolo. |
| Aleksandar, 06.06.2012 16:09:34 | Politikata ne e matematika pa ajde naucnicive ke ne spasat, ovaa institucija moze samo knigi da pisuva a podobro e da raboti da nekoi naucni trudovi --inovatorstvo , a mene samo mi izgleda edna administracija so visok na vraboteni na teret na budjetot. |
| Prijatel, 06.06.2012 17:16:32 | Sonja, mnogu bre neshto ja razubavuvash realnosta i im se obrajkash na akademcite. Koi bre akademci, nikoj nikade ne gi znae, niti pak objavile neshto vo nauka. Zatoa, najpametni se koga molchat, da se nadevame deka toa ke prodolzhat da go pravat! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|