05.06.2012, 18:31 Писма - Јосип Броз Тито не бил провинцијалец
Звонко Каров, Кавадарци
Почитуван пратеник Александар Николоски,
Би сакал со најдобра намера и кон вас и политичката партија, чиј член сте, да ви укажам (а чувствувам потреба за тоа, зашто сум вршел јавна функција - пратеник), дека изгледа не се согласуваме околу клучното прашање што значи, всушност, македонското национално единство и движење и патот како тоа треба да се оствари.
Не верувам, дури сум лично убеден дека вашата партија го дели мислењето кое го искажувате кога тврдите дека Службата за државна безбедност ја формирало Република Македонија. Така произлегува од вашето тврдење дека високи комунистички функционери во поранешната федерација (и сите останати функционери, директори итн.) не можеле, а да не соработуваат со службите за безбедност. Тоа би значело (според вас) дека волјата на граѓаните за самостојна и независна држава е во „аут“, поточно суспендирана. И дека таа работа ја завршила УДБА, КОС, СДБ.
Ако имаме предвид дека Глигоров и Андов се едни од личностите на кои посочувате, произлегува дека ние (читај - државата) сме „фалс“ уште на почетокот. Тоа е тврдење кое ги омаловажува не само тие личности, туку целата одисеја на македонското движење за своја држава, која не започнала од 1941 година. Никогаш не сум го криел мислењето дека Јосип Броз Тито нас не не' „направил“, но дека бил водач на антифашистичкото и политичкото движење кое, според историските околности, дало рационално решение во федералниот модел на Југославија за потврдување на стремежите на македонскиот народ.
Само тоа, да не набројувам и друго (а има слабости, се разбира) го прави за мене НЕПРОВИНЦИЈАЛЕЦ. Тука, во федерална Југославија ние сме влегле со спогодба со останатите народи. Спогодба која можела да функционира додека можела. Причините за распадот различно ги разбираме и за тоа не би сакал да полемизирам со вас.
Вашите тврдења за „титоистичките“ кадри и функционери и нивната врска со нашата самостојност во старт сака да ја урива и концепцијата дека ние не сме кадарни да се справиме сами со сопствената рожба. И не' става на чистина дека допрва треба да се докажуваме (пред кого?) за целисходноста од нашето битисување. Го користите „титоизмот“ вулгарно до крајни граници, скривајќи го сопствениот видик на разрешување на „македонското прашање“. Со таквиот начин на расудување немате многу приврзаници во сопствената партија. Доколку би било поинаку, би донело конечен и катастрофален исход за нас сите и за македонската држава.
Затоа не смеете да создавате таков тип недоверба на нашиот - домашниот терен.
Почитуван пратеник Николоски, некои побрзаа да го укинат законот, други да прават циркус, а тој беше замислен како проект и важен акт кој требаше да покаже дека сме влезени во важен политички процес кој требаше да консолидира, а не да растура. Првичната верзија требаше да го спречи тој „лом“, зашто само така можеа да се спречат некои глупости со примената на законот.
Останувам со мислењето дека тргнувајќи од своите национални и државни интереси успешно ќе го завршиме овој процес. Тој тест ќе биде положен и ќе излеземе посилни од него. Убеден сум, г. пратеник, дека јорганот нема да го изгориме.
|
|
Статијата е прочитана 555 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Dete, pod itno kaj lekar!, 06.06.2012 01:05:50 | Se chudev na Bichikliski i negovata pamet da go napadja Crvenkovski, djoa mi ti e posposoben od nego, ama toa ne bilo nishto vo odnos na ova shto go prochitav. Ova dete-pratenik da zbori onaka i da se zamisluva za posposoben i popameten od Tito ????? Zemjo, otvori se! Od ovoj moment veruvam vo 21.12.2012. Navistina doshol krajot na svetot. |
| jovan, 06.06.2012 02:56:21 | Tito, ili potocno Komunistite/Kominternata, ne gi izmislile Makedoncite. Tie samo vo eden istoriski moment pomognale Makedonskoto prasanje da se aktuelizira i finalizira kako nezavisna Makedonska Nacija i drzava. Zosto site drugi predhodno ne uspeale vo toa, a na nekoj nacin se borele za ova prasanje, e druga tema. Sepak, ostanuva faktot deka ovoj narod i drzava treba da se blagodarni na Tito i negovata politika koja ovozmozila, pa makar i kakva-takva, drzavnost. Sto se odnesuva konkretno do bravarot kako licnost, toj bese izuzetno cenet politicar vo celiot svet. Za negovoto vreme, se pokaza kako odlicen expert za mnogu prasanje, za razlika od ovie denesni experti koj ne gi biva ni za bravari. Nekoj za zal ni za semkari ne gi biva, no ete, sedat na visoki drzavni ili biznis funkcii i pozicii. Zatoa sme onamu kade sto sme. |
| Dragica Lapajkoska-Belchevska, 06.06.2012 08:20:06 | Po moe mislenje site sto se protiv Tito,tie se i protiv RM.
Deka e toa taka moram da gi potsetam deka i Bugarite ne go sakaa Tito,zasto 1943 vo Jajce,a 1944 god na ASNOM samo ovoj del od Makedonija e osloboden za da denes e samostojna drzava.
Kon ovoj kontekst ce dodadam,no prosto i ne znam so koja raka da se krstam.
Imeno novinarkata na Sitelna 4 maj koga rece deka Tito e roden vo s.Hrvatsko zagorje,okolija Kumrovec,a zenata magister ili doktor,toa mi kazuva kolkava intelegencija,znaenje donese denesnicava,ili mozebi i taa kako i Grujo kako i mnogumina vo Bugarija ja dobija diplomata podarok za da stanat Bugari |
| Ne e sam, Nikolovski!, 06.06.2012 09:04:29 | Nikolovski samo go kanalizira ona sto e zamisla na DPMNE: da se osporuva makedonskata samobitnost, da se unishti Republika Makedonija! |
| Istocna Makedonija, 06.06.2012 10:45:19 | Vo nasevo aktuelno opstestveno bitisuvanje,koga
se e ispovrteno naopaku u caruvaat laznite,pseu
do vrednosti,kriteriumi,dekadentni , amoralni i
kriminalni fenomeni i tipovi,moze i ova da se dozivee.Mlad i nedoveten pratenik da dava crna karakteristika i za istoriski licnosti,koi svetot gi verifikuval(Nikoloski za Tito!,Dimovski - Gligorov)!
Sto e mnogu mnodu e pretenciozno,degutantno,
vulgarno od nedovetni,na koi sigurno nekoi od
nivnite familii na ovie,mladi i ,,poletnijurisnici vo
ona vreme ziverele daleku podobro! |
| konsterniran, 06.06.2012 12:18:38 | VMRO-DPMNE javno se izjasnuva deka ne ja priznava i prifakja istorijata na drzhavata. Taa za niv ne znachi nishto, tie ne se identifikuvaat so nea, zatoa sega jasno li ni e zoshto ja MENUVAAT ? jasno li ni e sega zoshto ni go menuvaat identitetot i minatoto? |
| do ne e sam, 06.06.2012 16:08:35 | Makedonskata samobitnost ja osporuva koalicioniot partner na SDS Ljubco. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|