Хороскоп
ОВЕН
Физички се исцрпувате зашто работите повеќе отколку што сте во состојба да сработите, наместо да останете настрана и да почекате поволен момент. Напорно се борите бидејќи сакате да се мачите. Само немојте подоцна да се жалите.
БИК
Успешен ден. За убавото расположение мора да и' заблагодарите на внатрешната хармонија и сознанието дека ја имате поддршката на луѓето околу вас во своите потфати и акции. На мистериозен начин ќе успеете да решите еден финансиски проблем.
БЛИЗНАЦИ
Чувствувате потреба да изразите љубов, но на индиректен начин. Бидејќи во претходните денови на некој начин се оддалечивте од личноста која ја сакате, сега ќе ви оди многу потешко. Сепак, штом нешто наумите, нема шанси да ве спречат.
РАК
Повеќето припадници на знаков мора да ги совладаат шоковите на новата доба. Колку порано се соочите со тоа, толку подобро за вас. Додека седите и медитирате, времето минува, а проблемите растат. Вака веќе не оди. Јасно одлучете што, всушност, сакате.
ЛАВ
Сите активности тапкаат во место. Се надевавте дека проблемите ќе се разрешат, но попусто. Мора да бидете трпеливи, дисциплинирани и толерантни. Свртете се кон семејството - партнерот, децата, внуците, родителите.
ДЕВИЦА
Убавите моменти брзо поминаа, па мора да се соочите со сопствените слабости. Не е лесно, но затоа имате пријатели кои ве поддржуваат и ве орасположуваат. Поканете ги на гости или разговарајте со нив по телефон.
ТЕРЕЗИЈА
Ви одговара самотијата и тоа поради нагласениот уметнички порив. Станавте свесни за проблемите во контактите со околината, тимската работа и се' што се однесува на соработниците. Размислувате за разочарувањето во личноста во која многу верувавте.
СКОРПИЈА
Во прв план се возбудувањата на љубовно поле. Одбегнувајте ексцесни ситуации зашто лесно може да ја прекинете и онака чувствителната врска во која се наоѓате. Бидете дипломат и попуштете кога околностите го бараат тоа од вас.
СТРЕЛЕЦ
Партнерот ве излудува зашто е вистинска ваша спротивност. Тој се труди да ви угоди, но џабе. Колку што вложува поголем напор, толку повеќе прави погрешни работи. Многу Стрелци се' уште немале среќа да ја запознаат својата сродна душа.
ЈАРЕЦ
Денешниов ден е идеален за комуникација. Размислете за создавање некакво здружение, прослава или дружење со поголем број луѓе. Ќе се обидете и да ја измазните релацијата со една личност, зашто сфативте дека претеравте.
ВОДОЛИЈА
Каде и да се наоѓате, се чувствувате одлично. Во елемент сте. Доколку не успеете да ги препознаете поволните планетарни влијанија, бидете сигурни дека се работи за лична неспособност. Мора да се потрудите малку повеќе.
РИБИ
Полни сте со елан. Јуришате сто на час и сакате да завршите што повеќе заостанати работи. Постојат периоди кога ништо не ви оди од рака, но во моментов е сосема спротивна ситуација. Се' што ќе наумите, завршувате брзо и без некој поголем напор.
|