05.06.2012, 12:20 Вардар исфрли удавена скопјанка
Полицијата го идентификуваше човечкиот труп кој вчера наутро беше изваден од водите на Вардар во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за Виолета Димитровска (61) од скопската населба Хром, која била пријавена за исчезната на 23 јануари годинава. Според резултатите од обдукцијата, на нејзиното тело нема траги од насилство, а смртта настапила како последица од давење, информираа од полицијата.
Распадниот труп беше во толку лоша состојба што надлежните не можеа да утврдат дали станува збор за маж или за жена. Случајот го пријавија вработени во „Улици и патишта“, кои ја косеа тревата во коритото на Вардар. (Г.А.)
|