Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
05.06.2012, 22:09

Мое ќоше

Пијавици за олигарсите

Ерол Ризаов

Зошто чорбаџиите се омилена предизборна тема на политиката

Деновиве видов еден инвентивен наслов на првата страница во некој од весниците. „Груевски ќе им пушта крв на олигарсите“. Тоа е омилена предизборна тема на политиката и во Македонија и на целиот Исток. Големиот озаконет грабеж на општествениот, државниот имот и природните ресурси и богатства е магнет за гласови во осиромашените земји на транзицијата. Некогаш лошата крв ја пуштале берберите редејќи пијавици на вените на болниот. Денес таа зла крв преку ден им ја пуштаат политичарите на чорбаџиите, прикажувајќи ја како одмазда да не' утешат за нашата несреќа и беда, а ноќе како пијавици цицаат од вените на олигарсите. Партиите во Македонија со одржуваат во живот со трансфузијата од таа крв.

Одамна граѓаните препознаа дека не се работи за праведна трансформација на сопственоста како што тогаш се нарекуваа законските решенија за државното да стане приватно. Оправдувањата дека не е можен нов политички и економски систем без брза приватизација и промена на сопственоста не држеа вода, бидејќи и во најразвиените европски земји се' уште еден добар дел од сопственоста, особено големите системи, се во рацете на државата. Драматичната брзина на промените предизвика ломови во свеста на илјадници луѓе, особено со „револуционерното“ законодавство, рамно на национализацијата, експропријацијата, аграрната реформа 1945 година, само сега во обратна насока. Тогаш комунистите го зедоа имотот на богатите да се даде на народот, а сега демократите го зедоа имотот на народот за да направат нови богаташи. Две такви тектонски промени во период од само 45 години предизвикаа Македонија да нема ни вистински капитализам, ни изграден социјализам, ни права аристократија и буржоазија, ни моќна работничка класа, ни критична маса, как�� најсилен адут на средната класа. На двапати за нецел еден човечки живот се' е уништено во моментот кога стасува тестото за мирни еволутивни промени.

Распадот на големиот југословенски пазар во време на мирно преземање во приватна сопственост на претпријатијата со социјалистички модел и со превработеност, со нивно изложување преку ноќ на либерално капиталистички односи, направи вистинска пустош во стопанството кое наеднаш стана нешто помеѓу капиталистичко и социјалистичко, ама без пазар за своето производство. Тие мастадонти за 22 милионски пазар со наглата промена на климата веднаш почнаа да умираат како диносаурусите во налетот на ледена ера. Нивното одржување во живот значеше отпуштање илјадници квалификувани и образовани луѓе.

Од друга страна, цели категории население во разни општествени дејности останаа без својот дел од државниот имот иако вложуваа свои пари во тоа. По капиталистичката западна логика, требаше да бидат акционери во сите големи системи кои се градени со нивни пари и работа. Тоа особено се однесува на телекомуникациите, патиштата и железницата, на целата инфраструктура, електричните мрежи, трафостаници, енергетски објекти, рафинеријата, термоцентрали, хидроцентрали, вештачки езера, водоводи и системи за наводнување, во здравството, во образованието и редица други дејности до рекреативни објекти за кои беа воведени посебни даноци и давачки, заеми, самопридонеси и младински работни акции, при што се вложени огромни пари, голем труд и дел од животот на граѓаните. Македонската приватизација ги остави голем број граѓани со прстот во уста, ограбени, без својот имот за што издвојуваа средства цел работен и животен век. Никогаш не е доцна тие да се обесштетат со државни акции во големите системи кои се' уште се во државна сопственост. Ова може да биде добра тема за власта и за опозицијата пред избори. Можеби е време за ваучерите на Петар Гошев. Никогаш не е доцна.

Сосема нешто друго е што политиката со својот популизам, редовно пред изборите, го насочува вниманието кон добропознатите олигарси. Главно кон сопствениците на приватизираните компании кои работат успешно. Државата секогаш може да ја санкционира нивната приватизација доколку има прекршувања на законите. Но, очигледно тоа не и' оди во прилог на ниту една власт. Другите партиски олигарси кои стекнаа огромни богатства на сомнителен начин останаа прилично анонимни и целосно заштитени. Повиката е главно врз неколку успешни луѓе кои ги надградија неколкупати приватизираните компании. Никогаш во Македонија не е отворено прашањето што се случи со големите имоти, со големите корпорации и фабрики кои исчезнаа без трага и глас во транзицијата. Политиката не се фаќа во костец со неуспешните и пропаднатите. Тие не носат изборни поени.


Статијата е прочитана 2073 пати.

Испрати коментар



Триумфалeн кич
Никола Попоски на ручек со амбасадорите
Груевски задоволен од посетата на Шведска
Предизборен амбиент на годишнината од изборите
Црвенковски не издал државна тајна, вели Шврговски
Нови правила за прислушување
МАНУ со нови академици - ќе бидат ли молчаливи и тие?
Судење на момчето што ја уби девојката
Стразбур пресуди



Se shto e mnogu ne chini, 06.06.2012 00:43:35
Uteshna i pouchna kolumna za dezorientiranite rabotnici. Ama istite tie rabotnici, od petni zili gi branat svoite politichki vodachi, i koga treba i koga ne treba. A voglavno ne treba, bidejki samo lazat i kradat. Branko e sekako kljuchnata figura vo taa privatizacija, no nimalku ne zaostanuva Georgievski, a ushte pomalku Gruevski. Toa se kljuchnite (ne i edeinstveni) figuri za nashata nesreca. So niv i okolu niv se neizbeznite Dzingo, T.Petkovski, maherot S.Andov i ushte po nekoj. Ama ajde dokazi mu na izpolitiziraniot narod. Za niv edinstven krivec e drugiot. Taa iskljuchivost posebno e prisutna kaj patriotite, pa onaa poznata nivna fraza ,,Branko e kriv,, za se i seshto, stana predmet za zaebancija i potsmev. Nesvesno, od ,,zlochinecot Branko,, napravija heroj, koj ke gi pobedi na slednite izbori. El ta gi razberi!
jovan, 06.06.2012 02:35:07
Pokraj problemot so nepravednata privatizacija koja vsusnost bese otvoren i legaliziran grabez, imame i dodaten problem, a toa e, otkako se privatiziraa/ukradoa pretprijatijata potoa istite tie bea zastituvani vo biznisite.Primer:Skopska pivara.Bese*zabranet*uvoz na pivo za da taa bide*monopol*, a i pokraj toa, otvoreno*ucenuvase*, dokolku nekoj trosi drugo pivo, nema da bide snabduvan.Toa e eden primer. Potoa bezbroj primeri koga tie novopeceni nesposobni biznismeni i bogatasi, dobivaa tenderi, povlastici, pa duri i danoci ne plakaa(Zingo). Koga sme veke kaj Zingo, koristam prilika na eden komentator(Feliks)koj vo edna prilika napisa deka sinovite/kerkite na Zingo nemalo potreba da clenuvaat vo Upravni odbori na drugi/javni firmi bidejki imale svoj*uspesni*biznisi.Koristam prilika da mu odgovoram deka i pokraj se sto dobile na *poklon*,clenuvaat. Iskoristuvaat i toa, da zemaat*dzeparac* i od clenuvanje vo razni Upravni odbori(normalno, naznaceni tamu po politicko-protekciska linija)
anne, 06.06.2012 08:46:54
Се слагам дека никогаш не е доцна. Еве уште една иницијатива за 16-та точка на Платформата на Тричковски во последниот Глобус, со која во потполност се согласувам.
Zosto patriotive se plasat od revizija na privatizacijata?, 06.06.2012 08:56:59
Privatizacijata na opstestveniot kapital bese obicen grabez.Namesto da se prifatat drugi modeli,primer vauceri isl., ovede se sprovede prav aramiski model i narodot seostavi so prstot vo usta, a odreden i selektiran broj na oligarsi na kriminalen nacin se steknaa so nezasluzeno bogotstvo, pljackaj ci go siopstveniot narod. Toa bese isto taka ,ako ne i potezok zlocin od nacionalizacijata vo 1945 godi.SDSM go zapocna toj grabez, no VMRO go dovede do kulminacija so privatizacija na OKTA, Telekom ,nacionalni platezni karticki i sl. Istovremen VMRO propagandisticki za toa go optuzuvase B.C iako nejzinite tajfi opljackaa povece od SDSM.Toa go dokaza so odbivanje na zakonot za revizija na privatizacijata i nezastaruvanje na delata napraveni vo nea.Ako bea iskreni i cisti tie ce go prifatea.Vaka si gi pokazaa svoite zli dusi i aramiski dela Eve vo Hrvatska takov zakon e donesen, a slicen zakon se priprema i vo Srbija i vo Crna Gora.Od sto se isplasija patriotite , pa ne dozvolija revizija ?
ФЕЛИКС, 06.06.2012 10:14:23
Како прво имам едно дополнение на она од 1945г.Па така дел од ослободителите се искачја на Водно и други Водна низ земјата и во име на равноправноста и разбира се народот се вселија во куќите на реакционерите односно кај оние кој куќите генерациски ги спечалиле,но нивна вина да ти била што биле богати и умееле да работат.Како второ предизборното ,,пуштање пијавици,,кон олигарсите е во насока за финансирањето на предизборната кампања.Така е за сите овие 20год. и уверен сум да и ќе продолжи.Но по изборите секогаш имало ,,пуштање пијавици,, кон вработените во повеќе форми и тоа неказнето.Од приватизации,присилно одстапување на акции поради управување, отпуштања,урнисување до темел на стопански чинители и т.н.Оти сепак партиите на власт им се должници поради финансирањето.
Ztavo-zivo Feliks, 06.06.2012 14:14:32
Feliks, se slozuvam so vas, vo pocetokot na komentarot; bidejki i na mojata familija i se kacile na edno drugo Vodno i i go zele, za *dobroto na nardnata drzava* E, sega ponataka, ne se slozuvam, zato sto, ovie za koi glasavme, navogjaat iljadnici pricini da ne ni go vratat naseto Vodno. Od sud na sud, veke pominaa deset godini,gi dadovme site dokazi, isplativme i prelativme advokati, ama na one sto odlucuvaat nekoj drug poveke im platil, pa naseto Vodno, sé uste go *papa maca*.Ajde Feliks, urgiraj kaj tvoite da se vselime i nie vo naseto Vodno koga veke po normalen pat nemame izgledi! Ako trebe da platam barem ke znam komu.....
kaznet, 06.06.2012 14:51:46
Фаликсе мизерен си немаш поим до каде,некасе донесе законот, па после ќе муабетиме,фаликсе македонија на 101 место во фудбал и несе срамиш, незнам ама лошо, лошо фаликсе, црно нисе пишува, гледај јапонци, кинези сингапурци, аза индијци дане лафиме чекаат во ред да дојдат дасе возат со нашата железница 30 на час, асега кога ќе се урнат скандинавците фаликсе блазе нам на ....... .
Vesso, 06.06.2012 17:35:19
Sepak 80-90% opstestveniot imot se privatizira od dovcerasnite komunisti.I toa bez pari.E sega,tie si donesoa zakoni za legalizacija na grabezot .I zatoa ne mozat da se gonat zakonski.Rafinerija e prodadena vo cetiri oci.Iako ima i takvi slucai vo svetot.No ne moze da ni se unisti somnezot za provizijata.No sepak drzavata zema pari.I od drugi nekolku takvi firmi.No najtragicno e sto komunistickite direktori i pomalku ili poveke gazdi,kako nesposobni za pazarno stopanstvo,napravija pustos vo najgolemiot del od kapacitetite.Mozebi bese najpraveden predlogot na Gosev za akcii na site,a potoa koj kade saka neka gi vlozi.Ili pak nikakvi akcii i samo da se prodavaa,ako imase relativno dobra ponuda.Inace Zelezarnica vo 1960-te cinese izgradbata 3-4 milijardi dolari.Ogromniot plac kolku?A za kolku e kupena.Za ic pari .A posledniot gen.direktor ja isece komplet linijata za konvertorski celik.Zosto?Istiot direktor go sredi i Samokov.I se taka po red.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |