Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.04.2012, 17:29

Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?

Светлана Унковска

Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски, ги брои последните денови на позицијата прв човек во ова регулаторно тело. Deneska тој, откако го искористи ланскиот годишен одмор, повторно ја водеше седницата, а засега има закажано уште една за овој вторник. Мандатот на Стефановски завршува по велигденските празници, а за негов наследник, иако се' уште е во фаза на шпекулации, се подготвува Зоран Трајчевски кој е сега член на Советот за радиодифузија.

Тој не негираше дека ќе биде наследникот на Стефановски, но практично потврди одговарајќи на прашањето дали нема да му пречи да ја преземе претседателската функција на СРД како независно регулаторно тело, со оглед на фактот што тој беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас веќе четири години не сум во партијата, но Советот за радиодифузија нема заедничко со политиката, бидејќи тоа е регулаторно тело на трговски радиодифузни друштва, така што не гледам дека има некаков проблем“, ни изјави Трајчевски.

Претседателската функција на Советот за радиодифузија е чувствителна позиција, бидејќи Советот ја регулира работата на електронските медиуми. Пред да биде член на Советот за радиодифузија, Трајчевски беше претседател на Агенцијата за електронски комуникации поставен од ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу другото и владин претставник во „Телеком“, поранешен директор на охридски ЕМО, како и претседател на Советот на општина Аеродром во времето кога градоначалник беше Кирил Тодоровски.

Советот за радиодифузија е на удар на многу критики откако беше одлучено да се прошири составот на членовите од девет на дури 15 члена, што се протолкува како обид на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за добивање мнозинство во Советот, а со тоа и контрола при донесување на одлуките. За ова тогаш реагираше ОБСЕ, а како забелешка беше наведено и во последниот извештај на Европската комисија, а со заедничка изјава се јавија и Здружението на новинари на Македонија и Македонскиот институт за медиуми кои што критикуваа затоа што постапката за ваквата измена беше донесена со нетранспарентна постапка.

За изборот на новиот претседател е потребно мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, што значи од вкупно 15, за избор се потребни најмалку осум гласови. Заедно со актуелниот претседател Стефановски, мандатот им истекува на уште двајца членови на Советот, Али Алиу и Томе Груевски, но изборот на Трајчевски нема да биде проблематичен со оглед на распоредот на силите меѓу членовите на СРД.

Згаснаа телевизиите Џангл ТВ и Скај нет плус


Советот за радиодифузија deneska им ги одзеде дозволите за емитување програма преку сателит на телевизиите Џангл ТВ и „Перспектива“, (Скај нет плус“). За одлуката да и биде одземена дозволата на Џангл ТВ од присутните 12 членови, „за“ гласаа 11 и еден беше воздржан, додека за престанување на работењето на Скај Нет Плус гласаа 10 членови.

Причина за одземањето на концесиите е неплатен надоместок кон СРД, за што телевизиите претходно неколку пати добија опомени. Спорни се и телевизиите 24 вести, АБ канал, Наша ТВ и Пинк 15 плус, бидејќи и тие ги немаат платено концесиите, но ним нема да им биде одземена дозволата за работа, бидејќи деновиве склучиле договор со Советот за плаќање на долговите на рати. На „АБ Канал“ Советот и' даде рок од 15 дена да ги реши техничките проблеми за да може повторно да ја емитува својата програма преку сателит, откако пред неколку дена беше прекината. (Св.У.)

 


Статијата е прочитана 2634 пати.

Испрати коментар



Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Прочитана лектира, 06.04.2012 21:06:45
Многу касно се „обзнанува“ кој ќе биде новиот „прецедател“ на СРД, како да ја пронајдовте оваа информација некаде од антиката, зафрлена во нашиот Институт за Национална историја. Па се знаеше оваа работа уште со самото ѓоа предлагање (а однапред утврдување) би дејќи Тој е „независен“ пратеник, ама да не случајно некој не знае - самиот уште предвреме тврдеше дека е „експерт“ и тоа е тоа - кучињата нека си лаат - Трајчевски ќе си помине.
jovan, 07.04.2012 00:02:51
Tokmu ovoj im treba na onie koj imaat *problemi* kako da gi objasnat familjarnite pozvrzanosti politika-mediumi.
prist, 07.04.2012 15:02:55
chovekov opasen. prvo, frizurica u razdeljak te ljubim. vtoro, emo procveta treto, telekom-cosa nostra chetvrto, kiril go uapsija so potkup od 50.000 evra mislam a procent imalo i za ovoj garant. peto, ovoj u kuka da ne ti stapne.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |