06.04.2012, 12:10 Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Во Сараево денеска се одбележуваат 20 години од почетокот на 44 месеци опсада на градот и 67 години од ослободувањето од фашистичките сили.
Во поновата европска историја, Сараево е град кој најдолго бил под опасада при што загинаа повеќе од 11.000 граѓани, од кои над 1.600 деца. За 1.425 денови во Сараево агресорот од околните ридови истрела речиси половина милион проектили, а најмногу се истрелани 22 јули 1993 години, дури 3.777 гранати.
Гранатирани се болниците Кошево, Језеро и воената болница, зградата на весникот на „Ослободување“, телевизијата, трамваите, хотелите „Бристол“ и „Европа“, универзитетските згради, гробиштата, Собранието, верски објекти и друго.
Почетокот на опсадата почна со убиството на двете сараевски жртви - Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, кои беа убиени од снајпер на мостот Врбања на Милјацка. Мостот денеска го носи името на двете жени.
Сараево за време на опсадата остана без електрична енергија, греење, вода и лекови.
По потпишувњето на Дејтонскиот договор и периодот на стабилизација на државата и градот, босанс��охерцеговската власт го одреди 29 февруари 1996 година како службен датум за престанок на опсадата на Сараево. Неколку години траеше реконструкцијата на градот, во кој речиси да немаше зграда што не беше оштетена.
За тероризирањето, снајперскиот оган и гранатирањето на цивилите за време на опсадата на Сараево осудени се поранешниот висок командант на Војската на босанските Срби генерал Станислав Галиќ на доживотен затвор, додека другиот командант Драгомир Милошевиќ осуден е на 29 години затвор. На политичкиот инспираторт на опсадата Радован Караџиќ во моментот му се суди во Хашкиот тринубал.
|