Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.04.2012, 19:05

Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола

Поднесена е кривична пријава против директорот на Домот за старци „Сју Рајдер“ за злоупотреба на службена положба

Битола - Полицијата поднесе кривична пријава за директорот на старечкиот дом „Сју Рајдер“ во Битола, Благој Илиовски (49). Го сомничи за злоупотреба на службената положба со што, во изминативе четири години ја оштетил касата на Домот за околу 8.000 евра, набавувајќи храна за штитениците. Истражен судија му одреди мерка притвор.

Граѓаните коментираат дека битолската полиција брка криминалци од власта, зашто ова е втора кривична пријава за период од неколку дена. Претходно пријава за даночно затајување доби директорот на индустриската зона „Жабени“. Опозицијата од градот смета дека ова е силен политички удар за градоначалникот Владимир Талески, бидејќи се апсат луѓе блиски до него.

„Пријавениот во декември 2010 година на магационерот на Домот му доставил две фактури со листа на прехранбени производи во износ од 360 илјади денари и напишал да се исплати. Иако бил предупреде�� дека ги имаат производите на резерва, сепак, не отстапил. Парите биле буџетски од календарската 2009 година и ако не се искористеле до крајот на 2010, ќе требало да ги повлече Министерство за труд и социјална политика. Фактурите биле исплатени за производи кои никогаш не пристигнале до магацинот на старечкиот дом“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

И лани во пет наврати без никаква постапка за набавки од мала вредност по налог на директорот биле исплатени фактури во износ од 115 илјади денари за производи кои никогаш не влегле во домот. Од полицијата велат дека работат и на други инкриминирани дејства за пријавениот директор.

Но, покрај финансиските малверзации, полицијата ќе испитува и дали директорот Илиовски вршел мобинг врз некои од вработените. Во судот во Битола веќе се води спор по тужба на една вработена во домот која го обвини директорот за обид за силување.

Последните случувања во градот не останаа незабележани од битолската опозиција. Опозиционерите велат дека тимот на градоначалникот се распаѓа на сите страни и по сите основи. Според либералдемократите, до Талески во моментов стојат луѓе за кои се поднесени кривични пријави за затајување данок, за повластување на доверители, за сексуални напади на вработени, пријави за уништување и фалсификување деловни книги.

„Директорот на старечкиот дом во Битола по скандалот со сексуалниот напад на една од своите вработени, вчера бил повикан на информативен разговор во полиција поради финансиски неправилности во работењето и мобинг врз своите вработени. Одреден му е притвор. Ако на ова се додаде дека и Димче Шеровски, директорот на ИЗ ’Жабени‘, доби кривична пријава за даночно затајување, останува ли некој околу Талески кој не е осомничен за криминал? Се поставува логично прашањето, ако сите околу градоначалникот се осомничени, како тоа тој е изненаден, или можеби е толку чист, па ништо не знаел што работеле овие околу него“, запраша Владо Атанасовски, секретар на ЛДП Битола.

Според ЛДП, доскорешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Јовко Крстевски, од директорското место во ЈП „Комуналец“ заминал на државна работа во РЕК Битола. Од партијата прашуваат дали со тоа само полесно ќе се скрие од истрагата, која се води против него за наводно оштетување доверители додека бил претседател на ФК „Пелистер“, за што пишуваше „Македонски спорт“.


Статијата е прочитана 7137 пати.

Испрати коментар



Честитки за Велигден од македонскиот државен врв
Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Хаити
Венизелос - Германија заработи 400 милиони евра на грчката криза
Владина делегација по инвестиции во Русија
Почина најстариот Македонец во светот
Иванов - Поканата за НАТО ќе ги подобри односите меѓу Македонија и Грција
Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и ��лбанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



jovan, 05.04.2012 00:33:27
Po povod akcijata vo Kocani *Detonator*, napisav deka Vladata so vakvi apsenja(vo svojte redovi)ke prodolzi i ponataka(go podrzuvam toa), no toa go pravat so dobro osmislena cel. Site dosegasni greski i problemi ke bidat na nekoj nacin*priznaeni*, no ke dadat jasna poraka do graganite vo stilot, gi svativme i pronajdovme greskite, pa eve pocnavme i da gi rascistuvame. Dajte ni povtorno doverba i poveke vreme, se ke sredime. Toa ke im uspee, i te kako.Od edna strana potpolno podrzuvam vakvi akcii za rascistuvanje so kriminalot povrzan so politikata, iako znam deka*glavnite igraci* nema mnogu mnogu da nastradaat, no odnekade mora da se pocne, pa neka bide i vaka. SDSM, ako saka da ostane seriozna politicka opcija, treba da svati deka mnogu raboti se menuvaat, pa bi trebalo i oni soodvetno da se predstavat pred graganite. Ova nivno lutanje, moljakanje, nekoordiniranost, ke gi dotepa uste tolku.
aleksandarmkd, 05.04.2012 01:56:20
Se apsa KRIMINALCI a dali se bliski do opozicija ili pak vlast toa ne e bitno bitnoto e deka se apsa poradi ne saglam rabotenje.
Mitre 10, 05.04.2012 05:49:01
Od ovoj bitolski nacalnik nisto ne biduva. Ima edna bitolska pogovorka: Od kopuk efendija ne biduva i da stane pak ne go biduva.
bitola, 05.04.2012 07:14:27
ako mu dojde jankulovska vo BT,tesko nego.Reketari ima vo site pogolemi mesta i se povrzani so policija i so lokalnata vlast.
Istocna Makedonija, 05.04.2012 08:23:12
Od golemi gajlinja na drzavno nivo,ne se gledaat ,,rabotivena povee gradonacalnici,na koi opsti- nite im se licna sopstvenost.Sekoja cest na isklu coci,koi za sreka gi ima!
anamarija, 05.04.2012 08:34:17
Kade se iminjata od akcijata detonator ,zosto tie ne se kazuvaat a se sto e opzicija se stava na tapet kolku ste providni samo nema dolgo da traete
podobra opcija, 05.04.2012 08:34:56
A zar ne bi bilo podobro da pocnela cistkata od nego?E negoviot kolega i komsija Marjan, podobro si gi cuva prijatelite
kole, 05.04.2012 09:18:49
Бре мајката, значи почесни кадри од ВМРО-вскиве нема на светот............. Прави Преродбеници !!?
Zagor, 05.04.2012 09:33:48
a,nepotizam li e ako Talevski si go vrabotil i zetot? ili nepotizam lie ako gradonacalnikot na Novaci,ja vrabotul vnukatta od sestra za sekretarka?
Rezzilov, 05.04.2012 10:57:01
Алал да ви е насловот!Се работи ли за “чистка“ или за расчистување со криминал?Изгледа, по углед на некои партии, и за Вас расчистувањето со криминал е “политички мотивирано“.
BT, 05.04.2012 11:09:47
Aj proverete i vo CRM kakov kriminal ima ke se iznenadite ...
Bitolcanec, 05.04.2012 11:12:23
Poradi kriminalot vo redovite na gradonacalnikot Talevski i negovoto otkrivanje, kako i doveduvanje na storitelite pred liceto na pravdata. MVR kako za zasluga ekspresno go smena nacalnikot na krim policija Kire Bozinovski Katanga..... za da bidi raet gradonacalnikot Dvojce
zorica, 05.04.2012 12:57:45
Se slozuvam so site vas sto go sledite proneverstvoto i korupcijata pa bi ve zamolila koga veke se zanimavate so ova bi sakala da navlezete vo site privatni starski domovi zasto mislam vo momentov se osteteni i starite i nivnite fam. nemam nisto protiv ama bev licno soocena so takva situacija koga go ostaviv mojot tatko vo privaten dom samo gi interesiraat parite a uslovite i uslugata e pod nivo pa bi ve zamolila nesakam da da pisam za kogo se raboti vo momentov zasto site se povrzani partisko ova go pisuvam od danska kade lugeto se najsrekni i po domovite se osekaat kako doma ve molamako sakate da kontaktirate so mene pisetemi na mojot e-mail mnogu ve pocituvam i ve molam pogrizetese da se iskoreni partiskoto i ucenuvackoto od vlada ,direktori pa do site koi ne dozvoluvaat da im se mesaat vo rabotata ako se rabote za necosno.izvinete na pecatni greski i ve pozdravuvam.
TRibata smrdi od glavata..., 05.04.2012 15:02:57
...AMA SEKOGAS se cisti od OPASKATA, a glavata moze i da se odstrani na pocetokot ili krajot ( zavisi od stilot na rabota)!
bitolcanec koi zivee vo usa, 05.04.2012 16:24:07
edno nesto cydno vidov vo vestite samo eden kriminalec od sdsm. go vidov naslika so branko more topyk novinar zosto negi kazyvas site sto se plasisis zosto e kries vistinata kazi nekoi so nasio milenik gryjo od 30 eden najde od opozicijata i na slika go kaza a mnogy ybava slika pa deka bese so branko novinari nese plasete vistinata sekogas ve nosi na pravijo pat

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |