Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.04.2012, 11:58
Владина делегација по инвестиции во Русија



Инвестициските можности во Република Македонија од денеска до 12-ти овој месец ќе бидат презентирани во Руската Федерација.

Со предностите за инвестирање во земјава, руските стопанственици ќе ги запознае владиниот тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владиниот економски тим, во кој е и министерот за странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриските зони Виктор Мизо, презентациите ќе ги почне во Ростов, потоа ќе следува презентација пред бизнисмените во Краснодар и посетата ќе се заокружи со престој и претставување на можностите за правење бизнис во Македонија во Сочи.

Република Македонија и Руската Федерација остваруваат интензивна економска соработка. Доминантен облик на соработката е трговската размена, која минатата година изнесува над 700 милиони американски долари и бележи зголемување од 30-тина проценти во однос на претходната година. За одбележување е што извозот од Македонија во Русија бележи рекордно зголемување од 140 проценти, а увозот од Русија во Македонија околу 28,7 отсто.

Најмногу сме извезувале лекови за малопродажба, овошје и зеленчук, феросилициум, делови и прибор за каросерии, производи од камен или други минерални материи и други машини, уреди и опрема и други делови и прибор за моторни возила. Во Русија се врши и извоз на вино. Македонија од Русија најмногу увезува нафта и масла добиени од битуменозни минерали, природен гас во гасовита состојба, плоснато валани производи од железо или нелегиран челик, други производи од железо од руда, друг камен јаглен, неагломериран, пропан течен. Од почетокот на годината вкупната трговска размена е околу 130 милиони долари.

Со цел развивање и унапредување на вкупните трговски односи меѓу двете држави, на 28 мај 1993 година во Скопје е потпишана Спогодбата за трговија и економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација. За следење на спроведувањето на Спогодбата и изготвување соодветни препораки за унапредување на трговско - економската соработка меѓу двете земји, формирана е меѓувладина Македонско - руска комисија за трговско - економска и научно - техничка соработка, која досега има одржано пет седници.

Од македонска страна, претседател на Мешовитата македонско–руска комисија е вицепремиерот Зоран Ставрески. Претседател на рускиот дел на Комисијата е заменик-министерот за регионален развој Максин Травников. Бидејќи нашата земја може да понуди поголеми количини производи на рускиот пазар, се цени дека е потребно интензивирање на соработката преку отворање економски канцеларии за редовна соработка, како и создавање мешовити македонско-руски фирми, преку кои ќе се интензивира извозот во оваа држава, а со тоа ќе следи и покривањето на традиционално високиот трговски дефицит.

Економската соработка, односно нивото на трговската размена со акцент на зголемување на извозот од Македонија за Русија е од големо значење за натамошно унапредување на македонско-руските односи.

Инвестициите од Русија во Македонија минатата година се 5,19 милиони евра. Со оглед на економскиот и инвестициски потенцијал на оваа држава, обемот на странски директни инвестиции се смета дека е мал. Во 2010 година интересот на инвеститорите од Руската Федерација е зголемен, особено во енергетскиот сектор и се очекува отпочнување нов инвестициски циклус од оваа земја.





Статијата е прочитана 554 пати.

Испрати коментар



Иванов пука во празно
Кучиња открија дрога на плоштадот „Македонија“
ХТВ1 на пат кон Македонија
Авион пропаѓал шест километри
Мардок изгуби 239 милиони фунти
Љубинка Корабоска нов претседател на Антикорупциска
„Детонатор“ продолжи и на подрачјето на Делчево
СДСМ бара политичка и кривична одговорност за „Детонатор“
Русите сакаат македонско овошје и зеленчук
Сервер - Време е да се разговора за северниот дел на Косово
Турскиот премиер Ердоган во Кина
„Сони“ ќе отпушти 10.000 работници
Сталетовиќ ја презеде функцијата началник на СВР Штип
Отворен 8. Саем за вработување и кариера
Литар бензин рекордни 90 денари!
(ФОТО) Мас-хипноза или чудо во црквата „Св. Димитрија“
Бездомник со 2,3 милијарди долари
Експлозија во простории на грчко Министерство
Мртов маж пронајден во водите на Вардар
Облачно и студено време. снег на планините
Феномен во Св. Димитрија - фреските сами се прочистуваат
Илегалци од Мароко фатени среде Скопје
Еден загинат и тројца повредени кај Струмица
Таксист разнесувал дрога низ Скопје
Каширски - „Совеста ми е чиста“
Катарци ќе оценуваат македонски проекти
Велигденски благослов од Ватикан
Честитки за Велигден од македонскиот државен врв
Во сообраќајка во Хаити загинаа 27 лица
Венизелос - Германија заработи 400 милиони евра на грчката криза
Почина најстариот Македонец во светот
Иванов - Поканата за НАТО ќе ги подобри односите меѓу Македонија и Грција
Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Трпе, 08.04.2012 18:48:21
По се излегува дека следн��то роудшоу на нашата блада ќе биде на месечината.Тие појке потрошија него ли што ќе привлечат странски инвеститори.Откако ќе им го видат умот,на нашите претатавници, веднаш се растрчуват странските инвеститори да ги припремат куферите и бргу да ни дојдат за едно педесетина години.
snajper, 08.04.2012 22:50:04
tamu i ostanetesi ebave sorta udbaska stalinisticka, ovde naskoro ke ve ceka zatvor, site do eden zaedno so grujo i branko

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Обилни врнежи

Вторник
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 20°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |