-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Ќе бидете засипани со понуди и покани од разни страни. Сите се повеќе ве бараат. Денот е погоден за барање нови извори на заработувачка и докажување на личните способности. Потребна ви е промена на средината. Дистанцирајте се од оние што се полни со негативна енергија.



БИК

Причините за некои случувања што често ви се повторуваат побарајте ги во своето најрано детство. Дружете се со оние што ви се посебно интересни и кои го заслужиле тоа. Што се однесува до здравјето, спречето го сушењето и стареењето на кожата. Не плашете се од минатото.



БЛИЗНАЦИ

Бидете попустливи кон оние што ги сакате. Ослободете се од емотивните стравови. Не нервирајте се беспотребно. Само работете си ја својата работа. Следете ги советите на лекарот и немојте премногу да се форсирате. Потрудете се само малку да имате самодоверба.



РАК

Некои проблеми што ве мачат во последно време, денеска ќе ви се разјаснат. Бидете трпеливи и немојте да се истрчувате. Кај и да е, вистината сигурно ќе излезе на виделина. Бидете внимателни со начинот на исхрана и потрудете се повеќе да се движите.



ЛАВ

Љубовната среќа ќе зависи од вашата подготвеност да тргнете во акција. Затоа, немојте да чекате – тргнете во акција! На работа некои идеи задржете ги за себе. Се' уште не е време да им ги изнесете на претпоставените. Останете им доследни на своите идеи.



ДЕВИЦА

Додворувањето на едно лице ќе стане се' поинтензивно. Прашање е дали тоа ќе ве усреќи. Немојте да бидете арогантни и каприциозни пред претпоставените. Во меѓувреме, внимавајте на здравјето. Разубавете си го денот дружејќи се со оние што ви значат.



ТЕРЕЗИЈА

Поради некоја причина ќе се повлечете од една врска и ќе ги оставите работите недовршени. Ако започнете нова работа, а претходно не сте ги создале потребните услови, ќе дојде до заплет. Ако сакате да го задржите здравјето, бидете внимателни во секој сегмент. Не ветувајте ништо!



СКОРПИЈА

Ви недостасува мотивација за да се впуштите во еден љубовен однос. Бидете трпеливи, бидејќи и финансиската ситуација ќе бара повнимателен пристап. Концентрирајте се и трошете помалку. Внимавајте на своето здравје и немојте да и' се препуштате на судбината.



СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате повеќе од она што моментално можете да го добиете. Потпрете се на советот на пријателите. Немојте да влегувате во преговори со лица што не се подготвени за тоа. Избегнувајте да влегувате во конфликтни ситуации. Организирајте некое вечерно излегување.



ЈАРЕЦ

Во ваша близина ќе се најде лице што ќе ви понуди многу смеа и забава. Ќе бидете расположени за креативно и оригинално создавање. Ќе се ослободите од некој телесен недостаток. Немојте да му создавате дополнителни нервози на партнерот. Не правете го премногу љубоморен.



ВОДОЛИЈА

Ќе откриете дека едно лице е заинтересирано за вас и тоа ќе ве оптоварува. Сосема случајно ќе слушнете еден разговор што ќе ги одреди вашите понатамошни планови. Вашите слаби точки ќе бидат забите и зглобовите. Немојте да бидете груби со домашните.



РИБИ

Посветете му повеќе време, нежност и радост на лицето што го сакате. Помалку мислете на себе. Во работата вистинските искушенија доаѓаат од страна на претпоставените. Бидете трпеливи и никој нема да ве задева. Посетете некој близок роднина.







„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 9°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |