Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.04.2012, 12:03
Скандалозно: Димова против ИПА фондовите во Македонија



Лидија Димова од НВО Македонски центар за европско образование во Брисел побара укинување на средствата кои Европската унија ги дава за поддршка на Република Македонија

Скандалозното однесување на претставник на невладина организација ги оставило запрепастени претставниците на останатите држави. Останува нејасно зошто само од Македонија бил претставник на невладина организација, а од другите земји присуствувале претставници на државни институции.

Во Европскиот парламент во Брисел денеска се одржа средба на АФЕТ на која државните преставници на земјите кандидати за членство во Европската унија: Хрватска, Црна Гора, Исланд и Турција образложија како ги искористуваат средствата од ИПА фондовите. За разлика од нив Македонија беше преставена од страна на Лидија Димова од НВО Македонски центар за европско образование, која во својот говор истакна дека е во тесна соработка со Фондацијата Сорос.

Македонската преставничка побара укинување на ИПА фондовите од Европската унија со само за нејзе достапни податоци, со кои ја информираше европската јавност. Запрепастувачко беше и нејзиното барање Европската унија, конкретно преку ИПА фондовите, да ја укине компонетата за буџетска поддршка на Владата на Република Македонија, со образложение дека следната година во Македонија ќе има избори.

Преставничката од невладиниот сектор, пред државните преставници на останатите земји задолжени за искористување на ИПА фондовите истакнаа и дека Влада на Република Македонија нема програма за национален развој.

- Приказната за ИПА фондовите е неуспешна приказна во Македонија, изјави Димова.

На сето ова од Македонската амбасада во Европската унија возвратија со целосно документирана фактичка состојба и податоци околу искористеноста на ИПА фондовите, и побараа објаснување зошто на денешната дебата не е поканет официјален преставник на Македонија задолжен за овој сектор, односно на што се должи присуството на Лидија Димова.





Статијата е прочитана 3315 пати.

Испрати коментар



Претседателот Иванов повика на воздржаност и одговорност
Регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир во Радишани
Погребот на момчињата ќе се изврши утре
Јанкулоска - МВР интензивно трага по убијците
Реакции: Брза акција ќе ги смири тензиите
Хорор во Скопје. Македонија во шок
Бебиња за 20.000 евра на црниот пазар
Признание од САД за учество на Македонија во мировните мисии
Самарас - Или чиста победа или нови избори
Жител од Црешево меѓу жртвите во синоќешното убиство кај Смилково
(ВИДЕО) Србин се заканува дека ќе ја минира холандската брана
Околу 800 новинари ќе известуваат за судскиот процес против Брејвик
Променливо време со повремен дожд
Министерот Попоски на безбедносен форум во Словачка
Неуспешен обид на Северна Кореја да лансира ракета
Велики петок - ден на жалост во христијанскиот свет
Петкратно убиство кај селото Смилковци
Се самоуби 73 годишен маж во Капиштец
Барање за одземање на имунитетот на Дора Бакојани
Од утре променливо време со врнежи од дожд и грмежи
СДСМ смета дека стопанството е пред целосен колапс
Папуљас до Иванов - Грција сака фер решение за името
Владиниот тим се враќа од Русија со нова инвестиција
Пешевски - Владата ќе процени кога да интервенира во цената на бензините
Расмусен - Повлекувањето од Авганистан постепено до 2014
Во Сирија стапи во сила прекин на огнот
Потпишана Спогодбата за соработка меѓу царините на Македонија и Азербејџан
Во Белград пронајдена украдената слика на Пол Сезан
Мексико и САД ги потресоа земјотреси
Акцијата „Детонатор“ ја здрма и Струга
Парламентарните избори во Грција ќе се одржат на 6 мај
Велигденски сообраќаен режим



Zuki Beljali, 12.04.2012 12:48:14
Bravos eve nekoj shto navistina ke ja kazhe realnosta i otozgora ke go tretiraat kako izdajnik i skandalozna osoba. A ustvari gledate i samite deka tie shto trebalo da bidat tamu voopshte gi nema i ne se zainteresirani osven da primaat premii i drugi povlastici. Bravo za gospogjata.
pile, 12.04.2012 13:19:47
Lidija Dimova e potpolno vo pravo dokolku sredstvata od spomenatite fondovi, pokraj razresuvanjeto na poranesniot direktor i somnezjot i nedorecenostite za nacinot za dodeluvanje na sredstvata od negova strana,istite se nameneti soglasno kampanjata koja oddi na televiziite, za dodeluvanje na stipendii za najdobri 100 zapisani studenti od opstestvenite nauki i 200 zapisani studenti od prirodnite nauki, na prestiznite svetski univerziteti.Takvo lihvarstvo i ucena pa ako sakate i ponizjuvanje na sopstveniot gragjanin nemalo i pretstavuva samo zloupotreba na sekoe ovlastuvanja, a ne pa i da se finansira od IPA fondovite.Sitna boranija pretstavuvaat lihvarite sirum drzjavata progonuvani od MVR i OJO, sporedeno so trostrukoto vrakanje na sredstavata potroseni namenski, od studentite dokolku se otkazjat od vrakanje za rabota vo R.Makedonija po zavrsuvanje na studiite,ili ucenata za rabota vo R.M. po dve godini za sekoja pominata godina na studii, bez garancii na visinata na platata.CORBA M
goce viena, 12.04.2012 14:03:09
Зар оваа му е сестра на поранешниот министер за здравство Димов,ако е така се ми е јасно!
Samo ja kazala vistinata, 12.04.2012 14:57:05
Zenata sao iskreno si ja kazala vistinata deka kaj nas IPA fondovite se trosat nenamenskji i na netranspoarenten nacin. A zosto ne bil pokanet oficijalen prestavnik zadolozen naza ovaj sektor od Makedonija. neka se zamislat i zamuckaat malku so glavata odgovornite lica.
stevo, 12.04.2012 15:12:32
od aspekt na vladata , baranjata na Dimova se zaprepastuvacki, no aspekt na graganite se normalni. Zosto pari od EU fondovite da odat vo privatni firmi i vo NGO na vmrovski puleni. Neli im e dosta sto kradat od budzetgot, pa uste i pari od Eu, da se slevaat vo nivni dzebovi. PAtem, sosema logicno e baranjketo zasto toa ke znaci parite od EU dogodina da odat za vmrovska kampanja. E dosta veke!
jovan, 12.04.2012 15:24:06
Drzavava e rastimuvan orkestar. Ne prestavuva koj kako stigne i koj kako saka. IPA fondovite vo Makedonija se posebna prikaska.
Mislenje, 12.04.2012 15:29:39
Za mene tuka nema nisto skandalozno. Ima doza na cinizam, ama simpaticen e i korespondira so relnosta. Ne e toa evrosong za koj patem ne znam zosto premnogu se potresuva ovaa istraumirana drzava.
Ana, 12.04.2012 15:53:22
Vo denesno vreme koga za sekoj nastan ima video, koe e besplatno dostapno na internet, zalosno e vesnik koj se ceni sebe si za profesionalen da iskopira tekst na drzavnata MIA i ednostavno da go objavi. Da go slusnevte videoto ke videvte deka gospogjata zboruva deka NIE SAMITE NE GI SAKAME parite i sporo i malku gi trosime! Da go cuevte toa ke znaevte deka skandalot e na drugata strana - vo drzavnata administracija i vladata koi trebaat kvalitetno, azurno i planski da gi planiraat i trosat tie pari.
dezinfoirmacii na MIA, 12.04.2012 16:14:57
Ovaa informacija sigurno e ispratena od noviot dopisnik na MIA vo Brisel, Boban Nonkovic. Zatoa treba da se primi so rezerva. Megju drugoto, sigurno vladata ne ja delegirala Dimova na sostanokot i zatoa zoshto bila ona a ne nekoj od vlasta, barajte krivica vo vladata.
FELIKS, 12.04.2012 17:45:41
Оваа индивидуа од невладиниот сектор која јавно призна да нејзината НВО е финансирана од Сорос се потруди следејќи го примерот на оние предходни панел дискутанти да ја оцрни сопствената земја на вчуденевидувањето на останатите присатни представници на балканските земји. Значи невероватна е омразата кон оваа власт на поедини експоненти на опозицијата а инсталирани по разни НВО па се осмелуваат да ја оцрнат сопствената земја.Значи по кој знае кој пат се докажува како точна тезата за поделбата на ,,издајници и патриоти,,.Можеби по повратокот во земјата ќе имаме изјава од типот на Б.Јовановски,,абе не сте ме разбрале јас се залагав за Македонија,,. Овдешниве коментатори и таа самата ги подцени и омаловажи и оние од Брисел да се неспособни,немаат појма и контрола врз трошењето на средствата на ИПА фондовите тука.
kole, 12.04.2012 17:57:01
Па можда е во право жената.........можда има информации за злоупотреба (очекувана) од власта......... па да ти дадат пари и да ми го истакниш на кровот на МНР Симеон Радев, значи вистина не заслужуваме..............Браво Димова!!?
Jana, 12.04.2012 17:58:14
Не ти е срам ма?
Obicen Graganin, 13.04.2012 02:01:20
steta e sto voopsto nekoj taka ja predstavuva makedonija bez razlika dali toa sto go kazalo e realno ili ne treba kako makedonski graganin da go stiti interesot na RM sekoja para dojdena od nadvor vo RM e za dorbo na site ziteli na Makedoniaj
branko, 13.04.2012 08:53:40
dali taa zena znae od kade izgreva sonceto i kakva e taa nevladina organizacija za koi iteresi raboti takvi se nevladinite interese ima interesi no ne za makedonija sramota ne e prvata ili prviot ima uste drugi suntavi prodadeni slugi za sitna para i nacijata ke ja prodade.
Gogisha, 13.04.2012 10:10:18
Duri i da e taka kako sto pisuva, a se somnevam, dali mora da se proglasi postapkata za skandalozna. Jasno e deka mora, za da moze potoa dezurni partiski svirkaci da ja proglasat za nepatriot, izdaica. A benzinot raste, spomenicite niknuvaat, skolite propagaat....
Димовска да се скрие од срам, 13.04.2012 10:12:20
Што се не финансира тој Сорос во Македонија. Какви ли не типови замаат пари за да ја оцрнат и растураат Македонија. Ми се гади веќе од таквите НВО. Голема срамота е за Македонија што има такво македонци кои за ситни пари се продаваат. Тоа никогаш не би го направил некој Грк. А колку пари тие извлекоа од ЕУ и за какви не глупости ги потрошија (украдоа).
Realna, 13.04.2012 10:15:31
Prvo informirajte se pa posle plukajte. Celiov tekst e od zbor do zbor od prilogot na dopisnickata na MIA koja go napravi prilogot za Sitel.Ne znam kade go viodvte Nonkovic.Lidija e vo pravo ama sme mizerni sto pred stranci otidovme da se plukame i kodosime.
Лјутви, 13.04.2012 10:16:32
Веста е тенденциозна и навредувачка. Погледнете го видеото и ќе видите дека нема ама баш ништо скандалозно во него. Димова тврди дела нема развоен план, дека нема административен капацитет, а истото и Теута Арифи го зборува. Понатаму, какво е тоа укинување на буџетска поддршка? Многу неписмено драги мои, ЕУ досега не давала буџетска поддршка и легитимно е да се бара и натаму така да остане, бидејќи доколку тоа се случи испаѓа дека признаваме дека не не бива. Штета што весник што најмногу го ценам се наложил на веста.
Rampe, 13.04.2012 10:41:04
Каква очајна глупост........несериозноста на весников нема крај!!!
Готвач, 13.04.2012 10:42:07
Ова е зготвено во вмровската кујна.На ваква јадица можат да се фатат само кленови како Феликс , Миле од Охрид и слични.Но жалосно е што „Утрински“ објавува без проверки текстови од МИА , особено од шутракот Нонковиќ!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ


  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |