08.04.2012, 12:01 Венизелос: Германија заработи 400 милиони евра на грчката криза
Поранешниот грчки министер за финансии Евангелос Венизелос ја нападна Германија дека на грчката криза заработела милиони евра.
Берлин даде најмногу пари за двата „пакета помош“ кои Грција ги доби од Европската унија и ММФ во вредност од околу 240 милиони евра. Но голем број Грци се незадоволни од острите мерки за штедење кои странските кредитори и го воведоа на Грција во замена за кредитите.
- Германскиот министер за финансии може да позајми пари за мала или никаква камата и потоа нам да ни ги позајми за поголема каматна стапка, вели Венизелос во интервју за весникот „Дер Шпигел“. Според неговата пресметка, на тој начин Германија во последните две години на Грција заработела дури 400 милиони евра.
Грција беше првата држава која на пазарот веќе не можеше да се задолжува, па мораше да побара помош од ЕУ и ММФ. Венизелос не ја исклучува можноста дека Грција ќе побара и трет пакет на помош.
- Сите држави-членки на еврозоната ни ветија дека ќе ја добиеме сета повторна помош додека повторно не добиеме пристап до приватните пари, рече Венизелос и дополни дека на сите држави кои и позајмиле пари на Грција истите ќе им бидат вратени и оти Грција ќе остане во заедничката валута.
- Сега сме во најкритичната фаза од спасувањето на државата, рече Венизелос, додавајќи дека играта не е се уште завршена и оти нацијата во моментов е на долг и тежок пат.
Венизелос изрази желба Грција повторно да стане симбол на надеж, професионализам и доверба.
|