05.04.2012, 12:55 Конектикат ја укинува смртната казна
Сенаторите во американската сојузна држава Конектикат, по долга дебата гласаа денеска за укинување на смртната казна, со што оваа држава ќе биде петта во САД, која во изминатите пет години ја укина смртната пресуда.
Одлуката, која сега треба да биде одобрена и во Долниот дом, ќе ја замени смртната казна со доживотен затвор без можност за вложување на жалба, но ќе овозможи извршување на смртна казна за 11 лица кои моментално чекаат за спроведување на таа одлука.
Долниот дом, кој како и Сенатот е под контрола на демократите, би требало да ја потврди одлуката и да ја упати до гувернерот Данел Мелој, кој ја поддржува оваа мерка и може да ја потпише многу брзо, така што може да влезе во сила следните денови.
- Денеска е драматичен и истоиски ден, изјави демократскиот сенатор Ерик Колмен.
Слична одлука на двата дома во Парламентот на Конектикат е отфрлена во 2009 година од тогашниот гувернер Џиди Рел.
Конектикат од повторното воведување на смртната казна во САД во 1976 година извршил само една егзекуција.
Во САД досега смртните казни ги укинаа Илиноис, Њу Џе��си, Њу Мексико и Њујорк, а поддршката за оваа одлука се зголемува и во Калифорнија.
|