04.04.2012, 15:04 Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер, најавуваат меторололозите во наредните денови под влијание на релативно топла и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Во недела и понеделник поради продор на постудена воздушна маса од север, времето ќе биде постудено со повремен дожд, засилен северен ветер, а на планините и со услови за снег.
|