05.04.2012, 10:05 Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Во состав на делегацијата на Конгресот се Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мек Дермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе прими делегација од Конгресот на Соединетите Американски Држави, која престојува во посета на Република Македонија. Во состав на делегацијата на Конгресот се Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим Мек Дермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли.
Дел од нив беа меѓу 54. конгресмени од редовите и на демократите и на републиканците, кои испратија писмо до претседателот Барак Обама во кое побараа од неговата администрација да осигура дека „НАТО конечно ќе и ја понуди на Република Македонија залужената формална покана да и се приклучи на Алијансата на Самитот во Чикаго“, што ќе се одржи на 20 и 21 мај годинава.
Конгресмените бараат од Обама да застане зад своите зборови упатени од Лисабонскиот самит на Алијансата во 2009 година дека „се радува на денот кога САД ќе и посакаат добредојде на Македонија во Алијансата и оти вратите на НАТО ќе оста��ат отворени за нови членки кои ќе ги постигнат неговите стандарди и кои можат да дадат значителен придонес кон безбедноста на сојузниците“.
|