31.03.2012, 18:52 Приведени 23 лица осомничени за насилство 
 Полицијата утрово приведе 23 лица во Виница и Кочани во рамки на акцијата „Детонатор“.
  Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски, постојат индиции дека лицата биле вмешани во повеќето нарушувања на јавниот ред и мир и инцидентите кои се случуваа во кочанско-виничкиот регион. 
  - Извршени се претреси во две дискотеки и два објекта на правни лица, но и во домовите на осомничените. При претресите досега се пронајдени поголем број пиштоли, муниција, безбол палки, сабји, ловечко оружје и поголема сума пари, информира Котевски.
  Приведените се доведени на информативни разговори во Полициска станица во Скопје.
  |