Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
01.04.2012, 19:49

Мое ќоше

Пораките на Нимиц

Ерол Ризаов

Колку време ќе изгуби Македонија за компромисот што ќе го направи порано или подоцна

Метју Нимиц на Македонската телевизија е вест на месецот. Самото јавно огласување на медијатор на ОН во дводецениски спор за името на Р. Македонија, кој речиси не мрднал од мртва точка, е факт доволен за возбуда и нова надеж. Пораките, пак, што притоа ни ги испрати Нимиц, колку и да се внимателно кажани, се повеќезначни и упатуваат на тоа дека е можно решение во догледно време меѓу Македонија и Грција за наметнатиот спор од јужниот сосед за нашето име. Познавачите на дипломатскиот јазик во многу суптилните и изнијансирани пораки на Нимиц ќе препознаат притисок и вешт обид да се прати точна информација до македонската јавност во наездата на разни дезинформации и невистини пласирани за домашна употреба. А некои ќе откријат дека Нимиц прави очајнички обид да се одржи процесот на преговори.

Она што ми го привлече вниманието се неколку посебно спакувани специјалитети на стариот лисец упатени директно до владите и до јавноста на двете соседни земји.

Нимиц како и секој медијатор бега од временска рамка и какви било предвидувања, но предупредува на штетите од изгубеното време. Тој и овојпат нагласува дека е многу важно ова прашање да биде од приоритет за двете влади. Очигледно Нимиц има сознание дека ова прашање не е најважно за двете влади. Грчката влада не крие дека спорот за името не е нејзин врвен приоритет. А македонската постојано тврди дека тоа е задача број еден, ама по нејзиниот ангажман тоа не се гледа. Втората порака која Нимиц ја испраќа до грчката и до македонската јавност, бидејќи двете влади добро ја знаат и ја чуле повеќе пати, е фактот дека за да се постигне договор и двете страни треба да ги разберат начините на размислување на другата страна и мора да има некакво приспособување. Овие зборови мора и приспособување се клучни и не значат ништо друго, туку двете страни да се најдат на половина пат и да направат конкретен компромис кој со години само вербално го ветуваат.

Метју Нимиц го објасни значењето и дострелите на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. Тоа толкување на Нимиц беше меко спуштање на земја на македонската страна, но и отварање очи на Грците дека не можат да мижат и да ја пикаат главата во песок по таквата судска одлука. Еве како тоа го објасни њујоршкиот адвокат: одлуката на Меѓународниот суд на правдата е многу важна и сите треба да ја сфатат многу сериозно, но кажа и тоа дека неговиот мандат е во рамките на ОН, што значи дека нема никаква улога ниту во хашкиот суд, ниту во НАТО.

Медијаторот Метју Нимиц е добро запознат со стравувањата на македонската јавност околу идентитетските прашања, јанsи и сомневања, кои имаат длабоки и трагични историски наслаги. Тоа се постојаните оспорувања од соседите на реалноста за постоење на македонскиот национален идентитет и на современиот македонски јазик. Тоа Нимиц го пегла со резолуциите на ОН и член 5 од Привремената спогодба каде што е нагласено дека треба да се постигне заедничко решение за името на земјата. Јасно алудирајќи дека таму нема идентитетски прашања. Но Нимиц ја спушта топката со свое лично согледување дека идентитетот го дефинираат самите луѓе, нагласувајќи дека тие мора да го почитуваат и идентитетот на другите луѓе особено на соседите. Она што Метју Нимиц од разбирливи причини не го кажа е фактот дека оваа определба не е остварлива додека Грците не ја напуштат црвената линија ерга омнес - за секоја употреба. Затоа Нимиц ги употреби првпат јавно термините мора и приспособување, основен предуслов соседите да постигнат компромисен договор.

Како најважно Нимиц ја издвојува неопходноста Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и на НАТО. Притоа повторно го употребува терминот мора тоа да биде најголем приоритет. Дали Нимиц наслушнал дека Македонија бара други алтернативи по други патишта. Такво нешто нема спомнато досега ниту еден релевантен политичар или институција во Македонија. Напротив сите тврдат дека освен евроатлански интеграции нема други алтернативи.

И конечно, главната поента на Нимиц е дека еден ден Македонија ќе биде членка на ЕУ и на НАТО и партнер на Грција. Поентата е во времето. Колку време ќе изгуби Македонија за компромисот што ќе го направи порано или подоцна. Што мислите вие?


Статијата е прочитана 2053 пати.

Испрати коментар



Енциклопедијата не е политички проект
Промена на имиња на училишта само со министерска дозвола
Тепачка за евтина бела техника
Иванов во Охрид се сретна со Кагаме
Замина мајсторот на архитектурата



Itar Pejo, 02.04.2012 00:23:48
Neka si kazuva Nimic sto saka, ama nie imeto ne go menuvame iako nikoj ne ni bara da go smenime. Istotaka ne doaga vo obzir da go menuvame identiteot koi sto so tolku maka ni go izgradija Nikola i Pasko poslednive nekolku godini.
Tanev, 02.04.2012 00:38:59
Грците не ја напуштат црвената линија ерга омнес Zoshto se plashite da pishite Makedonci? Samo ne pishite gragjani.
Zoran, 02.04.2012 00:56:32
Intervjuto e napraveno od Slobodan Tomic, red e da se kaze imeto na novinarot, kolku i da ne go sakate.
toso, 02.04.2012 05:14:00
Kako toa gospodine Rizaov mislite kolku vreme Makedonija ke izgubi za kompromisot sto ke go napravi porano ili podocna? A kade e Grcija, pa Makedonija ne go pravi sama kompromisot, razgovorot za razlikite okolu imeto e megju dvete drzavi. Grcija uslovuva so erga omnes, taa nisto ne gubi sporot da ne se resi uste ilada godini. Pa kako Makedonija da najde kom[rpomis ako Grcija ne popusta ni za milimetar od erga omnes koj za Makedoncite e apsolutno neprifatliv?
Raja, 02.04.2012 06:20:21
Erole ,zamislete deka Makedonija ima dokazi ,deka e izvrsena likvidacija na bivsiot pretsedatel ,Boris Trajkovski ,i dokazite gi objavat javno ,so ime i prezime i adresa na naracatelot i izvrsitelot? Eu so SAD,ke napravat se ,za da toa ne se sluci!!!!,togas,problemot so imeto ,bi bil mnogu polesno resliv,jas taka mislam Nikoj od EU ili SAD,dosega ,ne gi demantiraa izjavite na advokatot!!!!!
pameten, 02.04.2012 06:58:37
Grcija odamna kje se odkazhashe od Erga Omnes ako ne beshe antikvizacijata. Ako nashata crvena linija beshe deka sme Makedonci, iako da nemame vrska so Antichkite Makedonci dosega celiot megjunaroden pritisok kje beshe vrz Grcija da se soochi so realnostite! No po vremenata upotreba na sonceto od Virgina (koe shto nikoj ne go videl do 1976) i posebno po izgradbata na Vojnot na koj i t.n. shansite za ovo se izgubeni. Sekako ima potreba ne od kompromis, toku od katarzis - prifakjaneto na identitetot na sosedot, no i soochuvaneje so vistinskata istorija.
Janakiev Nikola, 02.04.2012 06:59:07
2.4.2012god.Kole Erol dosta so tvojto VEZENE sami da mename ime.
Alter Ego, 02.04.2012 08:00:46
Se soglasuvam so gorenapishanoto i site toa go znaeme no ne gledam reshenie?! Mozebi jas propustiv nesto vo tekstot no ne gledam kako toa bi se resilo. Erole, site znaeme kako ne treba, dali znaeme kako treba? Ke dobies li garancija od Grcite deka momentot koga ke se dodade pridavka na Makedonija nikoj nema da bara intervencija i vo identitetot, jazikot, kulturata? Prikaznata deka se pregovara samo za imeto e apsolutna nevisitna. Da bese taka nie ke bevme vo NATO uste vo Bukuresht (iako toj predlog za ime bese najlosiot mozen predlog, R. Makedonija-Skopje (alo so koj pamet?!).
do koga vaka duri se mozi, 02.04.2012 08:15:33
Edno isto pa isto zosto tolku se nerviras misli na srceto kucinjata lajat karavanot si vrvi.........
nato-jato, 02.04.2012 09:17:17
Toso Grcije e tamu (vo EU i NATO) , niv ne im se brza , tuku nie treba da brzame zosto cuvajki go imeto so patriotive kje ni otide drzavata...
nacional-patriot, 02.04.2012 09:19:14
Pregovorite se odamna propadnati.Megju redovi od interjuto na Nimic se cita toa.I pred ova intervju jasno bese deka pregovorite se propadnati.Toa e javna tajna.No Erole,ti si nekako kontradiktoren.Sakas Atina da gi napusti crvenite linii,a ne znaes dali ke gi napusti,a pisuvas i deka prasnje na vreme e koga Makedonija ke prifati kompromis.Bidejki Atina nikogas nema da se otkaze od crvenite linii,znaci deka ti se prasuvas kolku vreme treba da pomine dodeka Makedonija gi prifati atinskite crveni linii.Makedonija i Makedoncite nikogas nema da gi prifatat tie linii i nema da prifatat niakakva dodavka,ni pridavka za imeto na drzavata.Tocno e Erole deka poentata e vremeto.Ama vremeto na traenje na Nimic kako medijator,odnosno kolku vreme ke pomine dodeka Nimic si se smiluva na samiot sebe i da prestane da se obiduva da rusi zid so glava i kolku vreme ke pomine dodeka Nimic ne si podnese ostavka.Porano ili pokasno ostavka ke si podnese.Porano ili pokasno ke si go priznae negoviot licen neuspe
Антички Македонци ама Грци во Грција непостојат, 02.04.2012 09:26:01
Има Македонци. Тоа се нашие Македонци. Исти такви какви има и во Бугарија Албанија и светот.Антиквизација прави Грција а лаже. Затоа што во Грција не постои ниту еден човек антички Македонец ама Грк. Значи вие што тврдите дека ние не сме поврзани со античките треба да докажете кои Грци се антички Македонци ама Грци. А такви не постојат. А вистинските Македонци не се признати во ЕУ и Нато членкиве. Значи ние треба потпис да удриме дека над нас не е извршен егзодус геноцид фашизам и присилна асимилација. Односно самото непочитување на моето македонско име и јазик е фашизам. И немам намера таков потпис да ставам независно колку сакал некој да се интегрира а не му е важно достоинството на македонскиот народ. И со нерешено губи македонскиот народ е главниот проблем.
Kade e sredinata ?, 02.04.2012 10:09:03
Porakite od Nimic se iskazani so vozdrzan diplomatski recnik. ako se cita medju redovi i Nimic se somneva vo uspesnost na istite bes silen angazman na golemite sili. Zboruva za nekako\vo sretnuvanje na sredina, no i toj samiot znae deka sekoja strana ja gleda taa sredina vo druga tocka. Dobro e sto izjavi deka treba da se zboiruva za imeto bez mesanje na identitetot. a onaj komentator Raja navistina ne mozam da go svatam. Demek imame sigurni dokazi za atentat vrz Trajkovski, ama SAD ne dozvoluva da se objavat a i polesno ce se reselo prasanjeto so imeto. pa trajkovski bese amerikanski covek i rabotese pod nivni diktat, a sega nekoj saka da go prestavi kako golem branitel na imeto. ?!
od ostrijot, 02.04.2012 10:17:38
da nimec e vo pravo eden den makedonija kebide clenka isto e sigurno oti babata eden den kebide dedo.
Самоил, 02.04.2012 14:37:44
Дали ние, денешниве Македонци, сме свесни зошто има толку различни археолошки остатоци (антички, ..., словенски ...) на оваа ветрометина на која имаме држава заради сплет на некакви случајности во наша корист. Што се случило со оние кои биле на оваа територија, а не се ниту антички македонци ниту словени ниту ... ? Како ќе не ценат идните археолози кои ќе наидат на нашите „останки“ ? По нашите културни, економски или остварувања од друг вид ? (пр. Спомениците од Скопје 2014) Неминовно е дека ќе не ценат по се. Само прашање е дали тоа ќе бидат нашите потомци или некои други кои ќе не проучуваат како „некои“ кои не знаеле или не можеле да се прилагодат кон условите во кои живееле.
za pameten, 02.04.2012 15:54:33
Za pameten Nemozheme da slushame poraki od drugi lugje. Makedonecot na nikogo vo svetot ne mu smeta. Makedonija mu dava prava i sloboda na site malcinstva a so komshite nee taka. Zoshto Makedonija treba da popushti za sé? Nie nemozheme da bideme nishto drugo osven makedonci. Toa sto baraat grcite , pa ni mafijashi ne go baraat. Nema nikakvo menuvanje na ime. I Risaov Erol da si go znae toa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |