01.04.2012, 19:47 Тепачка за евтина бела техника
Големите попусти што ги најави „Нептун“ при отворањето на новиот салон до трговскиот „Мр. Бриколаж“, минатиот викенд, им донесе толку многу граѓани, што подоцна не знаеја што да прават, па мораа да го затворат салонот. Многуте посетители, мотивирани од најавените попусти, во моментот н�� отворањето на вратите наеднаш се обиделе да влезат во салонот при што неколку потенцијални купувачи биле соборени на земја и повредени од толпата. (Ек.Р.)
|