04.04.2012, 18:39 Мое ќоше
Од чија партија се криминалците
Ерол Ризаов
Патриотизмот е последното скривалиште на мафијата
Криминалците од сите вери и нации имаат само една партија и една идеологија - парите. Најголемите од нив, секогаш ја бараат заштитата на политиката. Кога во тоа ќе успеат, таа заедничка работа на гангстерите и власта се вика организиран криминал. Кога пак криминалците ќе влезат во политиката и ќе се докопаат до власта тогаш тие си имаат и своја држава. Што мислите дали во Македонија мафијата има своја држава, или државата како и многу други си има своја мафија против која се бори, ама очигледно притоа бајаги забошотува. Некој горе постојано ја држи високо крената рачната кочница.
Јас мислам дека во прашање е ова второто со сериозна закана криминалците во Македонија да добијат и своја држава. Полициската акција „детонатор“ во Кочани, Виница и Крива Паланака вообичаено кај нас и за нас, отвори стара крајно глупава полемика: од чија партија се криминалците и насилниците. Ова јалово меѓупартиско врескање обично завршува со пребројување башка башка на вмровските и на сдсмовскитте ајдуци и арамии од оние на албанските партии со силни меѓусебни напади кој бил поголем крадец и кој прв почнал да краде и тепа. Се пенават до бесвест партиските војници и десни и леви преку парламентарни дебати, своите медиуми и преку социјалните мрежи да не' убедат дека сме ќорави при очи и дека не го гледаме тоа што секој ден го гледаме на очиглед на целата јавност. Колку е повидлива анархијата, хаосот и отсуството на правната држава, толку викотниците: држте го крадецот се поголеми. Насилието врз сите сетила на луѓето со груба, агресивна и валкана пропаганда не може да ги прикрие последиците од бандите што со години маршираат низ Македонија и предизвикуваат страв и трепет кај граѓаните. Затоа партиските штабови лиферуваат мобилизирачки соопштенија и куп дезинформации. Бадијала, трагите како на снег убаво се гледаат.
Главното прашање кои се причините за процутот на сите видови кримнинал во Македонија секогаш останува во истата фиока каде што е и одговорот. Имаше обиди на почетокот на транзицијата кога се појавија првите насилства под закрила на политиката, „Хард Рок“ и таканаречните диско тепачки, ова да се прикаже како производ на новото време и како колатерална штета на демократијата, што секако е многу погрешно бидејќи како одминуваше времето се покажа дека станува збор за непречен развој на криминалот. Институциите на системот и правната држава станаа немоќни посматрачи на трагичните последици од суровата битка за освојување на власта. Спрегите на политиката и подземјето станаа јасно видливи и во секојдневниот живот. Луѓето ги гледаат своите сограѓани со јајчести и бричени глави секоја вечер на ТВ во близина на највисоките македонски државни и партиски функционери, па потоа ги гледаат по кафулињата како збираат арач.
Тепачките во Скопје од деведесеттите години наваму прераснаа во хорди и банди кои го тероризираат населението во целата држава. Убиствата, крвавите пресметки со калашникови, пиштоли и бомби, киднапирања, уцени, трговија со луѓе, изнудување и рекет, проституција, комар, лихварство,разбојништва.... се највносните деловни гранки во Македонија. Новите босови богати како кнезови веќе се издвојуваат од уличната багра, се преоблекуваат во нови костуми и ги легализираат своите бизниси во други озаконети форми . Сега ним уличните бандити им се нелојална конкуренција и им е потребна помош на правната држава. Веќе се на добар пат да ја предводат новата македонска олигархија која од класични чорбаџии прераснува во агресивни бизнисмени кои уриваат се' пред себе со своите пари и моќ.
Акцијата на полицијата во Кочани секако е за поздравување. Ако е тоа почеток на една многу посложена и потешка операција на пресметка со причините на процутот на криминалот во Македонија тогаш тоа е навистина голема работа. Тоа би бил вистински почеток за инсталирање на правната држава што, се разбира, најмалку е работа само на полицијата. Дали е така многу бргу ќе се види ако се симнат ембаргата за апсења во повисоките ешалони на власта. Ако пак е селективна и спектакуларна диско и турбо фолк парада какви што веќе сме виделе тоа ќе биде само уште една тажна транзициска приказна без епилог. Ќе се вратиме каде што бевме. Во последното скривалиште на мафијата. Патриотизмот. |
|
Статијата е прочитана 2782 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.04.2012 00:48:40 | Kriminalcite odamna ja imaat ovaa drzava vo privatna sopstvenost.Prasanje e samo koj e glavniot, ili kako sto i samiot Rizaov napisal, do koj esalon nagore ke se odi.Ovie sega spektakli se nasoceni kon apsenje na najniskite ulicni esaloni.Toa koj od koja partija e, zaboravete. Stom Zingo stana *lev desnicar*jasno e kolku im stalo do ideologija i partija i na drugite a, pogotovo pa na kriminalcite .Nivna e drzavava i site partii, bas im e gajle dali ke gi napisat kako SDSMovci ili VMROvci. Nam obicnite samo ni ostanuva da se nadevame deka ovie apsenja kako vo Kocani(a ke ima ovaa godina eden kup takvi akcii)ke ni dadat nadez deka mozebi nesto zapocnuva da se rascistuva so kriminalnoto-politicko podzemje, i ako navistina se so cel da se sredi drzavava, togas narodot ova ke go podrzi bezrezervno.Ako e samo*spektakal*(licno sum skeptik)togas ke si gledame samo cirkuzi i ke si pisuvame prazni komentari. Pokraj ovoj moj skepticizam, potajno i gajam nekoja nadez deka mozebi nesto ke se promen |
| Realist, 05.04.2012 04:12:20 | Erole ,Orvel 1984 ,golemiot brat te nadbljuduva.Se e staveno pod kontrola ,formirano e, i obezbedeno glasacko telo,za dolgorocno vladeenje.Mediumite ,neistomislenici ,Golemiot brat gi demontira, a drugite se vo bolen strav,duri i iminjata ,im gi sepotat ,ili se plasat da im gi izgovorat.Sekoj sto im se sprotistavil ,ili kazal nesto za nasite vladeteli ,zavrsil mnogu loso.Si imaat metodi ,pa neli i toa im e zanaetot.Ili ke te izbrkaat od rabota ,ili ke im se izvinuvas od zatvor ,ili ke ti go pustat UJP,nema da znaes od kade ,ili koja institucija ,ke ti se navrti.
Vo Kolombija ,imase eden takov ,absoluten vladetel,nedopirliv ,Pablo Escobar,pravese bas sto sakase,se dodeka ,ne dobija Kolumbijcite pomos od Semoknite (Amerite),i se znae krajot.
Erole ,edinstven spas za nas ,se samo Amerikancite ,i toa ako se zainteresirani ,drugo e se densko sonuvanje! |
| Kocani e vrvot na santata mraz, 05.04.2012 05:56:37 | Kako sto i samiot zakljucuvas, kriminalcite od site veri i nacii imaat samo edna politicka ideologija- parite.Tie se sekogas povrzani so politickite mocnicite na koi im gi vrsat valkanite raboti, a za vozvrat dobivat debela zastita od vlasta. Eden takov kriminalec i osudenik , javno izjavi deka sekogas ce bide so vlasta. i eve go so tret mandat vo Parlamentot. No se mislam deka ova vo Kocani e samo vrvot na santata mraz, i deka azderot na organiziraniot kriminal vo sprega so vlasta se razvil do toj stepen sto ce bara ogromna volja i sila za da se kontrolira , a da se iskoreni e nemozno. A na onaa pratenicka cii maz bil eden od organiztorite na kriminalot , ako ima i malku sovest treba da si dade ostavka. Ne e mozno da ne znaela so sto se zanimaval nejziniot maz so koj go delela krevetot. Duri moze da se zeme i na odgovornost za sokrivanje na kriminalni dejstvija,VMRO ne si ja dava ,oti ete taa se gordeela sto mu sluguva na Gruevski i deli viski i kokain od magacinot na soprugot. |
| P.Petar, 05.04.2012 05:57:48 | Dokolku stanuva zbor za originalna DOMASNA mafija imame nekakvi sansi/teski/da se otarasime od niv. No dokolku tie imaat svoji popovi von Makedonija , koi si pijat kafence negde po beliot svet,togas borbata ke bide isklucitelno komplicirana bidejki ribata smrdi od glavata ,a glavata nigde ja nema!Mozebi e vo Kolumbija ,vo Moskva ili Vasington samo gospod znae.Kako i da e domasnata mafija e ZIVA i sekogas ke go upotrebuva praviloto PARITE /a sega i silata/zelezni vrati otvara! |
| Ace od Avstralija, 05.04.2012 06:02:47 | Samo kaj Erol Rizaov e ova vozmozno: Patriotizmot da bide posledno skrivaliste na mafijata. Vreme e za vo penzija Erole !!! |
| bitola, 05.04.2012 07:09:11 | erole nie imame lideri na kriminalni partii,a i sam gi znaes,eve jovan kazuva deka ovie fakale ulicni bandi,iako i vo vladata ima kriminal,drugite em sto go fatija samo amdi,znaeme i za sto[gol so peta]sega samo protestirat protiv akcite na mvr,iako celo Kocani i okolijata velat deka po akcijata podobro se disi,za kogo odrabotuva sds[bc]. |
| nato-jato, 05.04.2012 07:47:52 | Vcera ministerkata go prasuva na TV toj odkade se ovie avtomati kako stignale tuka i edniot veli preku Bugarija , a drugiot ne e vazno kako stignale vazno se nelegalni... I tie trojca kje se borat protiv mafija ma nemoj molim te cirkuz pavat za mediumi... |
| seirdzija, 05.04.2012 07:54:10 | Ne se slozuvam so tebe Erol vo delot kaj sto velis deka akcijata e za pozdravuvanje!Vlast koja so postavuvanje poslusnici i partiski vojnici go unisti sudstvoto i policijata nemoze da se bori sistemski protiv kriminal,a toj spored statistikata e zgolemen.Znaci se raboti za EPP akcija so cel lazno da se prikaze deka se raboti nesto.Nema tuka ni zborot za borba protiv organiziran kriminal.Licno mislam deka se raboti za prevzemanje na BIZNIS. |
| od ostrijot, 05.04.2012 08:25:19 | dali mafijata ima svoja drzava ili drzavata ima svoja mafija see isto samo edno e sigurno pravna drzava nesme. |
| девичанецот, 05.04.2012 08:48:46 | Криминалците можат да бидат само од Партијата на Криминалците.
Тој што ги штити нив, без разлика дали е Власт, или Опозиција,многу греши.
Пензионерот Б.Ц. тоа најмногу го осетува сега врз својот грб. Затоа народот не гласа за него.
Со каква совест, пратениците од СДСМ се собираа пред А1, или пак пред судовите?
Самите нека се замислат за тоа! |
| milan, 05.04.2012 09:05:36 | G-dine Erol Jankulovska da pocnese od glavata i jas ke glasav za nea iako ne sum simpatizer na nejzinata partija. No sto se slucuva, pocnaa od opaskata ama po se izgleda fintata nema da im uspee. Ubavo zabelezuva Jovan deka ke ima uste takvi hapsenja, za sobiranje izborni poeni. |
| pameten, 05.04.2012 10:01:09 | Vo sekoj socium site partii se isti vo ogled na korupcija i kriminal. Nema levi i desni danditi. Nivoto na korupcija zavisi od opshtestvenata kohezija, koja vo Makedonija se razpagja. Gradena so deceni od policajci i kodoshi taa ne mozhe prekonokj da transformira vo gragjanski sozhivot. A patriotizmot e sekogash posledno skrivalishte na mafiata, na oligarhijata, na diktatorite, na site koi shto go prekrshile zakonot... |
| До Аце од Австралија, 05.04.2012 10:22:02 | Кај си бе Аце, нигде те немаше долго време. Пак се појави. Да не ближат избори. И требаш на партијата.
За „патриотизмот како последно прибежиште на криминалците,“ многу е пишувано во цела Европа, и особено на Балканот. Значајни анализи од големи автори се објавени на оваа тема. Аце, треба да читаш малку не биди прост војник. Има и други книги освен „Силјан штркот“, а кој знае дали и таа си ја прочитал |
| hmmm, 05.04.2012 10:28:50 | se sekava li nekoj na Dilaver Bojku?
Nekogassen bos na prostitucijata ili segasen ugleden hotelier? |
| Трпе, 05.04.2012 10:33:17 | Ова што се превзема со овие акци,може да се наречат бал под маски или замајување на просечниот граганин.Ова власт ,владее веќе 6 години па нормално е и под чија контрола слободно работеле, овие рекетари и криминалци.Власта имала голем интерес од овие луге.Но тоа ти е исто кога гоиш некој звер,тој толку многу се појачува што на крај го губиш од контрола.Добро е познато дека криминалците не ги интересира партија ниту пак нација,ним им е важно кој е на власт.Вакви луге на власта им се потребни за спонзорирање и заплашување на народот за одржување на власта.Некаде овие ги нарекуват мафијаши.А нивниот центар е многу познат.Се согласувам и со ова дека во секоја земја има мафии а кај нас мафијата си има држава.Тоа е поради тоа што сме мали. |
| Коки, 05.04.2012 10:40:05 | До Аце од Австралија:
Се надевам дека ќе го разбереш: Patriotism is the last refuge of a scoundrel: Samuel Johnson
Или со македонски зборови, „ако не те бива за ништо најлесно е да се скриеш зад патриотизмот. Никој нема да те second guess за на мира да си пљачкаш, убиваш, ...“.
За жал најголем дел од „Патриотите“ се всушност пљачкаши. |
| @девичанецот, 05.04.2012 10:57:08 | Felix? te nema nesto :-)
|
| elena, 05.04.2012 11:18:29 | Od kade dogja|a toa ? Od prirodnata rasipanost na coveckiot rod. Ako ne postoese toa, nie ce bevme celosno pravedni, pa vo sekoja rasprava ce ja iznesuvavme samo vistinata, ne vodejci pritoa griza dali ce odi toa vo prilog na naseto prethodno mislewe ili na misleweto na drugiot. Vrodenata sueta, koja e isklucitelno razdrazliva koga e vo prasawe intelektot, ne dozvoluva toa sto sme go kazale prvicno da se pokaze kako pogresno, a toa sto go kazal protivnikot da se pokaze kako pravilno. Spored ova, sekoj bi trebalo da se potrudi da sudi, i toa vo nitu eden slucaj poinaku, osven pravilno. Pa zatoa prvo bi trebalo da misli, a potoa da zboruva. Megjutoa, najcesto zaedno so suetata odat zborlivosta i vrodenata necesnost. Lugjeto zboruvaat pred da razmislat. A tokmu toa go pravite vo vasiot napis, odite do edno nivo i potoa pravite zaokret nazad i pak ste na pocetok. Nemate izdrzana kriticnost, ednostavno drzite strana, koja kazete vi esto napravi, sto ostavi zad sebe vidlivo ili vo sferata n |
| ФЕЛИКС, 05.04.2012 13:05:32 | По соодветен наслов би бил,,дали партиите од сите провиненции се имуни од влијанието на криминалците,,Одговорот го знаат сите,и тоа е веќе бајата опсервација. |
| ad makednka vo u.s.a., 05.04.2012 13:24:47 | do ace jas mnogy bef nasekirana zatebe deka te nemase da istresis nekoja zelena ali tise javi mi olesna a do vas devicaneco da bese brannko povrzan sega vie silnite ke go obesevte na plostado samo e posilnio xitler a ova e samo mackane na ocite so med za damy gi zalepa ocite da ne gleda narodo |
| pero negotino, 05.04.2012 18:58:13 | Eпа шкартот роба без разлика од која партија се треба реално да им се застане на патот.Поздрав до министерката Јанкуловска.Сами гледаме дека кога е во прашање криминал нема протекција и на Ерол пак не му е погодено... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|