01.04.2012, 19:48 Промена на имиња на училишта само со министерска дозвола
Охрид - Без согласност од Министерството за образование и наука, не може да се променат имиња на училишта во општини каде што албанското население е доминантно, изјави викендов во Охрид министерот за образование Панче Кралев. Тој признава дека во изминатиот период голем број училишта во Македонија контину��рано вршеле промени на своите статути и ги доставувале до Министерството.
„Тоа е една процедура која подлежи на проверки во рамките на Министерството, во однос на степенот до кој се испочитувани ресорните закони, во овој случај законот за основно или средно образование. За да може да се променат имињата на училиштата во Чаир, потребно е да се провери колку е испочитувана законската процедура. Општина Чаир се' уште нема добиено таква верификација, така што во овој момент не е можно да се променат имињата“, појасни Кралев. (В.М.) |