03.04.2012, 01:21 Вооружен маж уби најмалку седуммина во американски колеџ
Маж отвори оган кон приватно училиште во Оукланд, во Калифорнија
Вооружен маж отвори оган кон приватно училиште во Оукланд, во сојузната американска држава Калифорнија.
Полицијата соопшти дека во нападот има најмалку седум жртви и многу ранети.
- Има многу жртви во нападот, на местото пристигна екипа на брзата помош, соопшти полицијата.
Напаѓачот, азијат на околу 40 години, речиси два часа талкал додека не влегол во еден супермаркет и признал дека убил луѓе. |