Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
01.04.2012, 19:41

Контрола, а не забрана за откуп на железо

Доколку забраната не се скрати, 2.500 вработени ќе станат без работа, а ќе бидат загрозени 40.000 лица од најниските социјални слоеви

Да не се забранува откупот на отпад меѓу фирмите и да се зајакнат контролите при извоз на старото железо, бараат фирмите кои се занимаваат со откуп на отпадно железо. Инспекц��јата од Министерството за животна средина, да ги прегледа сите отпади низ државата и да ги затвори оние каде што ќе се открие краден отпад. Од Асоцијацијата не се против одлуката за привремена забрана за откуп на отпадно железо од физички лица, но реагираат на временскиот период од 6 месеци што го сметаат за предолг.

„Доколку периодот не се скрати на 15 или 30 дена, во кој би бил ограничен само откупот од физички лица, а не и прометот меѓу фирмите и извозот, сите откупувачки компании ќе колабираат. Тоа ќе значи дека 2.500 вработени ќе станат технолошки вишок, а 40.000 лица од најдолните социјални слоеви кои секојдневно ги чистат депониите од отпадното железо, ќе останат без минималниот приход“, вели Владо Момировски од Асоцијацијата. Овој период, смета тој, е доволен за да бидат предложени конкретни мерки, како во иднина да се организира откупот на отпадно железо.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми смета дека треба да остане на сила забраната и оти обидите со разни измени и дополнувања на Законот да воведе систем за пријавување и за намалување на кражбите на железо, пропаднале бидејќи не наишле на соработка со операторите и морало да воведат забрана.

Во Асоцијацијата сметаат дека железото што останува во технолошкиот процес во компаниите не ги содржи спорните парчиња отпад како делови од железничките пруги или капаците од уличните шахти. За нив е беспредметно да се стопираат производните процеси во голем број компании кои користат токму отпадно железо и да се направи штета многу поголема отколку вредноста на старото железо откупено од физички лица. „Во мојата компанија само 20 отсто е отпад откупен од физички лица, а 80 отсто отпад од технолошки процес, кој од една оди во друга фабрика, а кај нас само се селектира и се прераспределува. Во него нема делови од отпад кои и со закон се забранети да се препродаваат, предмети од општо добро или со чија кражба се загрозува безбедноста на луѓето“, вели Момировски. Тој во името на сите членки на Асоцијацијата ги повика инспекторите да ги посетат сите 200 активни отпади низ државата и да направат детални контроли. Потенцира дека при откупот се води детална евиденција за продавачот и отпадот, а сите отпади се покриени и со видеонадзор. Момировски вели дека доколку извозот биде забранет во следните 6 месеци, штетата ќе достигне и до 10 милиони евра. Поради тоа предлага строги контроли на извозниот материјал, а потврдата од надлежните инспектори да биде задолжителен документ при излезот на отпадното железо од државата. (С.Н.)


Статијата е прочитана 580 пати.

Испрати коментар



Заврши процесот на денационализација
Муакетов ги подучува младите на лидерство
Годинава се живее полошо од лани
Политички молк за маневрите на „Топлификација“



Istocna Makedonija, 02.04.2012 10:41:35
Ako ne mozes nesto da izgradis,togas srusi.Ako se praveni malverzacii so otkupot na staro zelezo neka stradaat i iladnici drugi luge,koi vadat korka leb od ova!
Шахтов, 02.04.2012 14:03:43
Владата да ги субвенционира шахтите, ромокоп��те да купуваат нови шахти со субвенција па да му ги продаваат на Минчошима како старо железо, ем волкот дебел ем овците овци.
prlep, 02.04.2012 17:02:16
ne im idi umot na ovie sto nosat takvi odluki.povece pati se noseni vakvi odluki , ne vodejki smetka za drugi. treba da se sposobni da se spravat so kradcite ama i so tie sto im gledaat niz prsti/otkupuvacite/
LINA, 02.04.2012 17:15:36
FALA MU NA BOGA , NA KRAJ SE OSVESTIJA EEKA TREBA DA PREVZEMAT NESTO. DOBRO ZNAAT SOPSTVENICITE NA OTKUPNITE CENTRI SO ZELEZO OTKUPUVAAT. I SEGA POCNAT DA KUKAT.STETA ZA LUGJETO SO NASTRADAA VO UKRADENITE SAHTI, A STETA I ZA SITE STO NASTRADAA MATEIJALNO, SEKOJ OD NAS E OSTETEN SO KRAZBATA NA STARO ZELEZO . A OD OVA LUDILO KE OSTANAT TRAGI USTE KOJZNAE KOLKU GODINI , ZATOA STO SITE SAHTI SE ISPOKRADENI. A STO E NAJLOSO , NIKOJ OD KRADCITE NE SE KAZNUVAAT, ZATOA STO POLICIJATA IMA VRZANI RACE I NE SMEAT DA GI KAZNAT KRADCITE .ZATOA JA POZDRAVUVAM OVAA AKCIJA , DA SE ZABRANI ZASEKOGAS OVOJ BIZNIS A I AKO MORA , TREBA DA SE ZNAE KOJ SO OTKUPUVA .NEKA IMA GOLEMA ODGOVORNOST.
За се има начин, 02.04.2012 19:55:03
Ова е ригорозна мерка затоа што полицијата ја мрзи да работи. Кога ќе пријавиш кражба тие не се поместуваат да одат да проверат по отпадите, немало докази. Па зошто тогаш трошам време да пријавувам. А за отпадите е лесно, секој што ќе продава старо железо да се запише лична карта па ако е крадено веднаш ќе се има кривецот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Петок
Обилни врнежи
Макс: 23°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |