Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Свет
01.06.2012, 17:45

Каде е Џорџ Буш?

Како претседателот кој служеше два мандата стана тивок човек во американската политика

Кога Чад Дрејпер заврши со јадењето пржена риба во градината на својата баба во предградието на Далас во почетокот на годинава, излезе да се прошета со пријателите и роднините кои наскоро ќе ги остави за да замине за Авганистан. Кога стигнаа до бројот 10141 во внимателно уредената слепа улица во Пренстон Халоу, војникот Драјпер подзастана и фрли поглед кон домот на човекот кој пред една деценија ја почна војната во која тој наскоро ќе се вклучи.

И Џорџ Буш го погледна него. Забележувајќи ја униформата на војникот Дрејпер, Буш излезе и му стави рака на рамото на 26-годишниот воен извидник за да се фотографираат. „Ти благодарам за твојата служба“, рече тој, посакувајќи му се' најдобро на неговата тура во Авганистан.

Тоа беше вообичаено социјален гест од 65-годишниот сосед . „Тој секогаш застанува за да мавне“, вели Моли Вилбиг (87).

Во четвртокот Буш се врати во Белата куќа за откривање на својот официјален портрет како мирен човек на американската политика - помалку забележаниот 43. претседател, чии одлуки за војна, даноци и трошоци надвиснуваат над секојдневниот живот во Америка иако тој е отсутен од годинашната кампања за функцијата што ја извршува осум години.

Посетата, само втора откако пред 40 месеци замина од таа функција со рекордно низок рејтинг од 22 отсто, се заканува да ги потсети гласачите на уште понесреќни времиња, фрлајќи сенка врз триумфот на Мит Ромни, кој конечно обезбеди 1.144 делегати потребни да освои номинација до републиканците за да му се спротивстави на Барак Обама на ноемвриските избори.

Додека поддршката од други големи ѕверки како што е Џон Мекејн што се случи во услови на многу фанфари, долгоочекуваното кимање со главата на Буш во почетокот на овој месец доби форма на само четири збора – „Јас сум за Мит Ромни“ – му довикна на еден новинар преку затворената врата на лифтот.

Неговиот молк е во остра спротивност со неговиот претходник Бил Клинтон кој веќе води енергична кампања за Обама, па дури и со неговиот релативно тивок татко, Џорџ. Х.В. Буш, кој позираше за фотографирање со Ромни пред да му вети дека ќе поразговара со својот постар син.

Буш помладиот инсистираше на тоа дека стои подалеку од кавгата од почит кон неговиот наследник. Сепак, кога Обама почна да приговара дека наследил „голем метеж“ и се' уште се обидува да расчисти, поранешните советници на Буш признаа дека фокусот на нивниот човек, исто така, претставува главоболка за Ромни, кој наместо тоа, треба да се сврти кон иднината. „Мислам дека луѓето ќе се согласат со Обама дека му оставија голем неред“, изјави Џон Болтон, амбасадор во ОН во времето на мандатот на Буш, за „Дејли телеграф“. „Тие не се расправаат за тоа, и тоа е причината зошто не му се исплаќа на Ромни да се расправа за тоа дали станува збор за голем или мал метеж“.

Неодамна спроведена анкета од страна на Си-Ен-Ен покажа дека 56 отсто од гласачите продолжуваат да го обвинуваат Буш и републиканците за тековните економски неволји во земјата, додека само 29 отсто ги обвинуваат Обама и демократите. Само Ричард Никсон имал понизок рејтинг од Буш во анкетата на „Галуп“ од последните осум претседатели во почетокот на оваа година.

Буш и неговата сопруга Лора преферираат да го поделат своето време меѓу нивниот ранч од 1.600 акри во Крафорд и резиденција од 1,3 милиони фунти во Далас, затворени зад црни железни безбедносни порти и стража на тајната служба.

Меѓу објавувањето на неговите мемоари, тивко заработувајќи 10 милиони фунти од промовирањето и надгледувајќи ја изградбата на неговиот претседателски центар во вредност од 192 милиони фунти и библиотека на околу 29 км оддалеченост, Буш ужива да се релаксира на игралиштето за голф направено веднаш со куќата во непосредна близина, што тој ја купи набрзина и потоа ја демолираше.

Тој честопати се среќава со старите пријатели кои живеат во непосредна близина, како Харолд Сајмонс, тајкун за титаниум кој неодамна отвори депонија за радиоактивен отпад на 1.300 акри во западниот дел на Тексас, и Том Хикс милијардерот од спортскиот сектор чија сопственост речиси го уништи ФК Ливерпул.

Додека госпоѓа Буш е домаќинка на забави со скара и добива стоечки овации во локалните трговски центри, господин Буш им праќа и-мејли на поранешните помошници од новиот „ајпад“, пос��чуваат пријателите. Двојката ужива во јадењето суфле од месо од рак во оближниот ресторанот „Рајс бр. 1“, каде што Буш го прими повикот од Обама кој му кажа дека Осама Бин Ладен е мртов.

По се' изгледа, тој не пропушта размена на мислења и искуства за градот од кој остана понастрана една третина од неговото претседателствување. „Всушност, ја најдов мојата слобода со напуштањето на Вашингтон“, изјави тој за време на говорот во почетокот на месецов. Таква е и неговата забелешка дека на ѕидот со значајни фотографии внатре во неговиот дом нема слики од Буш со светски лидери, туку такви со Зигфрид и Рој, забавувачи од Лас Вегас познати по нивните бели тигри.

Некои блиски пријатели се надеваат дека Буш ќе се врати во центарот на вниманието на јавноста со книгата, што треба да биде објавена во јули, изнесувајќи го во кратки црти планот за помагање на економскиот раст. Други посочуваат на работи надвор од оваа изборна кампања, како што е отворањето на неговиот претседателски центар во јули следната година, како негов момент на враќање.

„Посакувам тој да беше поотворен за прашањата што му се важни“, вели Боб Фу, пријател и водечки американски дисидент со кинеско потекло, кој помогна да се лансира „Фридом колекшн“, малку забележителна веб-страница на Буш, која имаше цел да ги промовира слободата и демократијата низ целиот свет. „Тој имаше микрофон и, секако, имаше сочувство“, вели Фу. „Тој рече дека ќе има. Тој ми кажа дека ќе направи многу повеќе во блиска иднина“. Но, засега „тој признава дека редот му е на некој друг“, вели Ендрју Кард, негов поранешен шеф на кабинетот во Белата куќа. „Тој ќе стори се' што е во негова моќ за иднината на земјата, а не за минатото“. Што би можело да значи многу повеќе време поминато во Тексас. (Телеграф)


Статијата е прочитана 2446 пати.

Испрати коментар



Што пишуваат весниците во светот
Млечниот Пат ќе се судри со Андромеда
Сирија оди кон граѓанска војна
Ирците го поддржаа фискалниот пакт на ЕУ
Јосиповиќ
Нема признавање на Косово и Метохија заради ЕУ
Ципрас како Робин Худ
Петмина ранети во северно Косово



„УТРИНСКИ ВЕСН��К“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |