30.01.2012, 18:31 Мислења
Кој ја убива македонштината
Слободан Најдовски
Потенцирањето дека е ова наш најголем успех не води никаде освен кон дисконтинуитет во постоењето на нашата држава
Ракометот беше во центарот на вниманието во земјите кои учествуваа на европското првенство што се одржа во соседна Србија. Во западноевропските држави акцентот беше ставен на спортскиот аспект на нивните репрезентации. За разлика од нив, во државите произлезени од поранешните југословенски републики во прв план излезе политиката. Доволно е да се споредат пишувањата на странските и балканските медиуми и да се види разликата. Во странскиот печат, речиси без исклучок, на спортските страници свои колумни пишуваа поранешни ракометари, тренери, спортски новинари. Тие ја коментираа играта на нивните репрезентации и на останатите учесници. Укажуваа на квалитетот на ракометната игра кој напредувал, кој е подобро подготвен на физичко или тактичко поле.
Балканските медиуми многу повеќе коментираа за политика, а играта беше во втор план. Србите и Хрватите преку ракометот се препукуваа за теми од меѓусебниот национален ривалитет.
А кај нас, во ракометното првенство многумина препознаа погоден терен за нови делби по патриотска линија и сатанизирање на политичкиот противник. Освен неколку изјави немаше ниту една колумна од поранешен ракометар, ракометен тренер или друг спортски работник која би се однесувал исклучиво на играта, растоварен од каква било политика. Една колумна на опозиционен политичар беше доволна ракометната игра да биде засенета, а во медиумите и на социјалните мрежи доминантни да станат дилемите кој и колку е национално освестен, на што се должи успехот на ракометарите, кој бил заслужен итн.
Кога е во прашање успехот на ракометарите, мал е бројот на заслужни во државава, а меѓу нив речиси и нема некој од постојната гарнитура на власт. Кога би се вршело некое рангирање на заслужните секако дека во прв ред се репрезентативците и нивните родители. Познавајќи многумина од нив лично, и како човек кој присуствувал на разговорите кога ги правеле првите чекори во поголеми клубови, знам низ кои голготи поминувале. Тренирале во тешки услови. Но, �� во таква состојба години наназад играа за македонски тимови против врвни европски екипи и не се предавале туку победувале. Победничкиот дух на поединци го познавам уште од втората половина на деведесеттите.
Покрај нив, секако, заслужни се голем број ракометари и тренери. Што се однесува на луѓето надвор од непосредните учесници во ракометната игра, списокот се сведува на неколкумина ентузијасти кои ги создаваа и одржуваа центрите на машкиот ракомет во Македонија. Тука, пред се', мислам на Силјан (Циле битолски), Баге и уште наколкумина во Пелистер, Михајло во Вардар, поединци од Богданци, Струга, Велес, а во поново Минчо со Металург. Со извинување на уште неколкумина, но тука завршува списокот на заслужните.
Имајќи предвид во какви материјални услови е постигнат успехот, ракометарите заслужуваат честитки. Но, тоа не значи дека не треба да се зборува за другите негативности што го следат ова првенство надвор од спортскиот терен.
Критиките упатени за политичката злоупотреба на ракометните натпревари од страна на владејачката структура во Македонија и нивното лепење на ракометниот успех не се критики упатени на ракометарите. Политичарите, пред се', се луѓе и многу од нив се вистински вљубеници на одредени спортови и нивната помош е добредојдена и неопходна за спортот. Но, тие се препознаваат за разлика од оние што глумат и за спорт помислуваат само кога се пред телевизиски камери. Не сум сигурен дека повеќето од оние што, заедно со премиерот, помеѓу два залака во битолскиот „Милениум“ се радуваа на головите на ракометарите знаеја на кој гол напаѓа нашата репрезентација. Многу од актуелниве политичари, што би рекле битолчани и кога во нивниот двор би имало спортски натпревар, тие ќе ги спуштаат пердињата на прозорците, a сега трчаат да се сликаат.
Таквите политичари и квазиљубители на спортот низ државата го искористија ракометот да не' поделат, што се гледа од нив��ите пишувања и говори. Двете основни тези на поедини претставници на власта и нивни подлизурковци беа дека ова е најголем успех во дваесетгодишната независност на државата и дека тоа е резултат на некој нов код кај Македонците. И двете тези се во правец да се сугерира дека успехот е резултат на оваа Влада и се' што е добро започнува со нив наспроти кочниците од опозиционерите и ,,уништувачите“ на патриотско-победнички дух на Македонецот. Овие тези ниту се наивни ниту се случајни. Двете тези водат кон натамошно раслојување на националното ткиво.
Потенцирањето дека е ова наш најголем успех не води никаде освен во поддршка на приврзаниците за дисконтинуитет во постоењето на нашата држава и во замаглување и потиснување на успесите од минатото во кое не учествувале денешниве преродбеници. Ова треба да ни сугерира дека од времето на Александар, со исклучок на некои светли датуми од Отоманската Империја, Македонците немаат поголем успех од овој на спортистите. Значи, преку грбот на ракометарите одредени политички кругови негираат многу достигања на Македонецот во минатото.
Во продолжение на претходно тврдење следува тезата за новиот код кај Македонецот кој се состои во подигнатото ниво на патриотизам или, поедноставно речено, македонштината кај играчите и кај навивачите. А, се разбира, за тоа е заслужна сегашната влада. Со кое право некој го негира патриотизмот на генерации пред нас. Со ваквото тврдење ги навредуваат и ракометарите дека дури сега станале патриоти и свесни за својата способност. Очигледно е дека застапниците на оваа теза никогаш досега не присуствувале на спортски натпревар и не ги гледале пожртвуваните игри на македонските ракометари, но и други спортисти и фанатичноста на навивачите.
Македонштината ниту започнала ниту ќе заврши со денешниве современици. Но, може некој постепено да ја убива. А ја убиваат сите што ги користат ракометот и успесите на останатите спортисти во Македонија за политичка манипулација. Ја убиваат оние што ги делат Македонците на оние што се гордеат со успехот и оние што, наводно, поради политика не можеле да прифатат успех на спортистите.
Во нивни стил би запрашал - кој е тој нивни код на македонштина ако ме тераат да бидам задоволен со петто место. Што им пречи ако мојот код на поимање на македонштината е настојување да се достигне прво место?
(Авторот е поранешен пратеник) |
|
Статијата е прочитана 4330 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 31.01.2012 00:18:23 | Nekoj na mnogu dobar nacin, pred se ja ismejuva Makedonstinata, a preku toa postepeno ja dvira i unistuva. Ovaa cirkuzijada sto ja gledavme so rakometarite, nivni docek na granica, zurli i tapani so orjentalen melos, e cisto majtapenje so Makedonstinata. Nema tuka nikakov patriotizam, nikakva Makedonstina. Toa bese cisto ismejavanje. Sto poskoro go svatime toa, tolku podobro, inaku i ponatamu nekoj centri od ovde, od vnatre, pod izgovor deka go jaknat patriotizmot i nacionalnata svest, vsusnost rabotat na nejzino dviranje i ismejavanje. Nema potreba da se prepukuvame, sekoj normalen znae i svaka sto e peto mesto, bez razlika kakvi rezultati sme imale vo minatoto. Peto mesto si e peto mesto, i tuka zavrsuva se. Im cestitam na rakometarite i za toa, no siguren sum deka i tie se svesni deka ova bese cudno i za niv samite. Pola od niv igraat po svetot i znaat sto znaci zlato, srebro, peto, sesto mesto i taka natamu, i kako seto toa sportski se proslavuva. |
| Za kogo?, 31.01.2012 00:48:39 | Konecno nekoj da kaze nesto razumno.
Pa znam deka mozeme poveke od ednoumie.
Za Makedonija |
| ofoof, 31.01.2012 00:57:15 | So sakase ustvari avtorot (Poranesen Pratenik) da kazi ?! |
| Marioec, 31.01.2012 02:17:24 | Koj ja ubiva Makedonstinata?
Odgovor.
Ti i slicnite kako tebe,negatori na se i sesto sto e Makedonsko.Barate problemi i tamu kaj sto netreba da gi barate.Namesto ednostavno da se raduvate so Narodot vie politizirate i koga netreba.Em ispokradovte se sto bese Narodno,em go obezlicivte istiot,em ne mu dozvoluvate ni da se raduva na malata sreca sto im ja pruzija Rakomrtarite i Kosarkarite.Nemislam samo na edna politicka opcija tuku site.DPMNE,SDSM,Liberali,Petkovski so covek partija,DUI,PDP i dr pomali partii . |
| B. Betinski, 31.01.2012 04:39:33 | Zboruvate za nekoj „nov kod“ na Makedonecot, ili neo-makedonstina, kod na sila, hrabrost i pobednicki duh kako posledica na nova efikasna vladina politika vo najnovo vreme, ili za socio-izenering koj doagja „od gore“. Ako e taka, zosto se slucuva samo vo nekoi sportovi, a ne vo site? Patem, zosto nema teniseri iako se gradat tolku teniski tereni mesto rakometni ili kosarkarski? I uste nesto: zosto nema takvi uspesi barem vo reginalno (za evropsko ne moze da stane ni zbor) vo oblasta na prakticniot zivot koj ja rangira RM na prvo mesto vo svetot po siromastija. Toj „nov kod“ е najobicna propagandna floskula (kolku drska tolku idiotska) kako sto so pravo zaklucuvate. |
| NAPRED NASHI, 31.01.2012 05:05:31 | Vo celost se soglasuvam so pogore napishanoto.No bi prasal zoshto Makednonshtinata ja pokazuvame samo na golemi natprevari.Bev svedok koga na nedogledna kolona od vozila koi dvizea pa avtopatot Bratstvo i Edinstvoda ja bodrat nashata reprezentacija vo sosednata zemja.Zoshto ne pokazeme Makedonshtina i edinstvo na domashnite sportski natprevari,tuku koga nashite klubovi igraat doma edvaj dali ima edvaj po 100 -tina luge od koi polovinata ne platile vleznica.Nashiot narod vo Makedonija teshko plaka vleznica po 50 Denari a potroshija najmalku po 3/400 evra .Poveketo platija da bi bodrele vistinski eden tim a ostanatite platija da bi imale alibi da gi proshetaat svoite shvalerki na navivachki vikend vo sosednata zemja.Pametam koga lugeto gi polnea sportskite sali i stadioni duri i za uchilishni turniri vo bilo koj sport bez razlika dali se osnovci ili srednoshkolci.A denes?Dodeka svetskite firmi plakaat sponzorstva da bi se reklamirale nashite vljubenici vo sportotkako sto gi navedivte |
| bb, 31.01.2012 08:48:53 | makedonstinata odi dotamu ,sto duri ,i brat ,sestra ili nekoj blizok svoj, te izbegnuvaat vo javnosta ili na vakvi sobiri, kako docekot na rakometarite .smetaat deka tebe ne ti e mestoto tamu toa e nivna zasluga(,nebare rakometarite se vmrovci)i ke gi obrukas pred brakata makedonci a moze i ke izgubat nekoja privilegija sto ja dobile otkako se prerodile i gi zaboravile svoite |
| teza, 31.01.2012 08:53:06 | tezata za koja pisuvate g-ne Najdovski sam ja pobivate so ovaa kolumna...i vie ste politicar a ne sportist i vie si gi koristite rakometarite da pisete nesto i da se presmetate.... |
| Леонид, 31.01.2012 08:57:00 | Главниот проблем на македонштината се вика СДС , тоа е партија составена од аморфна маса која неможе никако да се вклопи во националниот концепт. Нејзина движечка сила се мотивот за присвојување и приграбрување на себе и своите. |
| ФЕЛИКС, 31.01.2012 09:29:41 | Многу пречи кога по колумните колумнистите критикуваат за злоупотребата на политиката врз ракометниот успех,а всушност самите тоа го прават опишувајќи го односот на политичкиот опонент.Па така прво почнуваат со ,,браво за ракометарите,, за да продолжат со ,,политичарите од власта се залепија за ракометниот успех,,Нив им пречи тоа што премиерот и дел од владата искочи и ги поздрави ракометарите на пречекот на плоштадот.Нив не им пречи што токму нивниот лидер го нема никаде.Не се појави да честита на кошаркарите ниту на ракометарите.Единствено ќе ги удостои со неколку напишани фрази и толку.Неумеењето да заеднички се прослави спортскиот кошаркарско-ракометен успех е очигледно и политикантско.Живи ќе се изедат да двата успеха се во времето на оваа власт,место да искрено и сплотено со народот да искочат и ги поздрават спортистите.Нив повеќе им пречи ,,тарасата,, отколку се друго. |
| penzioner, 31.01.2012 11:01:43 | До мАРИОВЕС. алал ти правам акалот, што го имаш, вотебе го препознзвзм идниот народен пратени. ама сега појди во Струга и струшко, па трошиго твојот мањак на мозок. |
| Навивач, 31.01.2012 11:30:00 | Дајте вие политичарите престанете да се препукувате преку спортистите.! Јас не сакам ниту една партија ама гласав за Груевски само затоа што ја изгради Арената Филип Втори. |
| tihi, 31.01.2012 12:45:06 | Dosadni ste bre vishe.Alooo pushtete ne da dishime,ne go zagaduvajte vozduhot,koj e ionaka dovolno zagaden. |
| BitolaHamiltonCanada, 31.01.2012 14:34:40 | DO FELIX,
Tochno taka Felikse,mnogu preci koga sportot se politizira,koga sportskite pobedi se pretvoraat vo politicki pobedi na vladeackata partija.Tvojot omilen premier,sekogas brza,sportskite uspesi na Mkedonija,da gi pretvori od nacionalni uspesi na Makedonija,vo partiski uspesi na negovata VMRO.Taka bese so kosarkata,taka e so rakometot.Koga nacionalniot uspeh se pretvora vo partiski,togas i proslavata e ogranicena samo na partiska proslava.Tamu nema mesto za drugite,drugite ne se dobrodijdeni.Siguren sum Felikse,deka ne sakas SDSM da vi dojdi na vasa proslava.
Nekanet gostin zad vrata.
. |
| objektiven, 31.01.2012 17:01:30 | Uspehot na rakometnata reprezentacija e izvonrede n so ogled so gled na dosegasnite rezultati.
Megjutoa, za da se narece istoriski i se proslavi na takov nacin, treba da se postigne rezultat do tretoto mesto na OI, SP ili EP, i nisto pomalku.
|
| перо петров, 31.01.2012 20:34:39 | И тој *пратеникот* потпишан под колумната и сите други кои го коментираат напишаното од него, веројатно се сметаат за Македонци! Ако е така, тогаш треба да знаат дека употребуваат погрден, пежоративен, навредлив термин/придавка изведена од именката Македонија. Наместо нивната *македонштина* која сличи на *ѓаволштина*, на *итроштина*, на *патриотштина*, треба да се кажува и пишува МАКЕДОНСТВО! Тој термин/придавка нема негативен призвук и значење! Ако, пак, колумнистот имал спротивна намера - ја постигнал!!! А зошто коментаторите се повеле по него? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -5°C
Слаби снежни врнежи
|
Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|