30.01.2012, 17:39 Поглед
„Султани“ по инвеститори
Нина Нинеска-Фиданоска
Голема македонска свита замина да ја „освојува“ Турција. Ориентално роуд-шоу во државата што се смета за наш традиционален пријател, откако таквите рецепти за лов на инвеститори лани се испробаа по повеќе европски и азиски метрополи. Се леташе по светот, се промовираа нашите бизнис- поволности, ги убедуваа странските бизнисмени дека Македонија е оаза за вложување. Колку инвестиции дојдоа од таквата летечка бизнис-дипломатија, засега нема одговор.
Не треба многу да се прашува ни за тоа колку чинат овие инвестициски походи. „Едно роуд-шоу чини толку колку што треба“, изјави неодамна еден од министрите, додавајќи дека тој не е сметководител за да ги знае точните износи. Затоа од Владата се едногласни дека бенефитите од патувањата сигурно ќе бидат многу поголеми од трошоците за нивно организирање. Еве да веруваме. Можеби набргу навистина ќе „нападнат“ компаниите чии менаџери ги посетија нашите презентации по светот!
Но, некој ќе треба добро да се потруди за да објасни зошто во Турција на стартот отпатуваа дури девет министри, покрај премиерот, уште и засилени со двајца директори на агенции? Тие првиот ден присуствуваа само на деловната вечера во Истанбул, по што добар дел се вратија во земјава. Останаа неколку функционери заедно со премиерот да ги убедуваат Турците да инвестираат во Македонија. А да ги прашате повеќето од функционерите зошто беше неопходно нивното присуство на вечерата, тешко дека ќе дадат прецизен одговор.
И ова шоу ли ќе чини толку колку што треба, или, сепак, малку повеќе?
Досега не биле преголеми, ама во иднина турските инвестиции ќе нараснеле на 500 милиони долари. Ова е веста што стигна од турската држава, можеби како одговор на овие незгодни новинарски коментари. Но, што ако не биде така? |
|
Статијата е прочитана 1251 пати.
|
Испрати коментар
|
|
deko, 31.01.2012 00:45:41 | Abe Nince prasuvas kolku kosta demek trosok golem e i sl.a se praviz zelena i nedoodvetna sinki ne znaes deka da ne povtoruvam vo ovaa svetska kriza kolku e tesko skoro nevozmozno na ovoj mal pazar makedonski da doneses invenstitori.Prasuvas kolku kosta idenjeto na vladinata delegacija vo Turska a dobro znaes deka samo eden investitor da vleze vo MK site godisni troskovi za promocija na MK na godisno nivo ke gi pokrie.Ne znam od kade tolkava omraza za site onie sto sakaat da napravat nesto za drzavata.Pred da plukas po ovaa vlada objasni zasto sdsm 15g.na vlast samo spiese,se bogatese a za promocija,investicii,razvoj na MK NE SAKASE NI DA CUE. |
| Steta da propadnese vkusnata baklava, 31.01.2012 02:07:55 | Nina cudno prasanje. ? Zosto tolku ministri i plus dva direktori na agencii zaminale na vecera so premierot. , a posle pogolem del od niv se vratile nazad. Pa odgovoroit e ednostaven: Turcite ni se prijateli i se ljubezen i gostoljubiv narod , pa spremile visok na jadenje i plus baklava , pa staeta bilo istoto da propaden pa nasive otpatuvale , se navecerale i se vratile.I sto ima tuka cudno? I navistina e steta da propadne takvo ubavo jadenje i takva vkusna baklava , koga ene go Istambul na cekor od nas. |
| Tome, 31.01.2012 06:40:50 | Дури 9 министри и 2 директори - Аферим, нека трошат народни пари. |
| Декамерон, 31.01.2012 08:29:12 | Деко, многу се „трудите „ се испотепавте“ од работа ,а резултати нула!“ Тие другите што беа на власт 10 години (дванаесет на власт сте вие) , барем донесоа некоја инвестиција и добија кандидатски статус за ЕУ.Ве молам да не се трудите повеќе , колку повеќе работите , поголеми глупости правите. На здравје баклавата и тулумбите! |
| Но, што ако не биде така?, 31.01.2012 09:24:19 | Така завршува текстот. Јас би додал: „Затоа да си седиме дома и да чекаме некој да ни се смилува.....................“ |
| Do Deko, 31.01.2012 10:55:49 | Komentarov ti e domasna zadaca od Stabot ili mislis deka citat lugje so amnezija??? Dpmne e povece na Vlast od SDSM, Glavnite investicii gi donese SDSM a tvojata dpmne osven sto trosi milioni za stupidni spomenici, ne zadolzi za vek, ukrade i pljackosa se, ukina socijalna pomos a kriminalecot Milenko brka investicii vo Japan???? Alo covece, usul malku???? |
| Jove, 31.01.2012 11:06:15 | Odlicna statija,voobicaeno za Nina.Tup komentar na DEKO,voobicaen za eden vmrovec:kusogledost do stepen na zaslepenost,nepoznavanje do stpen na nepismenost,poltronerija do stepen na mizerija,podgotvenost da se jade i kamenja ama da se opravda i najglupavata postapka na svojot vozd a pritoa da ne se ispusti da se obvini nekoj drug za tie gluposti.E zaradi takvi patrioti ovaa zemja robuvala so iljadi godini,a prodolzuva i ponatamu... |
| Срамота е да се напаѓаат вакви добри работи, 31.01.2012 11:26:09 | Какво е ова „новинарство“? Ова ли е објективно новинарство? Па вие пишувате директно против интересите на Македонија!? Можно ли е во текстот да нема ниту еден пофален збор за заложбите на Груевски и Владата да донесат странски инвестиции во Македонија? Се потрошиле многу пари? Па како мислите вие да дојдат странците сами, а ние треба да си седиме тука и да ги чекаме? Како што правеше Црвенковски? |
| skp, 31.01.2012 12:08:20 | I po 100-ti pat : ne znaci ako nekoj ja kritikuva postapkata na Vladata avtomatski e antimakedonski i SDSM-ovski raspolozen !!! Aman luge, pa ne mi se veruva deka ako nekoj e simpatizer ili clen na partija mizi i samo slusa falbi si nosi rozovi ocila i si fura, a odvreme-navreme pluka po opozicijata. Ako partiski opradelenite smetaat deka ova e demokratija : pod hitno da ja naucite osnovnata lekcija za demokratija !!!! i, ovaq vazi za site, ne za opozicija ili vlast !!!! |
| Mudrec, 31.01.2012 12:12:32 | Prasanje do komentarite od stabot na SDS - koi investicii gi donese SDS? |
| BitolaHamiltonCanada, 31.01.2012 13:37:32 | SHTO AKO NE BIDE TAKA ?????
Investicii od 500 milioni dolari ne e lesno da se donesat samo so edno odenje. Zatoa,AKO NE BIDE TAKA,sultancevo nashe,ke si gi soberi agite i begovite negovi,i ke si odat ushte ednash,ushte dva pati,ushte...........kolku shto treba pati,za da NE BIDE TAKA,oti ako BIDE TAKA........NEMA POVEKE ODENJE. |
| ВЕЛЕШАНИН, 31.01.2012 14:40:31 | Груjо сака турскиот бизнес да му крепи режимот и он да си прави што сака со Македониja.Нема менуване на име ,нема НАТО, нема ЕУ.Ке ja урниса целата држава ама србомонштината ке е жива во Македониja. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Снег
|
Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|