Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
31.01.2012, 18:40

Реплики

Најсилната грчка амбасадорка

Соња Крамарска

Македонската дипломатија треба сериозно да го има предвид факторот Хафингтон на меѓународната сцена

Дипломатијата не се одвива секогаш по официјални канали, туку напротив, некогаш нејзините успешни формули се темелат на неконвенционални методи. Македонскиот политички врв, кој води „војна“ со Грција, малку знае за најмоќниот во моментов грчки амбасадор. Или подобро речено амбасадорка: Ариана Хафингтон-грчка американка, газдарица на Хафингтон Пост, во американските кругови познат и како гласило на Демократите. Нема прием или свечена вечера без неа. Каде е светската политичка и бизнис елита, таму е и таа. Нема настан од шоу бизнисот, а Ариана Хафингтон да не се врти таму.

Хафингтон (поранешно презиме Стасинопулос), бивша сопруга на поранешниот републикански конгресмен Мајкл Хафингтон, е Гркинка од глава до петици.Во ланскиот судски спор со неколку колумнисти од Хафингтон Пост, кои и бараат милионски суми да им плати за нивните колумни обвинувајќи ја дека им ја украла и профитирала од идејата за најпознатиот електронски весник, таа луцидно одговори: „Тие мислат дека со притисок ќе ми земат пари. Забораваат дека јас сум Гркинка“. Форбс ја стави на 12-тото место на листата на највлијателни жени во медиумите.

Дека е таа грчки глас на светската сцена покажа и последниот пример со Светскиот економски форум во Давос. Хафингтон побара во иднина тој форум да се одржува во нејзината татковина. На прашањето зошто бара Давос да се пресели во Грција кога швајцарското туристичко место го има потребниот сјај и гламур да ја угости светската елита, таа одговори: „Да, Давос има милијардери, но таму не можете да видите ниту една јахта“. Изјавата со денови се вртеше на Твитер и Фејсбук. Ариана направи успешен спој на неконвенционална дипломатија и женски шарм. Таа знае дека еден Давос може да ја врати Грција во игра побргу од било кој светски кредитор.

За разлика од Руперт Мардок кој мораше да инсталира телевизии и весници ширум светот за да биде признаен за цар во медиумскиот бизнис, Ариана Хафингтон расне во глобален бренд само со нејзиниот блог-весник-агрегатор The Huffington Post и негов��те ограноци во сите поголеми американски центри, и Канада, Велика Британија и Франција. Популарноста на адресата www.huffingtonpost.com се шири со светлосна брзина меѓу оние кои ги носат одлуките во САД.Тајната на Хафингтон Пост не е во широкиот таргет на публика, туку во прецизно таргетирање на оние кои ги носат најкрупните одлуки во Вашингтон и Њујорк. Погодувате, ниту еден прием или вечера во Белата Куќа не може да се одржи без присуството на Ариана Хафингтон.

Хафингтон е во редовен контакт со грчките премиери. Ако до пред шест години нејзиното име не значеше ништо во Атина, сега на шестгодишнината од Хафингтон Пост, таа е главната врска на грчките влади со светот. И посебно со САД. Минатата година, кога Ариана Хафингтон ја посети нејзината родна Атина, грчките медиуми известуваа за нејзината средба со премиерот Папандреу, како да се работи за највисок гостин од американската влада.

Што ќе прави Ариана Хафингтон ако нејзините омилени Демократи паднат од власт на изборите во ноември - прашуваат нејзините опоненти во САД. Па нема да биде крај на светот, можеби ќе престанат да доаѓаат покани од Белата Куќа, но ќе почнат да доаѓаат од Елисејската палата. Хафингтон го прошири своето царство во Европа, мудро поставувајќи ја Ан Винклер, сопругата на Доминик Строс Кан, за главна уредничка на француската филијала на Хафингтон Пост. Семејството Кан, кое е бренд меѓу француските социјалисти кои се на чекор до освојување на власта во Франција, во моментов ги ужива плодовите на политичка жртва на режиран скандал против екс шефот на Меѓународниот монетарен фонд. Преку таа врска Ариана Хафингтон ја зацврстува својата позиција во Франција.Тоа може да се покаже како корисно во случај да потрае неизвесноста околу Грција и во случај да се појави потреба Атина да си ги пребројува сојузниците.

Кога ќе ја погледнете Ариана Хафингтон, ќе видите дека таа неодоливо потсетува на Дора Бакојани. Но Ариана Хафингтон го нема политичкото педигре на Бакојани. Но не е мала работа ни да напишеш биографија на Марија Калас и на Пабло Пикасо, или на пример да бидеш еден од најгласните поддржувачи (во деведесеттите) на конзервативните каузи како онаа на денешниот претседателски кандидат Њут Гингрич тогаш наречена „Републиканска револуција“. Или еден од најогнените поддржувачи на кандидатурата на Боб Дол за претседател во 1996. А дека станува збор за Гркинка, американците можеа да видат кога се спротивстави на нивната воена интервенција за време на југословенската криза.

Македонската дипломатија треба сериозно да го има во предвид факторот Хафингтон на меѓународната сцена. Газдарицата на Хафингтон Пост ( кој лани успешно е продаден на Американ онлин (aol) но сопственичката го задржа кормилото и моќта) можеби не ја интересираат деталите околу спорот со името, но сосема сигурно беспрекорно ќе ја заврши задачата за лобирање што ќе и ја зададе грчката влада.Таквиот тип на лобирања секогаш се одвиваат зад камерите и далеку од очите на јавноста, а македонската страна нема да има ни право на реплика или на протестна нота.

Додека Скопје го набљудува Адамантиос Василакис и шефот на дипломатијата Димас, Ариана Хафингтон ги јакне позициите на Грција на меѓународната сцена. Несомнено, таа е неформален амбасадор од голем калибар кој може да се покаже од голема корист за Грција погледнато од агол на политичките несогласувања меѓу нашата земја и јужниот сосед.


Статијата е прочитана 1668 пати.

Испрати коментар



Од вицепремиерот се очекува нешто друго
Ракометна раса



Ljubotan Trade Name, 01.02.2012 05:49:17
Mnogu ubavo Ariana Hafington e od golem o vlianie i ako zboruva so pretezok grcki akcent!. Ama sepak, mozebi e tamu nekade na sestoto mesto. Ne ja zaboravite Grckata PravoslavnaCrkva so Buzet skoro na edna miliarda dolari,Glascka grcka populacija od nekolku milioni na glasaci ,George Stephanopoulos - George Robert Stephanopoulos (Greek: Γεώργιος Στεφανόπουλος; roden February 10, 1961) [od tatko Grcki Protostavrafor] is an American television journalist and a former political advisor. Toj George gi dovede Klintovite na Tronot vo Belata Kuca! Deneska e eden od najvniatelnite Americki Politicki Komentatori za ABC ,Stotici kongresmeni-senatori,governeri i mayori vo SAD se od grcko poteklo,a i Vartolomey e tuka! : Dukakis,Sungas,Spiro i mnogu drugi!
ЧУДО, 01.02.2012 08:07:17
„Војната“ помеѓу Република Македонија и Грција е завршена.„Мировниот договор“ со кој се утврдени „границите и обврските“ на двете земји,а кој го донесоа Советот за безбедност на ОН,НАТО,ЕУ и Судот во Хаг гласи:Република Македонија се преименува во ФИРОМ и како ФИРОМ ќе учествува во преговорите со Грција,со кои треба да се најде решение за името.Кога ќе се пронајде решението,нашата земја ќе биде примена во НАТО и ЕУ,а привременото име ФИРОМ ќе биде заменето со она од постигнатото решение.„Војната“со Грција заврши.Македонија единствено може да „војува“со Советот за безбедност,НАТО,ЕУ и Судот во Хаг,кој ги донесоа таквите одлуки.
Sir Winston Leonard Spencer-Churchill, 01.02.2012 09:51:35
Грција секогаш имала вакви амбасадори и лобисти и затоа постојано ќе се извлекува и ќе ја тера водата на своја воденица, но ние си имаме „млади, надобудни, Black-Adder-lookalike“ министри што фотокопирале по ходниците на Европската комисија во Брисел и тоа им е огромното искуство во ЦВ-то, заменици-министри уште помлади и позелени од министрите, криза немаме, се разбира, но корења за јадење имаме колку сакате...И, тоа, да ги јадеме во дебелата сенка на Воинот на коњ, кој и да е тој...Македонска дипломатија?! Ви се молам...
Пријател, 01.02.2012 10:00:29
А зошто мислите дека на некој во Скопје му е грижа за позициите на Македонија во Вашингтон? Груевски, кој одглуми година и половина дека е на линија со Вашингтон, со првата необјаснета реконструкција се ослободи од нему блиските луѓе кои имаа долгогодишни врски во Вашингтон. Со тоа се отвори патот за несметано продолжување на грабежот, наречен транзиција и агонијата на земјава. Додуша Бранко беше уште полош, тој никогаш во своја близина немал некој кој имал врски во Вашингтон. Киро ја имаше Ацевска и толку. Другите искусни политичари не ни знаат англиски а во нивната свест Америка е големата Сатана. Затоа, иднината на Балканот им припаѓа на Албанците.
jovan, 01.02.2012 10:15:05
Vakvi lobisti Grcite imaat eden kup po svetot. Vo Canada ima duri i Makedonci, so poteklo od Egejska Makedonija, koj duri i iminjata (Stevo- Stavros) si gi promenile vo Grcki, i rabotat za Grckite interesi. Ako sega nie site tie takvite gi brkame i barame, kaj ke ni bide krajot. Nivno e da si imaat nivni lobisti koj ke si rabotat za nivni interesi, nase e da si stvorime svoja mreza na, pred se profesionalci, koj ke rabotat za nasi interesi. Grcite imaat dobro razviena lobisticka mreza, i toa dobro im funkcionira, no ne znaci deka i site drugi lobi mrezi (koj se skapi) dobro funkcioniraat. Nase e da iznajdeme sopstven model za odbrana, stitenje i ostvaruvanje na sopstvenite megunarodni interesi, koj e vo soglasnost so nasite potrebi i moznosti. Za lobi struktura kako Grckata, potrebni se premnogu pari koj nie gi nemame, a i ne garantira deka na toj nacin ke bideme uspesni. Lobiranjeto e kako reklamiranjeto. Moze da uspee, a moze i dzabe da frlis pari.
I nie konj za trka imame, 01.02.2012 10:29:55
I nie konj za trka imame.Zosto ne go iskoristime Janko Buregdjijata, kako jak lobista.TOJ E POZNAT I SETAN COVEK. Ete vo edna negova emisija kaza deka prestojuval vo London i znael mnostvo na pabovi, pa moze da se prati tamu i da sobira podrzuvaci za nas po tie pabovi. Toa ne e mala rabota
dedo dimo, 01.02.2012 11:59:38
Luge ne e napagajte svojata zemja .So sedenje po kafulinjata i ne rabotenje ne e chudno ako pochnite korenje da jadite .Selanite vi izbegaa zemjata nema koj da e raboti a vas dembeli da ve rani .Zapnete kako shto rabotea selanite togash nema korenje da jadite siguren sum.Bez rabota nema nishto nikade po svetov.
ODNADVOR, 01.02.2012 15:55:25
Nie vistina nemame kaj nas, ambasadorka kako sto edna Ariana za Grcite.Zal,nemame niti diplomatija koja ke ne prestavuva pokraj nea i pokraj novopostavenata An SENKLER(ne Vinkler) vo Francija, no sto e polosho,nemame niti slozni nasi lugje koi ne samo ke palat sveki po crkvite, tuku ke dadat i nesto poveke za prestavuvanje na Makedonija niz EU koja deneska kako da ja nema vo evrioskiot vidokrug. Ako Ariana odlicno sorabotuva so svojot Premier vo Atina, oti e bez problem vo svoite bankarski smetki i e poddrzana vocrvenata inija od SITE pliticki partii i iselenici niz svetot, kaj nas sé e sosema poinaku.Naivnite lobisti, odamna rabotat bez sekakva materjalna i moralna podrska, nemat vrska za nekoja crvena linija,ni so ambasadite, niti so vrvni licnosti vo Mk, a pomegju sebe iako se poznavaat, ne se soglasni vo nisto, osven onie troica samouzbrani vo Sobranieto,za da go pritiskaat avtomatski kopceto so DA. A za DSK,toj ne uziva nikakvi plodovi na (azna) politicka zrtva kaj sopartiicite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |