Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.01.2012, 18:40

Уставен суд ја запре лустрацијата

Се стопира лустрирањето на поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори,како и невладини организации, фондации, верски заедници. ВМРО-ДПМНЕ се лути на одлуката на судиите

Гордана Дувњак


Уставниот суд вчера времено ја ��топираше примената на 13 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција. Се бара лустрацијата да не се однесува за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори, како и невладини организации, фондации, верски заедници.

Судот смета дека со лустрацијата на овие личности се навлегува во моралниот интегритет и достоинство, поради што поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на овие членови од Законот за лустрација. На конечната одлука ќе треба да се почека најмалку два месеца.

Ваквиот исход произлезе по вчерашното гласање на мнозинството судии на затворениот дел од седницата по паузата. Претходно, при презентирањето на ставот на судијата известител Вера Марковска, новинарите и уредниците, не само од јавниот радиодифузен сервис,туку и од сите печатени и приватни медиуми не беа изземени од категоријата на граѓани кои ќе бидат подложени на процесот на лустрација. Оценката на споменатиот судија беше дека не само носителите на јавните функции, туку и медиумите, вршат работа од јавен интерес и затоа треба да го поминат лустрациското сито. Но, по гласањето, преовлада ставот дека новинарите сепак, не се вршители на јавни функции.

Уставниот суд и натаму останува на својот претходен став- дека лустрацијата не треба да важи за периодот по 1991 година. Ова нема да важи ни за бившите функционери, под услов тие да не бидат претенденти за нова функција, кога задолжително се обврзани да поднесат изјави. Уставните судии и натаму се уверени дека не е спорен во целина Законот за исполнување дополнителен услов за извршување јавна функција, но сметаат дека, по претходната нивна интервенција и донесените дополнувања од 2009 и 2010 година, и натаму постојат правни дилеми и одредби кои треба да бидат ставени на проверка.

Уставниот суд на вчерашната седница изрази сомнеж околу неуставноста и незаконитоста на 13 одредби. Судот се изјасни за три поднесени иницијативи, за кои беа формирани два предмета, а во натамошна постапка остануваат уште две други иницијативи од понов датум.

Вчера не помина предлогот на уставниот судија Зоран Сулејманов кој побара одложување на оваа точка од дневниот ред, а се повика на деловничка одредба, со цел сите иницијативи да се спојат и да се разгледуваат на иста седница. Тој доби поддршка само од судијата Владимир Стојановски, додека останатите судии сметаа дека нема потреба од натамошно одложување кога предметите се веќе ставени на дневен ред. Како што беше кажано, во досегашната пракса на овој суд, имало случаи на спојување иницијативи, но и такви кои биле гледани одделно.

Главниот аргумент што го изнесе судијата известител Вера Марковска во својот реферат околу тоа зошто Законот треба да се однесува на периодот од 2 август 1944 година до 17 ноември 1991 година, беше дека со процесот на лустрација треба да се „заштитити иднината, а не да се справуваме со минатото“.

Анализата на оспорените одредби покажала дека обидот на законодавецот да го дорегулира ова прашање со дополнителни измени е направен недоволно јасно до кога ќе се протега процесот на лустрација. Но, судијата не гледа ништо спорно во тоа Комисијата во рок од 10 години да го спроведе овој процес. Затоа, пак, Марковска јавно праша која е целта на законодавецот одредбите да се однесуваат и на поранешни функционери, бидејќи тие треба да ги засегаат само актуелните.

Партиите поделени за одлуката на Уставен

Одлуката на Уставниот суд за Законот за лустрација предизвика поделени реакции кај партиите од власта и опозицијата. СДСМ и ПЕИ оценуваат дека ваквата одлука само докажува дека лустрацијата е целосно изместена, а ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа тоа е само обид да се блокира прочистувањето.

„Самиот факт дека Уставниот суд по вторпат ја испитува уставноста на истите законски одредби кои еднаш веќе ги укина е најдобра потврда колку е забеган процесот на лустрација“, истакна портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ.

Со сличен став излегоа и од партијата на Фијат Цаноски. Тие го актуелизираа и прашањето за мандатот на првиот лустратор Томе Аџиев.

„Уставниот суд конечно ја запре фашизоидната политика на Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ против сите оние кои не мислат како него. Со ова Томе Аџиев веќе нема морално право да биде претседател на Комисијата“, истакна Сафет Бишевац од ПЕИ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се изненадени од одлуката на Уставниот суд, кој, како што оценуваат, го кочи процесот на лустрација.

„Во сите посткомунистички европски држави постојат две големи политички структури, едната се залага за лустрација, а другата да нема таков процес. Македонија не е прв пример каде што Уставниот суд се обидува да ја блокира лустрацијата“, оцени Илија Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додава дека тие и натаму остануваат на ставот да предложат измени на Законот за лустрација, со кои, како што вели, квалитетно ќе се подобрел процесот. (Св.У.)


Статијата е прочитана 2278 пати.

Испра��и коментар



Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Новинарството во амбис
Кирилов гледа омраза во Македонија
Тонот на Македонија исклучен во Брисел
Арифи го скрши мразот во Атина
Грчко-македонска трагикомедија
Оспорен упадот во автономијата на универзитетите
Заев ги зближува СДСМ и Османи
Ќе се чешла зделката со зградата во Пласница



Lustrator, 26.01.2012 01:14:25
A da go i ovoj predsedatel izlustrirat vo niven stil.
vasil, 26.01.2012 11:15:12
Премногу е очигледна тенденцијата на мнозинството уставни судии да заштитат некои челници или луѓе блиски до СДСМ. Мака ми е што во СДСМ никако не можат да сфатат дека им е потребна смена на генерациите и промена на менталитетот, на ставот кон Македонија и националното прашање. Се надевам дека ќе соберат храброст и ќе се променат. Валканите стари функционери и паразити нека ги пуштат низ Вардар и нека отворат простор за современи идеи и политички програми кои ќе ни донесат добро на сите во Македонија.
od ostrijot, 26.01.2012 11:35:48
a vmro-dpmne kobajagi se lutat a toa e nivno maslo.
pile, 26.01.2012 11:39:14
Vo uslovi koga citame za ocenki na Komisijata za borba protiv tortura, za sostojbata vo zatvorite vo Republika Makedonija, i koga gledame kako se primenuva merkata pritvor vo Evropskoto pravo od slucajot so nesrekata na Italijanskiot Titanik i brzoto osloboduvanje na kapetanot od pritvor so izrekuvanje na merka kuken pritvor,ulogata koja ja ima pred sebe, koja proizleguva od Ustavnite nadlezjnosti na Pretsedatelot i clenovite na Ustavniot Sud na Republika Makedonija, od niv bara, ne samo hrabrost da se izdrzji na neosnovanite pritisoci, tuku i pragmaticnost, za poveduvanje na postapki po sluzjbena dolzjnost za ocenka na merkata pritvor i mozjnosta za zamena so alternativna merka, primeneta nad osomniceni za poedini dela, a gi ima mnogu vo Makedonskite zatvori.Primerot na Ustavniot Sud na Hrvatka koja e pred vratite na EU so slucajot Sanader neka bide patokaz.Davam celosna podrska za zapocnuvanje na vrakanje na pravnata drzjava i vladeenjeto na pravoto vo nasata zemja.ODVAZJNO NAPRED!
Jove, 26.01.2012 13:35:50
A ovie politikanti od utavniot sud(so cest na isklucoci) malku i niv da gi polustriraat koj znae se sto ne ce najdat lustratotite. Ovie slozni brakja sto mrsat i vo Petok ,uporno si ja mavaat muvata od nivnite kapcinja.Ocigledno e deka se dosta zagrizeni za sebe.Se trendafil do trendafil.
snajper, 26.01.2012 16:10:28
so ova javno se obelodenuva koalicijata sdsm-dpmne koja postoi okolu 15tina godini, a osobeno dobro funkcionira vo periodov na grujo i branko.. narodot ke gi lustrira site kodosi bez gajle da ste
marko, 26.01.2012 16:33:33
Funkcionerite koi kodosele si go pominaa svoeto i sega se ili vo penzija ili vo drugiot svet, veke 20g. ziveeme vo demokratija i ne znam zosto ni e potreben ovoj proces na zigosuvanje luge.
Dimo, 26.01.2012 17:16:42
...sega im nedostasuva uste a1(ama ja nema-ash), za da bidat (dobro)potvrdeniot tandem protiv Makedonija i nejziniot napredok.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |