Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.01.2012, 18:17

Тонот на Македонија исклучен во Брисел

Зошто нашата држава е единствена без портпарол и без независен новинар во ЕУ?

Слободанка Јовановска


„Уште подобро што нема прашање“, беше фамозната забелешка на шефот на дипломатијата Никола Попоски на жалната конференција за новинари речиси без новинари, по Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел. Иако е тешко да се поверува дека на министерот и тројцата други функционери им беше пријатно што беа повеќе од оние на кои им се обраќаа, таа изјава е симптоматична за сфаќањето на улогата на медиумите во земјава, настрана од патувачките новинарски каравани на сметка на Владата.

Ако бројот на новинарите во Брисел е одраз на интересот во земјата за евроинтеграцијата и за статусот на новинарството, тогаш може да се заклучи дека на балканското скалило во тој поглед нашата држава е на дното, подоле и од Косово, кое не е ни признато од ЕУ како држава. Во моментов имено, хрватските медиуми имаат девет постојани известувачи од Брисел, а зад нив се словенските со пет, иако форматот на оваа држава не е многу поголем од тој на Македонија, при што некои од нив се таму по два или три четиригодишни мандата. Грчките пак не можат ни да се пребројат, а Србија која е на стартот на евроинтеграцијата веќе има четири дописници од европската престолнина. Најинтересно е што Косово во моментов има дури четири известувачи, а Албанија пет, додека рамни на Македонија ( со едната преставничка на МИА) се само БиХ и Црна Гора.

Македонија покрај тоа е уникатна и по фактот дека нема прес офицер ниту во една од трите мисии во Белгија, па е дури пожелно дипломатите да се кријат кога им бараат информација новинарите од земјата и тие од странство - нешто што не им се случува на македонските новинари кога бараат информации или сакаат да одат на брифинзи во другите амбасади во Брисел. Патем портпаролката на Кетрин Ештон, Маја Коцијанчиќ, дојде на таа функција по неколкугодишно известување од Брисел и работа како портпарол во амбасадата, а Јоана Лунгеску, портпаролката на НАТО, дојде на оваа моќна позиција како поранешен дописник на Би-Би-Си од Брисел. Поентата е додека другите земји и преку новинарите добиваат позиции и гласност во ЕУ и НАТО, ние таму си го исклучивме тонот, бидејќи и единствената дописничка на МИА повеќе служи како држач на микрофонот за нашите функционери што одат во НАТО и ЕУ.


Статијата е прочитана 1000 пати.

Испрати коментар



Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Уставен суд ја запре лустрацијата
Новинарството во амбис
Кирилов гледа омраза во Македонија
Арифи го скрши мразот во Атина
Грчко-македонска трагикомедија
Оспорен упадот во автономијата на универзитетите
Заев ги зближува СДСМ и Османи
Ќе се чешла зделката со зградата во Пласница



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |