Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.01.2012, 16:45

Ќе се чешла зделката со зградата во Пласница

Владина комисија ќе истражува дали е се' чисто при продажбата на имотот на Македонски Брод на Милош Милошоски

Не стивнуваат страстите по продажбата на општинската зграда во Пласница на бизнисменот Милош Милошоски. Од општината која ќе остане без покрив над глава не отстапуваат од барањето за поништување на купопродажниот договор меѓу Македонски Брод и таткото на ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој за 30.000 евра стана нов сопственик на објектот. Ќе чекаат да видат што ќе одлучат Владата и Судот, по што најавуваат масовни протести. Владата, пак, по иницијатива на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, формира комисија која ќе го чешла договорот. Доколку бидат пронајдени неправилности, договорот ќе се поништи, потврдија вчера од Владата.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ нема реакција за оваа афера. Директорот на Центарот за комуникации, Илија Димовски, вчера не одговараше на повиците, како и на СМС-пораките. Партијата не се огласи за овој случај ниту преку соопштенија и прес-конференции.

Како што е познато, страстите пламнаа кога Општина Македонски Брод, која е сопственик на зградата во атарот на селото Ижиште, каде што се сместени општинарите од Пласница, одлучи да го продаде објектот, изграден пред шеесетина години. Според објаснувањата во Брод, тендерот пред Нова година бил објавен во дневен весник, на кој единствен заинтересиран бил Милош Милошоски. И кичевскиот бизнисмен се изјасни дека во зделката немало ништо спорно. Тој соопшти дека објектот, чиј поголем дел бил руиниран, го купил на тендер. Рече дека бил заинтересиран за објектот бидејќи се наоѓал на парцела што била соседна со парцелата на татковиот имот. Милошоски тврди дека за да собере пари за зградата во Пласница продал имот во Кичево. Изрази подготвеност на општинарите да им ја остави на користење зградата под досегашните услови доколку покажат договор со Македонски Брод.

Првите луѓе на Општина Пласница се убедени дека станува збор за матна зделка. Тие објаснуваат дека во зградата се од формирањето на Општината во 1996 година, поради што минатиот месец побарале од Владата да им го даде објектот во трајна сопственост. Тврдат дека во зградата биле инвестирани неколку десетици илјади евра и се чудат како е можно целиот објект да биде продаден за 30.000 евра. Обвинуваат дека биле изиграни.

Се чини дека допрва ќе се кршат копја за објектот со површина од околу 500 квадратни метри. (Г.А.)


Статијата е прочитана 410 пати.

Испрати коментар



Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Уставен суд ја запре лустрацијата
Новинарството во амбис
Кирилов гледа омраза во Македонија
Тонот на Македонија исклучен во Брисел
Арифи го скрши мразот во Атина
Грчко-македонска трагикомедија
Оспорен упадот во автономијата на универзитетите
Заев ги зближува СДСМ и Османи



ZRAK, 26.01.2012 05:46:00
ne trosete pari i taka ke izleze SE E CISTO,sepak e toni golem igrac,a tie vo sds-dpmne se nedodirlivi.
?!, 26.01.2012 16:31:17
А оваа слика значи ептен има врска со случајов...колку она плико што е пратено во атина.Судено ние и натаму животов да си го тераме како на филм.Нашето трезнење сигурно не ни бега. И така не ни се брза...Од во библија право на другиот свет.Што има врска,ионака измеѓу се ти е лук и вода.А ние пак за тоа експерти.Нека му ја мисли оној на кој се му е мед и млеко.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |