Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.01.2012, 17:52

Оспорен упадот во автономијата на универзитетите

Уставниот суд смета дека извршната власт не смее да се меша во наставните програми, евалуацијата, наградувањето, изборот на декани

Извршната власт не смее да задира во автономијата на универзитетите, кои се гарантирани со меѓународни договори и со европските правила, востановени уште од формирањето на најстариот болоњски универзитет во 1088 година. Законодавецот е должен да го уреди основањето, вршењето и престанокот на високообразовните институции, но условите и критериумите за нивното функционирање, наставните програми, евалуација, наградувањето, изборот на редовни професори ...треба да остане во рацете на универзитетите. Судот смета дека тоа е прашање на внатрешна организација на универзитетите и секое мешање во овој дел претставува удар на автонимијата.

Факултетите треба да имаат право да претставуваат посебни правни субјекти и сами да ги избираат своите декани, бидејќи со концентрирањето на преголема моќ во Сенатот се загрозува нивната хоризонтална автономија..

Овие и многу други дилеми се покажаа спорни за уставните судии, кои вчера поведоа постапка за повеќе одредби од Законот за високо образование, како и за три подзаконски акти донесени од министерот за образование.

Подносители на двете иницијативи се две групи на универзитетски професори, како и интелектуалци, кои сметаат дека со спорните одредби и подзаконски акти се доведува во прашање уставната гаранција на автонимијата на универзитетите утврдена во членот 46 од највисокиот државно-правен акт. Притоа, автономијата разбрана во духот на одредбите предвидени во Лисабонската декларација на независните универзитети од 2007 година, каде е точно прецизирано што таа претставува. (Г.Д)


Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар



Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Уставен суд ја запре лустрацијата
Новинарството во амбис
Кирилов гледа омраза во Македонија
Тонот на Македонија исклучен во Брисел
Арифи го скрши мразот во Атина
Грчко-македонска трагикомедија
Заев ги зближува СДСМ и Османи
Ќе се чешла зделката со зградата во Пласница

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -14°C

Ведро

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -7°C

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: 1°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |