Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
30.01.2012, 18:40

Грозоморни убиства „за чест“ ја згрозија Канада

Четири женски членови на имигрантско семејство беа задавени поради слободно облекување и нанесен срам на семејството

ТОРОНТО – Канадски суд прогласи за виновни двајца родители, авганистански имигранти, и нивниот најстар син за убиство на четири женски членови на семејството во т.н. убиство за чест. Тоа е кулминација на случајот што ја стаписа Канада и предизвика широка дебата за судирот на културите меѓу големото имигрантско население.

Мохамед Шафија, неговата сопруга Туба Мохамед Јахја и најстариот син Хамед се прогласени за виновни за убиството на трите ќерки тинејџерки на Шафија и првата сопруга на Шафија, во детално организирана, иако крајно заплеткана, сообраќајна несреќа во јуни 2009 година. Одбраната тврдеше дека четирите загинале кога возењето доцна во ноќта тргнало во погрешна насока.

Четиримесечното судење отвори релативно ретка можност да се зборува за убиство за чест во Северна Америка. Злосторството, во кое жртвите се убиваат поради нанесување срам на нивното семејство, се се' почести во западните европски земји како Велика Британија и Шведска, каде што има бројна имиграција од земјите каде што истражувачите велат дека најмногу се случува тој обичај – Пакистан, Индија и Турција.

Иако Канада и САД се' повеќе прифаќаат се' поголем број имигранти од истите места, значајни судски случаи за убиство за чест се' уште се невообичаени. Грозоморниот карактер на случајот „Шафија“ ги шокираше Канаѓаните, горди на нивните релативно отворени граници и угледот на земјата за интегрирање на имигрантите.

Во Канада, од 1954 година има само 15 обвинети во врска со злосторства за чест, при што сите освен три се извршени по 1999 година. Според владините статистички податоци, во 1970-тите години, најголемиот извор на имиграцијата во Канада, или 36 отсто, била Европа. До 2006 година, еден од двајца нови имигранти потекнувал од Азија, а Европа опфаќала 16 отсто од новодојденците. Други академици тврдат дека насилството против жените постои во сите заедници, но кога го извршуваат некои етнички групи тоа се нарекува злосторство за чест.

Обвинителството тврдеше дека честа вкоренета во авганистанските племенски традиции го натерала Шафија да го исчисти срамот што го почувствувал од однесувањето на непослушните ќерки, Зајнаб (19), Сахар (17) и Гети (13). Двете постари ќерки имале момчиња кои не биле прифатени, а сите три не го слушале таткото со нивното независно однесување и носењето облека која разоткривала. Рона Амир Мохамед, која била прва сопруга на Шафија во полигамното семејство, била убиена, тврди обвинителството, бидејќи била проблематична прва сопруга и попустлива маќеа.

Судскиот процес го наполни канадскиот печат со ужасни детали од убиството во кое полицијата верува дека жртвите биле удавени, а потоа сместени во автомобил што бил турнат во брана во близина на Кингстон, кај Торонто. Локалниот печат испечати полициски транскрипти во кои Шафија ги нарекува неговите ќерки „курви“ и како се фали „ништо не ми е подраго отколку мојата чест“. (Волстрит џорнал)


Статијата е прочитана 3557 пати.

Испрати коментар



Гувернерка го искара Обама?
Панета
Австрија земја на ордени
Брисел блокиран пред самитот на ЕУ
Како се оценува слободата на медиумите?
Што пишуваат весниците во светот - Ковчегот на Оскар Луиџи Скалфаро се пренесува до вечно почивалиште



Od Basta, 31.01.2012 09:30:17
Ova go ima skoro sekoja godina vo Svedska od kurdite avganistancite i mnogu drugi muslimani tie se so ispran mozok i nisto ne vredi isto kako i kaj nas vo tetovo i so stuzanite zar ne gledate sto se desava vo Iraq Libanon kosovo kaj nas Turcija.............
Dimitar, 31.01.2012 09:53:44
Muslimani i se e mozno.
jovan, 31.01.2012 12:12:56
Neznam sto se bunat Canaganite, a voopsto zapadot. Tie tamu ne im doagaat so sila, oni samite gi pustaat, a sto e najvazno i im pomagaat. Neretko i hristijanski organizacii pomagaat vakvi emigranti, koj ne samo sto nemaat nikakva vrska so hristijanskite vrednosti, nego voopsto nemaat vrska ni so civilizaciskite vrednosrti. Ednostavno, nikoj ne im e kriv.
Ane, 31.01.2012 14:29:41
Kako prvo,ova nema vrska so islamot,tuku do kulturatai tradicijata koja ja imaat ovie zemji,koi uste koga bile nemuslimani bile nomadi i veruvale vo kipovi.Ilamot kako najnova religija gi pocituva site nacela na prethodnite religii megu koi se i 10 nacela ,vo islamot ubistvo i samoubistvo ne se dozovluvaat za nitu edna pricina,za site onie koi nemaat vrska prvo od svojata pa posle od islamskata religija im preporacuvam da ne komentiraat,pred se islamot koj kako go tolkuva vo red e ama deka islamot e religija koja dovozluva ubivanje toa nikako ne e tocno,e sea covekot kako go sfaka toa e toa e veke drugo,i edno prasanje dali ubiecot moze da ima druga religija????? sekako sto znaci deka i negovata religija ne opravduva ubivanje,ve molam bidete prvo covecni pa potoa prajte se intelektualci!!!
ezel, 31.01.2012 21:52:20
Podobro bi bilo da reces Dimitar,covek i se e mozno.Denes veke retko koj zasluzuva da se narece pripadnik na taa ili taa religija.Ostajtego Islamot.Inaku gospodinov so negovata svita ako do tolku bil za svojot fundament (posofisticirano kazano i ne navredlivo)sto ne si ostanese vo Avganistan.Tamu sigurno poskapo ke si ja platese kozata.Taka Dimitar.Kazimu i na toj nad tebe sto Basta,i toa za vreme na pauza.Poleka so nepromislenive komentari,oti ke pomislam deka sum na karn

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Поли��ика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |