Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.01.2012, 18:05

Мое ќоше

Грчко-македонска трагикомедија

Ерол Ризаов

Една иста драма Грците ја гледаат како комедија, а ние како трагедија

Во грчко-македонските односи има една иста драма во три чина која во грчкиот амфитеатар се игра како современа комедија, а кај нас на јавна сцена како античка трагедија. Грчката публика ужива во бравурозната игра на актерите и се кине од смеење. А, македонското малобројно гледалиште кое ја разбира драмата ја оплакува безгласно својата иднина. Дејството на трагикомедијата тече непречено без оглед на вековно напластените тешки црнила. Ништо не може да ја спречи генијалната режија и маестрална игра на големите глумци. Ниту блокадите, ниту името, ниту националните и идентитетски негации, ниту оспорениот ни јазик насушен. Тука не пречат ниту национализмот, ниту шовинизмот, ниту хашката пресуда. Буквално ништо.

Ќе почнам од вториот чин кој сега е пред самиот крај. Завршната сцена ќе биде на седница на Владата за неколку дена. Грчка државна градежна компанија PPS е сериозен кандидат да ги добие големите хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река кои заедно со Тиквешко Езеро претставуваат значаен енергетски и воден ресурс на Р. Македонија. Водените и енергетски потенцијали и режимот на водите кои пресудно влијаат на најголемиот македонски слив реката Вардар се од стратегиско значење за иднината на Македонија, ама се значајни и за Грција. Солунското Поле и подземните бунари се напојуваат од Вардар кој си тече со милениуми без ниту една пречка, или каскада. Пардон, има една мрежа кај Гевгелија која го сопира нашето ѓубре.

И кинеска компанија учествува на владиниот тендер за „Чебрен“ и за „Галиште“ со нешто поповолни услови во делот на сопственоста каде што државата во двата случаја треба да се јави како малцински содружник. Грците даваат 28, а Кинезите 40,5 проценти од ортаклукот. Ама таму има уште еден мал милион други работи кои подоцна стануваат пресудни. Мене лично, упорната повеќегодишна понуда на овие наши енергетски и водени ресурси без оглед кој ќе ги купи и стопанисува ми личи како кога Русите им ја продале Алјаска на Американците молејќи да ја купат за неколку милиони долари. Каква е таа националн�� стратегија ДРЖАВНИ компании да купуваат и да управуваат наше државно национално богатство кое им припаѓа и на идните генерации. Има ли нешто што не е за продавање во оваа држава.

Првиот чин почна многу одамна со купопродажбата на единствената рафинерија под Сава и Дунав до Солун. Во социјализмот на некои луѓе им текнало да изградат рафинерија. Не бидувало држава без рафинерија. А, на нашите нови демократи им текна златната кокошка, енергетски најфундаменталниот стратегиски објект, да и' ја продадат на грчката државна компанија „Хеленик петролеум“ за бадијала. Не' спасиле од загубар. Преку ноќ со одлука на хартија загубарот стана високопрофитабилен. Договорот гарантира набавна цена на нафтата, плус акцизи, плус профит плус гарантиран откуп на илјадници тони мазут. Браво. Тоа се вика стратегија.

Државна грчка банка ја купи консолидирана Стопанска банка во моментот кога контролираше близу 70 проценти од финансиските текови во земјата. Мала дигресија како пример: кога Нова љубљанска банка на Словенија продаваше само 30 проценти, нивните комшии не можеа да купат ни процент за да не ги следат финансиските трансакции. Им продадоа 30-процентен удел на Белгијците. Тоа е стратегиска одлука на словенечката влада. Кај нас уследи продажба на чувствителен дел во телекомуникациите, па потоа на високопрофитабилни компании. Нормално, Грција се испофали пред светот дека е најголем стратегиски инвеститор во Македонија. А Македонија е неблагодарна за ваквиот великодушен гест поради распродажба на своето национално богатство за бадијала. Кога една држава ги има во сопственост или ги контролира енергетските и водените ресурси на соседната држава, финансиските и телекомуникациските текови, добар дел од трговијата, профитабилните компании, а притоа ви прави целосна блокада за евроатлантски интеграции мора да е тоа многу мудра македонска стратегија. Сите грчки компании работат профитабилно во Македонија на задоволство на банкротираната држава. Ете затоа истата драма Грците ја гледаат како комедија, а ние како трагедија.

Го чекаме третиот чин како овци пред кланица. Што мислите како ќе заврши.


Статијата е прочитана 3567 пати.

Испрати коментар



Георгиев пријавил докторски труд, а ќе го оценуваат колеги од партијата?!
Уставен суд ја запре лустрацијата
Новинарството во амбис
Кирилов гледа омраза во Македонија
Тонот на Македонија исклучен во Брисел
Арифи го скрши мразот во Атина
Оспорен упадот во автономијата на универзитетите
Заев ги зближува СДСМ и Османи
Ќе се чешла зделката со зградата во Пласница



jovan, 26.01.2012 00:06:29
Nema da ima tret cin. Kraj na predstavata.
Citatel, 26.01.2012 00:19:13
Znaci nie demonstrirame dobrososedstvo, nemame predrasudi, nemame strav od Grcija... e kako togas nie sme pak vinovni deka ne demonstrirame volja. Ne mi e jasno kako i sega najdovte motiv za kritika na nasa smetka. Da Grcite se smeat
milan, 26.01.2012 00:36:20
G-dine Erol po se izgleda ke bide tretiot cin -komedija finita- Na nasite predstavnici vo maloto dzepce ke im cusnat po nekoe milionce provizija i rabotata ke bide gotova.Narodot osiromasen i vo neokolonijalen jarem. Nikoj ne mu e kriv sto negovite predstavnici mu go rasprodale nacionalnoto bogatstvo POZDRAV.
jimmy1, 26.01.2012 05:50:19
Do Citatel: Izgleda ti ne si svatil nisto od ona sto Erol go pisuva, ili voopsto ne si go ni procital a komentiras. Daj te molam procitaj povtorno i pokusaj da svatis sto saka Erol da kazi so toa.
euro, 26.01.2012 07:30:40
Drugar Erol, pa ako bilo strateski da ne se prodava spomenatata banka zosto drugar ti t.e. drzavnikot ja prodade?
Киро, 26.01.2012 08:12:26
Злосторничко здружение против народот и државата,дали ќе дојде денот „Д“ да се наполни затворот Идризово со велепредавници на Македонскиот народ и држава.
Agent 007, 26.01.2012 09:07:01
Se cudam samiot so kakvo pravo Utrinski mu dozvoluva prostor na ovj predavnik. Sramota koga Utrinski ne moze da najde kolumnisti koj ke pisuvat za Makedonija , a ne protiv Makedonija . Toj i taka i taka ne e Makedonec nego piti boze od kade dosel vo Makedonija . POZDRAV
Stipjanec, 26.01.2012 09:38:35
Cudna nekoja filozofija ni dojde! Se natprevaruvaat PARTIITE koja poveke ke prodade, odnosno vnese sto poveke stranski INVESTITORI, i toa im e NAJGOLEMIOT rejting, pa so toa se falat vo nivnite predizborni kampanji. A ovie stranskite investitori, jasno i glasno kazuvaat, nas ne interesira samo PROFITOT, i nisto drugo. Znam, ke recat, kade TI zivees, sega e KAPITALIZAM, a jas ke bidam proglasen za KOMUNJARA. A ovie pak, DEMOKRATI I REFORMATORI, ke zakolat tele za da usikarat dve kila kremenadli. Tesko e nesto da se izgradi, a da se prodade, toa moze da go napravi bilo koj. Dali pametite, sto napravija Komunjarite od 1945 do 1965 (za 20 godini). A sto napravivme nie za izminatite 20 godini. Bi bil mnogu sreken, koga t.n Demokrati ke napravat barem 50% od ona sto go napravija Komunjarite. So toa ke kazam, deka nemam nijajvi kompleksi, t.e sum GORD ako nekoj me narece KOMUNJAR!
Внимателен читател, 26.01.2012 10:28:34
Ете сега ке почне партиската лицитација: кој ја продаде банката, кој го продаде Телеком, кој ја продаде Рафинеријата, нашите ара��ии, вашите арамии итн. Господа станува збор за погрешна државна стратегија на распродажба на национално богатство на државни компании од соседството што исто значи стратегија на Грција што да купува во Македонија. Таа држава ни ги блокира патиштата до нашите главни приоритети. Тоа го кажува авторот. А вие продолжете како папагали, те ВМРО, те СДСМ те Бранко, те Љубчо, те Никола. Ете тоа е нашата трагикомедија. Слепи при очи.
Be e e ! ! !, 26.01.2012 11:13:41
Erole ti dobro znaes deka ova ne e ni od naivnost ni od budalstina, ami dobro smislena strategija i se raboti za golem profit na odreden krug ludje( slicno kako pri Telekom i OKTA) a toa sto ce gi z.... idnite generacii , niv bas gi boli!. se naviknavme najprvo kako ovci za strizenje , a ne e nisto tesko da se navikneme i kako ovci za na klanica.A si imame i ovcar.Neka ni e nazdravje
pile, 26.01.2012 11:17:10
Se slozjuvam so Vas G-din Erol, deka dosega gledavme predavstvo na nacionalnite dobra i nacionalnite interesi, zavitkani vo oblanda na patriotizmot.A tretiot cin mozje da bide i mega- velepredavstvo, pokraj dodeluvanje na tenderot na Grckata kompanija za izgradba na Cebren i Galiste,od strana na vladeackoto mnozinstvo, na javnosta da i bide plasirano, eve uspeavme, R.Grcija, nema da go blokira patot vo NATO Alijansata vo maj vo Cikago, za dobivanje pokana pod referencata BJRM.I tragedijata so ovaa Vlast da prodolzji i ponatamu.Radikalno odobrovoluvanje od strana na R.Grcija, vo resavanje na sporot so R.Makedonija,odnosno nemesanje vo Ustavnite resenija na R.Makedonija, i ureduvanje na ekonomskite i drugi odnosi na nivo na odnosi so EU, pa togas privilegii pri dodeluvanje na tenderi za kapitalni investicii.NO toa e mozjno samo bez Gruevski i...a dotogas tenderot ke propagja.
Do Agent 007, 26.01.2012 11:25:14
Agentu 007 budalite otposle se cudat i mislat.. Kako prvo zboruvass gluposti i provocirass.. Kako mozess da napisess takva glupost i ziv da ostaness ne mi e jasno. Kako prvo Erol e eden od osnovacite na Utrinski vesnik i nema potreba nikoj da mu dava ili da ne mu dava da pisuva vo vesnik koj go sozdal samiot. A ako nekoj pisuval za dobroto na makedonija toa e Erol. I dosta bre veke iskrivuvate vrednosti. I dali e nekoj Makedonec ili ne nema nikakva vrska. Cim zivee vo MKD znaci e drzavjanin na RM. I da te potsetam veke postojat zakoni i moze vrz osnova na napisan kometar da se povede i sudska postapka. Pa ti preporacuvam da vnimavass sto pisuvass. Znam deka boli vistinata so ja pisuva Erol no sepak vnimavaj. Pozdrav
ФЕЛИКС, 26.01.2012 11:37:45
Се сложувам со напишаното на г-дин Ризаов,и за комедијата и за трагедијата,од едноставна причина што нашиве политичари се познати по крчмење на државниот стратешки имот од лукративни побуди.не се смее само соседот се смејат и многу други земји.Една од нив е Австрија чии ЕВН доби бакшиш од педесетина милиони евра неплатен долг за струја во периодот 2002-05год.Тоа е период во кој долгот за електрична енергија изнесуваше оклу 140 мил.евра.И така даровно ЕВН врши наплата и за себе зема 30% од наплатеното.А што нај трагикомично таа со ништо не учествувала во тој долг,оти се појави во април 2006 год.Е тоа е да некој се искине од смеење а некој да премале од плачење за сторената глупост.
seirdzija, 26.01.2012 12:33:06
Tocno e deka OKTA bese zagubar,ama se znae i zosto.Cenite na benzinite bea so privilegirana cena za potrosuvacite.Za telekom vazese isto i sto se sluci?Nekoj uste vo prvite denovi na vladeenje vo odnapred smisleno scenario stavi potpis i gi prodade kako da mu e dedovina imotot koj e steknat so pari na gradjanite na R.M.Nemanje na sudska razresnica za potpisnicite na vakov kriminal ne vodese i dovede vo situacija vo koja sme sega.Zatoa i cesto povtoruvam deka ni e potreben SPECIJALEN SUD,sostaven od stranski sudii koi ke gi isceslaat site somnitelni zdelki na site vladeteli od osamostujuvanjeto pa do denes!Normalno so odzemanje na imot i dolgotraen zatvor,kako na akterite taka i na soucesnicite.Toa bi bil pocetok na edna nova prospiritetna Makedonija vo koja Izbranite od elektoratot bi rabotele samo i samo vo interesen na zaednicata....drzavata...
B. Betinski, 26.01.2012 12:40:19
Klientalizmot ne e nepoznata rabota i za t.n. stabilni, razvieni demokratii. Finansiskite ajkuli (krupniot kapital) potplatuva politicki strukturi koi, potoa, im vakjaat so biznis-povolnosti. Vo krevkite, nerazavieni demokratii (kako kaj nas) toa stanuva presuden uslov da se dojde na vast. Uste pred slomot na socijaizmite vo Istocna Evropa, ugledni ekonomisti vo svetot izegoa so slednava dilema: ili ke dojde do restavracija na rezimot koj se uriva (samo dotogasnite na vlast imaat nekoi pari za privatizacija), ili ke dojde do dominacija na stranski kapital koj ke pravi vladi (slucajot so Dojce/Magjar-telekom). Toa sto ima mnogu grcki pari (najverojatno kako paravan) vo RM ne e bez presudno vlijanie vrz isfrlanjeto ili potisnuvanjeto na poticki strukturi na vlast.
Мачорот има „амнестија“, 26.01.2012 12:50:57
Феоиксе , да не ги заборави „Телеком“,“Окта“ и „НПК“ и „Стопанска банка“? Многу често те фаќа „амнестија“!
Do OO7, 26.01.2012 12:56:02
Po toa kolku si fasizoiden, sovinist i GLUP mozam da pogodam od koja partija si! No dobro sto Utrinski e liberalen vesnik pa pusta se i sesto..inaku priznaj-anticki makedonec si?
ОД ВИСТИНСКИ 007, 26.01.2012 13:44:26
Агентот 007 е познат по тоа што г�� решава работите, а не без никакви аргументи да се лигави. Авторот на колумната е изграден во многу области на живеење, а ти немаш од него ни милионити дел. Односно, сам си докажуваш дека си тотална незналица. Ако се рекламираш како патриот, мислиш си најголем патриот. Ма јок.... шутрак....
Do agent 007, 26.01.2012 13:47:37
Drugar 007, Za toj sto kazuvas deka kojzanae od kade dosol, sekogas koga ke go slusnes negovoto ime treba da stanuvas i da davas pocit, zatoa sto, koj i da e, pogolem makedonec od tebe i od mnogu drugi kako tebe. I toj ne dosol, toj e od tuka, prasanje e, ti od kade si dosol. Prost narod, silna drzava...
bitolchanec za Makedonija, 26.01.2012 13:49:15
Erole, Ova ti e za srednoshkolska 5, ili za studentska 10. Ama, na koj ke mu kazish, na fukari-skoroevichi
До агент 000, 26.01.2012 13:57:46
Јамес Бонд, прво описмени се, па давај коментари. Во три реченици најдов осум правописни грешки! А колку што знам, претците на Ерол со генерации живеат тука, и тоа му дава некое право да даде коментар за оваа земја, нели?
Donka.Toronto, 26.01.2012 14:04:40
Do 007i takvite kako nego Ja stramite Makedonija i makedonskot narod a za zalene ste.... Pozdrav do Zlatnoto Pero na Makedonija
Леонид, 26.01.2012 14:36:49
ретко кога се сложувам со авторот на текстот, меѓутоа мислам дека овој натпис ја погодил целата. Нашите политички гарнитури од двете провинциенции дозволија за смешни пари нашите стратешки капацитети да ги купат Грци во услови кога истите посакуваат целосно уништување на македонскиот народ и држава, да не е трагично би било комично.
bitolaHamiltonCanada, 26.01.2012 15:00:07
Shto mozi da cekaat ovci pred klanica ?????? Sigurno ne cekaat OVCAROT da gi nosi na pasenje. Izvinete OVCI,dosta vi bese pasenje,pomina sezonata za pasenje,sega e sezona za kolenje......Vikna OVCAROT i ne turna vo KLANICATA. KRAJ NA TRETIOT CHIN.ZAVESATA SE SPUSTI. OVCAROT OTIDE DA BARA DRUGI OVCI. A OVCI NEMA.
tase, 26.01.2012 17:03:28
Do 007. Pretpostavuvam deka prv pat citas vesnik, pa baras drug kolumnist.Diopterot ne ti cini, pa neznaes da citas.Erole bravo.
samo za nivni potrebi, 26.01.2012 17:36:21
Grcite po sekoja cena sakaat da kupat objekt (Negotino) ili da izgradat hidricentrala i toa samo i edinstvorno za NIVNI POTREBI. Na niv im treba struja, no nemaat voda. Zatoa da ne se raduvame mnogu ako Grciteizgradat centrali. Povtoruvam, taa struja nema da bide za nas, taa ke si ja koristat oni, Grcite.
Realist, 26.01.2012 22:30:37
Erol ti blagodaram za statijata na mesto e do posleden zbor.Posebno sakam luge koi gledaat malku ponapred.Navistina cudno da mu se dodeli na Grkot Koncesija,ama vo Makedonija se e mozno so Skopsko.Jas Imam eden predlog,ete od sega pa za slednite 5 godini da se sledat koi bivsi ili segasni politicari odat najmnogu za Grcija,i ke vi bide se jasno koga ke vidite koj se tie pa na slednite izbori glasajte pak za niv.Se nadevam deka eden den ke uvezeme sudii Makedonci od Avstralija i Amerika koi imaat doktorirano po pravni nauki,a gi ima mnogu,pa tie da im sudat a ne korumpiranite sudii od Makedonija.
fani od germanija, 27.01.2012 01:16:32
Bravo za avtorot na tekstot,bravo za kolegata Erol Rizaov.Se nadevam deka ovoj tekst ke naide na razbiranje kaj segasnata politicka garnitura koja ednas za sekogas ke prestane da trguva so drzavnite resursi i ednas zasekogas da ja izbrisat grcija od tenderskata lista.Nikogas nemozev da ja sfatam naivnosta i glupavosta na politicarite na RM za toa kako mozea da vlezat vo deal so Grcija!!!??? so zemja koja od dnoto na dusata e protiv dobroto na Makedonija i makedonskiot narod,koja sekoja prilika ja koristela da i pravi sopki na nasata zemja i so takva zemja da komuniciram i najtragicno da i prodavam drzavni dobra,pa luge,ova e samo za glava da se fatis!!!sekogas sum bila so mnenie deka toa sto go pravat makedonskite politicari e ja javna osuda i deka bilo na koja zemja mozea nekoj objekt da prodadat ama ne na grcite,zemja koja sekoja prilika ja koristi za da i stavi sopki na Makedonija.Osobeno vo denesno vreme poznato e deka ekonomijata ja diktira politikata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: -1°C, Мин: -7°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |