29.12.2011, 11:06 Во Пјонгјанг втор ден на жалост за Ким Јонг Ил
Во Пјонгјанг денеска, после вчерашниот погреб, е втор ден од националната жалост за покојниот лидер Ким Јонг Ил, а државната телевизија прикажа голем број луѓе и војници на меморијалната служба во центарот на главниот град.
Ким Јонг - нам, формално втор по ранг во раководството на земјата, одржа говор во присуство на наследникот на челото на државата Ким Јонг ун, јави Би-Би-Си.
- Големото срце на другарот Ким Јонг ил престана да чука. Толку неочекувано и предвремено заминување е најголема и незамислива загуба за нашата партија и револуција, рече Ким Јонг - нам.
Тој додаде дека Северна Кореја под раководство на другарот Ким Јонг ун ќе ја трансформира тагата во сила и храброст за 1.000 пати поголема од досега.
Одржани се три минути молчење, по што ширум земјата со сирени се огласија возовите и бродовите.
Државните медиуми денеска го опишуваат Ким Јонг ун како „врховен водач на партијата, државата и војската, кој ги наследил карактерот и идеологијата од својот татко.
Тој денеска стоеше на балконот над портретот на својот татко, а од страна беа воените команданти и високи функционери од владеачката Работничка партија.
��ред нив, стотици илјади луѓе го исполнија централниот градски плоштад. Војниците и цивилите беа распоредени во првите редови. Новиот водач не им се обрати на насобраните.
Ким Јонг ун ќе биде третиот член на исто семејство на чело на Северна Кореја.
|