10.01.2012, 11:52 Момче пукало во „опел“ и ранило четири лица
Ноќеска во еден час по полноќ, на улицата „Боро Менков“ во Скопје, дошло до пукање и ранување на неколку лица.
Како што информираат од МВР, лицето Д.Т.(23), кое било во друштво со уште неколку лица, и кое било во возило „голф“ излегло од автомобилот и од огнено оружје испукало неколку куршуми кон возило „опел корса“ во кое биле Д.Т.П.(22), Е.И.(19), Т.С.(19) и В.В. (20), сите од Скопје. Повредените Д.Т.П. и Т.С. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што им биле констатирани телесни повреди, а првоспоменатиот бил задржан на лекување.
Од местото на настанот, при увид, биле подигнати четири испукани чаури и еден неиспукан куршум. Пронајдените чаури и возилото „опел корса“ биле подигнати заради натамошно вештачење.
Од преземените мерки било констатирано дека мотив за пукањето била меѓусебната нетрпеливост меѓу лицето што пукало и сега повредениот Д.Т.П., а која траела подолго време. Скопската полиција презема мерки за пронаоѓање на лицето што стрелало во четворицата млади. (Љ.С.)
|