Лидерот на грчката социјалистичка партија ПАСОК Јоргос Папандреу беше подложен на рутинска хируршка интервенција за отстранување на циста на левиот образ од лицето.
Операцијата поминала успешно, а цистата е дадена на лабораториско испитување.
Рано утрово Папандреу е пуштен на домашно лекување.