29.12.2011, 14:07 Син со тесла и ашов ги нападна родителите, по што проба да се самоубие
Денеска наутро околу седум часот, напаѓачот скокнал од првиот спрат од Ургентниот Центар и се здобил со тешки телесни повреди.
Во семејната куќа во дворот, сопственост на Д.М.(56), во скопското село Петровец, вчера околу 15.50 часот неговиот син О.М.(31) со стан на истата адреса со тесла ги повредил неговата мајка К.М.(54) и тетка Ј.С (63), а потоа и неговиот татко. Денеска наутро околу седум часот, напаѓачот скокнал од првиот спрат од Ургентниот Центар и се здобил со тешки телесни повреди.
Како што соопшти денеска МВР, О.М. со теслата која ја држел во раката неколку пати ја удрил Ј.С. во пределот на главата и телото, а откако таа паднала, О.М. се свртел кон неговата мајка и исто така со теслата ја удрил неколку пати по главата. Додека, О.М. ја удирал мајка му, повредената Ј.С. успеала да стане и да излезе од летната кујна и веднаш го повикала Д.М. на помош, кој дошол но О.М., замавнал и кон него со теслата удрирајќи го неколку пати во пределот на главата. Во еден момент Д.М. успеал да го фати за раката О.М. со која ја држел теслата, но овој извадил нож од јакната и му нанел расе��отини по рацете. Тогаш притрчале соседите, кои успеале да ги одземат предметите од рацете на О.М., при што тој побегнал во куќата и се заклучил.
Настанот веднаш е пријавен во полиција каде што по кратко време пристигнале полициски службеници од мобилната единица „АЛФА“. Тие го повикувале О.М. да ја отвори влезната врата, но откако тој одбил, полициските алфи насилно ја отвориле вратата, влегле во куќата. Притоа биле нападнати од страна на О.М. со ашов при што им задал неколку удари по телото. Полициските службеници по кратко време го совладале и довеле во послушност.
Поради нанесените телесни повреди тројцата полициски службеници, како и О.М. се пренесени во Ургентниот Центар - Скопје каде што им е укажувана лекарска помош. По извршениот преглед тројцата „алфи“ се пуштени на домашно лекување, а О.М. е задржан за понатамошно лекување.
Поради сериозноста на повредите лицата Ј.С., К.М. и Д.М., со возило на итна медицинска помош се пренесени во Ургентен Центар - Скопје за укажување на лекарска помош, при што К.М. е задржана за понатамошно лекување, а другите двајца се пуштени на домашно лекување.
На лице место, стои во соопштението, излезе увидна екипа при СВР Скопје, известени се истражен судија и Јавен обвинител.
|