02.01.2012, 20:09 Восочна фигура на Глигоров во Музејот на македонската борба
Како што информираат од Владата, ќе биде изработен и споменик на Президиумот на АСНОМ, каде ќе биде вграден и Киро Глигоров како дел од проектот Скопје 2014.
Восочна фигура на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, наскоро ќе биде изработена и поставена во Музејот на македонската борба.
Како што информираат од Владата, ќе биде изработен и споменик на Президиумот на АСНОМ, каде ќе биде вграден и Киро Глигоров како дел од проектот Скопје 2014.
Авторот на споменикот имал средба со Глигоров пред неговата смрт и извршил консултации околу споменикот на АСНОМ.
Киро Глигоров почина синоќа во својот дом во Скопје на 94-годишна возраст.
|