20.01.2012, 18:00 Нема криза за нив, ќе си ги зголемат платите
Додека владите на другите земји објавуваат податоци за намалување на платите на функционерите, во Македонија се случува обратно
Светлана Унковска
Владата нема образложение за потребата од зголемување на платите на функционерите, а опозицијата, и покрај тоа што најави дека ќе гласа против, нема начин да го спречи донесувањето на законот со кој се предвидува покачување од пет проценти. Со донесувањето на измените на Законот за плати на избрани и именувани функционери, што, најверојатно, ќе се случи в понеделник, од декември годинава ќе бидат зголемени платите и надоместоците на функционерите, како што се носителите на највисоките државни функции, министрите, пратениците, судиите...
Во образложението на предлог-измените на Законот, поднесени од Министерството за труд и социјала, само кусо се наведува дека е предвидена можност за корекција на платите за 5 проценти, што одложено ќе се применува од декември годинава. Предложените измени, како што се наведува, имале за цел да се обезбеди усогласување на законот со планираните средства за плати во јавниот сектор во 2012. Натаму уште се додава дека измените се предлагаат заради усогласување на платите со планираните средства за плати во Буџетот за 2012 година, што пратениците го донесоа пред Нова година, и дека во тоа се гледа можност за корекција на нивните плати.
Во многу држави и поголеми економии од нашата, владите носат мерки за ублажување на економската криза, почнувајќи од самите себе. Така, минатата недела белгиските пратеници прифатија нивните плати за годинава да бидат намалени за пет проценти. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, пак, донесе одлука да ги намали привилегиите на функционерите, да ја ограничи употребата на службените автомобили, мобилните телефони, службените патувања и други трошоци. Владата на Хрватска пресметала дека со овие мерки ќе се заштедат околу 133 милиони евра.
Во многу европски парламенти се размислува за намалување на платите и привилегиите на носителите на власта, но македонските функционери, се чини, не се оптоварени со такво чувство на одговорност. Во услови кога и економскиот магазин „Економист“ не' рангира како најмизерна земја, со висока невработеност и пораст на сиромаштијата, се носат одлуки за зголемување на платите на носителите на функции.
Ваквата одлука се очекува да придонесе за дополнително продлабочување на социјалниот јаз. Пеце Груевски, од синдикатот на УПОЗ, изјавил дека во услови на економска криза, која најмногу ги погодува работниците и сиромашните слоеви на населението, неправедно е функционерите да си ги зголемуваат платите. Тој реагира на тоа што пратениците не го прифатија амандманот на синдикатот со кој се предлага функционерите да се откажат од покачувањето.
„Сметаме дека повторно се прави една неправична распределба и во услови на оваа криза кога товарот од секојдневните покачувања на цените најмногу ги чувствуваат оние со најниски плати, требаше да биде одлучено поинаку“, рекол синдикалецот Груевски.
Со овие покачувања, нето-платата на претседателот на државата Ѓорге Иванов од сегашните 78.424 денари ќе достигне нешто повеќе од 82 илјади. Шефот на парламентот, Трајко Вељаноски, пак, чија месечна плата е поголема од онаа на Иванов и изнесува околу 88 илјади, со зголемувањето од пет проценти месечно ќе добива 92 илјади. Покачување од пет проценти ќе добие и премиерот Никола Груевски.
Македонските пратеници, пак, сега имаат плати од по околу 60 илјади денари, што значи дека, откако ќе го донесат Законот, нивните месечни примања ќе бидат поголеми за околу три илјади денари. Во овие суми не се пресметани дневниците за учество на седници, надоместоците кои ги добиваат како претседатели на комисии и работни тела или пак како координатори на пратенички групи, службеници дневници и плус трошоците за гориво и мобилен телефон. Според последните податоци, просечната плата во земјата изнесува околу 21.000 денари, но голем број од работниците земаат далеку пониски месечни примања. |
|
Статијата е прочитана 2945 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 21.01.2012 00:04:30 | Neverojatno e kreativna i elegantna ovaa Vlada koga se vo prasanje nivnite interesi i arcenjeto narodni pari. |
| Весна.С. од Прилеп, 21.01.2012 03:11:22 | Тоа го прават затоа што кај нас не е криза - т.е. кај нас од секогаш се работи обратно пр малцинствата во светот се малцинства ,акај нас мнозинството работи како што ќе речи малцинството.лидерите на партиите во др држави секогаш одговараат за грешките што ги прават кај нас истите колку повеќе грешат толку повеќе се недопирливи.Во тој контекс и покачувањто на платите на функционерите во време на криза е нормална (во наводници)работа.Ни парламентарците ништо неработат -некои и не доаѓаат во парламентот (на пример некои албански пратеници )меѓутоа редовно земаат пари и во оваа држава никој за тоа не реагира .Навистина непотребна колумна. |
| jimmy1, 21.01.2012 03:44:29 | Uf uf uf, ke se vrselo korekcija i usoglasuvanje na nivnite plati. Pa nivnite plati se prekorektirani i presoglaseni od poodamna koga si glasaja za nivnite privilegii. Koga ke se koregiraat i usoglasat platite na na rabotnicite, penzionerite, koka nesto ke se koregira i usoglazi za stecalcite, za socijalno zagrozenite koi ne dobivaat nikakva pomos od drzavava???? Toa e nasa greska sto mnogu vi dozvolivme na vasata alcost. Uste koga si donesuvavte zakoni za vasite privilegii, koga namesto dva prsta krevavte dve race, nie kako narod trebase da go zavzemime sobranieto i da ve izbrkame od toplite ugodni fotelji. Ova nee vlada, ovie ne se nikakvi pratenici, tuku prava lopovska banda. |
| bolen, 21.01.2012 04:43:04 | Bravo za funkcionerite sega na red e narodot na revolucija za promena na celiot sistem a za ovie funkcioneri nadvor od drzavata !!!!!!! fala za objavuvanjeto. |
| banana e vrvot !!, 21.01.2012 07:06:52 | veke ne sme banana drzava sega sme kompot od dunja... |
| od ostrijot, 21.01.2012 07:26:04 | abe luge od komiti-apasi posteni luge nebiva oni
sedrzat praviloto misli na sebe a ne ina drugite. |
| Sitiot ne go razbira gladniot, 21.01.2012 10:16:22 | Of, grevcinjata, ne ja zgolemija socijalnata pomos za najzagrozenite, ama za ukrasi i za nivnite plati mora da ima. Se poveke siromasni vo drzavava, se potesko plakame smetki, se poskapuva, lugeto stedat i na hrana i lekovi, ama bogatite (taka otsekogas i bilo) si mislat prvo na sebe. Kako sto vikaat nekoi: Gospod prvo sebesi si ja skroil bradata. Navistina go pogodija momentot za pokacuvanje na platite, site ke se izraduvaat. |
| su-zu-ki, 21.01.2012 11:16:56 | Sto se pet posto pokacuvanje na platite sprema milionite evra frleni vo veter za raznorazni lavovi,konji i sl.!! |
| OHRID, 21.01.2012 11:46:38 | DIKTATORIIII STALIN MOZIT DA VI ZAVIDVIT OD ONAJ SVET |
| Tina, 21.01.2012 11:50:45 | Po ubavo ke bide da taksata e pomalecka, taka site ke imat sansa da se zbogatat i so toa da ja zbogata drzavata so privatni dukani i donaciji za
sekakvi potrebi. Ve molam, nekoj, razbudete me,
Vo Monako graganite ne plakat taksa. Mi, ako, |
| Ајван Доктор®, 21.01.2012 11:59:27 | Одамна говорам дека овие наши мали мизерни и умислени божества не ги заслужуваат ниту платите,уште помалку привилегиите!За 20 години од осамостојувањето,па до денес,тие немаат ништо сторено за да се поправат состојбите во земјава!Напротив,Македонија е далеку поназад во сите области,од она што беше пред сецесијата од СФРЈ!Направете споредба со околните земји и веднаш станува очигледно дека се наоѓаме во најцрната дупка!Неписмениот Амди КокаКола зема преку 60 илјади денари,полуписмениот Гwујокио,сигурно над 70 (податокот изгледа е врвна државна тајна),а познавам хирурзи кои не земаат ниту 40,а вршат по неколку операции дневно!Прекрасна е оваа земја штом е ваков рај за неписмени!Јавно изјавувам дека на наредните избори ќе ги гласам само оние кои ќе се согласат да владеат со народов за просечна македонска плата!Само тие ќе имаат интерес да го покачат сопствениот просек,но со тоа и оној―на останатите граѓани!Подобро да сме и без власт,отколку со некак��а,особено со ваква―никаква! |
| Стариот Бате, 21.01.2012 12:05:10 | Ајде патриоти, напред, во напад на предавниците, несакаат да гласат за покачувањето на платите. Предавници едни, го рушат угледот на Владата. Грујо и Владата на РМ мислат се за народот, за подобра иднина, за преродба на РМ, за светла будуќност (Зинго).
Преродбата продолжува, народот е на потег. |
| oslo, 21.01.2012 12:05:42 | zosto nese kazuvat od opinokot kolku zemat ili nreje dopirliv ili poseben slucaj narodot morad daznajt kolkuzemat tiese narodni pari nese ot tatkomu opincarskinemoj dfagokriate ovaj komentar ovatie slobodno izrazuvanje ako imate demokrati ili imate milosevska drzava |
| Драган Георгиевски, 21.01.2012 12:48:08 | нека си ги покачат платите зошто да не само политичарите треба да живеат а не народот нека поскапат цените малку ни е ова.бојкот на избори. |
| Mira, 21.01.2012 13:57:05 | Koja demagogija shirat ovie od vlasta. Kakvo usoglasuvanje na plati. Pa kaj nas e se naopaku zasadeno. Prashajte go Koce kolkava mu e platata i sporedete ja so platite na direktorite shto toj gi naimenuva, ke ve zaboli glava. Toj e Gradonacalnik a direktorcinjata se mnogu podobro plateni od nego. Ponatamu, napravete sporedba na platite na drzavnite sluzbenici vo Skopje i ....da receme Karbinci, Bistrica Konci itn....site imaat isti plati ama rabotnite obvrski, troshovite na zivot vo Skopje i drugite opshtini ne se isti. |
| citatelka od skopje, 21.01.2012 15:21:12 | Bravo za nasite funkcioneri! Dodeka edni prezivuvaat i se mislat kako da vrzat kraj so kraj da go isturkaat mesecot za osnovnite zivotni potrebi (komunalii i ishrana za svoeto semejstvo), pritoa otkazuvajki se duri i od lekovi, zdravstveni uslugi, garderoba (sto bi biloluksuz vo vakvi uslovi -moze da se nosi i toa od pred 20godini
) itn... : tie besramno javno govorat za nekakvo si usoglasuvanje - ne mi e jasno kakvo i vo odnos na koj standard se usoglasuvaat?!Dali od visinata kade sto se naogaat ne poglednale da go vidat narodot deka nema za osnovni produkti. Ili kako vo istorijata Marija Terezija mu ponudila na narodot ako nema leb neka jadat kolaci!!!
|
| Cimer na bolniot, 21.01.2012 16:00:41 | Sikter na ovie, ke ne rasipat i nas a nam tolku ni e dobro da ni pozavidis. A ovie sto se za zalenje i mora da si ja pokacat platata da si odat, inaku epten ke ne razgalat. |
| Stranec, 21.01.2012 17:07:12 | Platite ne se nikakov problem.Pa toa se mnogu mizerni plati...Treba ednas da se zaprasate od kade im se kukite i stanovite po SK, OH , Grcija itn. skapi avtomobili, brendirani raboti itn...TREBA DA SE SOPRE KORUPCIJATA!
Golemi domakini se politicarite...Jas zemam 20 godini 10 pati pogolema plata od pratenicite i ne mozam da stvoram tolku kolku sto tie mozat za 4godini.Ili jas sum golem nedomakin a tie super stedaci i od 1$ pravat preku nok 1000$ ili nesto tamu vo Makedonija SMRDI!!! |
| na horhe, 22.01.2012 08:08:37 | samo Horhe zasluzuva da dobie zgolemuvanje na platata od 200%. kakov apetit ima nisto ne mu ostanuva od ovaa plata da trgne nastrana. |
| Леви Бенин, 22.01.2012 09:26:42 | Абе Кире, Кире Лазаров! Абе што ти требаше да промашиш 10 сек. пред крај? Да си ги тепавме Данците,сега ич немаше да ни чуе: поголеми плати, поскапувања, драконски казни.... Абе ќе си пеевме излезени на тераса, па на кој му е мака и нека си се фрли ако сака. Ич не ми ЧУЕ ! Вака сега ќе јадат г.... кога нема со што да си се занимаваат и радуваат. Ама ако: Идемо даље за виќе паре! |
| Крт, 22.01.2012 13:47:59 | Навистина, стварно им е тешко со по 1.500. евра на нашите народни избраници. Многу ги жалам како излегуваат на крај со толку ,,мизерни,, примања. Ете дури и Председателот на Парламентот Трајко Вељановски од големата ,,немаштија,, морал да си ја вработи ќерката во НБРМ. Каде ли само ќе им оди душата (ако ја имаат). До Ајван доктор-пријателе,сто-посто си во право и гаѓај ги почесто со сите можни крошеа, аперкати...додека не ги нокаутираме овие ,,јавачи на апокалипсата,,! |
| boris, 22.01.2012 14:08:37 | vo makedonija poveke nisto ne e cudno ....ova za zgolemuvanje na platite e isto kako ,,u soluna gros sumuna do soluna sto somuna ,,za 10 meseci ne se znae sto ce se desi .... |
| Levichar, 22.01.2012 15:39:32 | Sanader i HDZ im se idolite. Belkim naskoro i ce zavrshat kako niv. Shto ne gi namalat platite, ako se tolku narodni funkcioneri ili go ukinat zakonot za priveleguvano penzioniranje. Patrioti nemojte da branite neshto shto e neodbranivo, naprotiv, udrite i vie. Zaedno sme posilni! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -1°C
|
Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
|