Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
20.01.2012, 18:21

Грција протестира за Вевчани и во Брисел

Студена зима за македонско-грчките односи, тие сега се на најниско ниво последниве десет години

Од нашиот дописник
Миркиц�� Поповиќ


Атина – Во Грција не престануваат реакциите по карневалот во Вевчани. По протестната нота која во македонското Министерство за надворешни работи стигна од грчката канцеларија за врски во Скопје, грчките европарламентарци бараат слична реакција и од Европската комисија.

Грчката европратеничка од ПАСОК, Марилена Копа, испрати писмо до ЕК објаснувајќи ги сцените од карневалот во Вевчани поврзани со погребот на Грција и палењето на грчкото знаме, потенцирајќи дека се работи за манифестација поддржана од Министерството за култура. Според Копа, овие настани ги поминуваат сите граници и излегуваат надвор од границите на хуморот кој е карактеристичен за вакви настани. „Ја прашувам Комисијата дали планира да испрати протестна нота до надлежните органи со цел да посочи дека вакви работи не само што не се во согласност со принципите на добрососедски односи, нешто што е основно за секоја држава-кандидат за членство, туку и ја уништуваат основата за разбирање и соработка со Грција“, вели Копа, додавајќи дека Комисијата треба да земе предвид дека двете држави се наоѓаат во многу чувствителна фаза на преговори во рамки на ОН.

Покрај писмото на Марилена Копа, грчкиот шеф на дипломатијата Ставрос Димас го изразил своето незадоволство од ставот на македонската влада кон преговорите за името во разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун по преговарачката рунда со медијаторот Метју Нимиц. Шефот на грчката дипломатија и Бан Ки-мун се договориле да остварат средба во иднина, а за време на разговорот Димас ги повторил цврстите грчки ставови и желбата за наоѓање решение за спорот за името во рамки на преговорите во ОН, додавајќи дека Грција целосно го поддржува процесот. Димас нагласил дека Грција била загрижена за изјавите и активности со кои Македонија, наводно, ја напаѓа Грција. И Димас, како и Копа, посочил дека ваквите работи ги кршат основните принципи на добрососедските односи.

Дел од грчките експерти кои го следат спорот за името коментираат дека протестните ноти од грчка страна и за карневалот во Вевчани и за Порта „Македонија“ се очекувани и дека тоа би го направила и македонската страна ако дојде до слични активности во Грција. Случувања и реакциите прават длабок јаз меѓу односите на Македонија и Грција.

Иако од сите страни се слуша дека спорот за името стагнира во моментов и поради тоа што Грција има преодна влада која е изгласана за и работи само за справување со финансиските проблеми, поранешниот премиер Јоргос Папандреу инсистира дека треба да му обрне внимание и на македонското прашање. На четврточната средба на премиерот Лукас Пападимос со лидерите на трите партии во владата, Папандреу, Адонис Самарас од Нова демократија и Јоргос Караџаферис од ЛАОС, Папандреу споменал дека оваа преодна влада во ваков состав има историска шанса и треба да ја искористи за да затвори многу важни и големи теми како спорот за името со Македонија. Преодната грчка влада целосно е посветена на преговорите за отпишување на долгот и потпишувањето на договорот за нов заем. Покрај тоа, меѓу трите партии постојано има несогласувања за одредени точки на работа на владата што му задава дополнителни главоболки на премиерот Пападимос, поради што се' почести се медиумските шпекулации дека може и да дојде до реконструкција на преодната влада која е со ограничен рок на траење.

Позитивни реакции предизвика фактот што во неодамнешното интервју за „Катимерини“ солунскиот градоначалник Јанис Бутарис најавува како идеја една бизнис-турнеја за промовирање на Солун како туристичка дестинација, при која би го посетил и Скопје. Дел од грчките новинари кои го следат спорот сметаат дека ваква посета би внела позитивна динамика и би помогнала да се подобри моментално влошената клима меѓу двете страни. Бутарис кој многупати отворено кажува дека Солун не треба да покажува непријателско лице кон Македонците кои се едни од најчестите туристи и студенти во Солун, преку своите винарии има соработка и прекуграничен проект со фондацијата „Тиквешки вински пат“.


Статијата е прочитана 1605 пати.

Испрати коментар



Вевчанскиот карневал ги симна маските на Скопје и на Атина
Нема криза за нив, ќе си ги зголемат платите
СДСМ
„Метрудхем“ сам ќе си избира локација за Топилница!



zulum, 21.01.2012 01:29:17
gi pominuva site granici? he, he.. Site granici bea nadminati koga grckite gardisti skandiraa deka ke ni ja derat kozata. Toa e problem !!! koga oficijalni lica i institucii skandiraat takvi raboti, a koga odredeni poedinci,civili (pa uste na karn) se odlucile na ova, ne moze da odgovara cela drzava. Ako e taka, togas samo letovo imase milion incidenti od poedinci vo Grcija, demoliranje i ostavanje najrazlicni poraki na makedonski vozila..No so ke prais, za slamka, za slamka, daj sto das.
sime, 21.01.2012 12:02:47
zvo sekoj slucaj nevkusna sega od veevcanci,na toj nacin im davame oruzje na protivnikot za imeto.Treba i drzavata da ima udel vo toa sto moze a sto ne smee.
,.. 20 GODINI NA SUD ZA EDNA SLIVA I EDNA MURENKA,, 21.01.2012 13:17:37
..eden Austriski -Vesnik za sredbata megu Austriskiot Predsedatel i Gckiot Predsedatel ke napise.Austriskiot Predsedatel gi predstavuval svojite ministri pred Papandreu kako mInistri za :Pravda,Zdravstvo,Finansii,Ekonomja,More-plovstvo,.pa Papandreu pocnal da se smee,na sto Austriskiot Predsedatel prasal zasto se smeete,Papandreu odgovoril:vie imate minister za Moreplovstvo a nemate more,a Austriskiot Predsedatel mu odgovoril: koga ti mene mi gi predstavi Ministrite na Grcija za Zdravstvo,Finansii,Ekonomija,Pravda,dali me slusnavte da se smeam .STRATEGIJATA “HRONICNO ZALENJE ZA SVE I SESTO “TREBA DA IM DONESE NA GRCITE PREDNOST.NO IMAT I DRUGO: GRCIJA STANUVAT “HRONICEN ZAVISNIK “ I PACIENT NA EU , NATO I OON. CELATA VEVCANSKA FILOZOFIJA E: DOKTRINATA. EU I NATO IM PREPISALE NA GRCIJA LEKUVANJE SO TERAPIJA ,KOJA AKO NE JA NAPRAVAT “KE ÜMRAT”. OVA E VISTIINA KOJA SITE SVETSKI MEDIUMI GO PISUVAAT,VEVCANCI SAMO TOA SLIKOVIOTO GO OBJASNI, NIE SME POZNATI PO MAKEDONSKITE KOMEDII..
pile, 21.01.2012 14:06:57
Transparentna reakcija od strana na instituciite vo Republika Makedonija,pred se od MVR, so iznaogjanje na kreatorite i izvrsitelite na sovinistickiot cin,koj e za sekakva osuda, i pokrenuvanje na soodvetni Zakonski postapki,kako i osuda na vakvite i slicni aktivnosti od poedinci ili grupi koi gi zagrozuvaat nacionalnite interesi na drzjavata, od strana na liderite na site kako parlamentarni taka i von parlamentarni partii, pa i na lokalno nivo od gradonacalnici do site gragjani, ke doprinese za dokazjuvanje na nivoto na razvoj na demokratskata i politicka zrelost na opsestvoto,koe se stremi kon zapadnoevropskite vrednosti i razvivanje na dobrososedski odnosi so site sosedi a posebno so Republika Grcija.Molkot na instituciite i na politickata javnost, vo ovoj znacaen istoriski moiment, samo oddi vo interes na ``neprijatelite`` na Republika Makedonija, a vo nikoj slucaj vo interes na Makedonskite gragjani.Tisinata, najcesto e najglasna.
cane sokolovski toronto, 21.01.2012 19:12:00
Da, zulum, ama onie koi zboruvaa za derenje koza bea osudeni i sega se vo ztvor!
Ljubotan Trade Namel, 22.01.2012 07:12:45
Dobro Namerno od Of Lele pouka-Sekogas imam Prorocki razmisluvana ,barem priatelite taka mi Velat ,i navistina se sto sum prorocil se stori,samo povece mi e strav za Makedonskiot Pogreb,Istoto go velev i za Preubavata Jugoslavija ce Ja Pogrebime!,! Kakva ubava strategija i ,,Pomos za Makedonija Od Albanija ,da se Makedonija integrira vo NATO I EU. Mnogu ubavo zamisleno od Albanskata strana;Bezbolna , Bez Zrtvena I bez Granicna Invazija na Albanskiot Nacion niz Makedonija.Makedonija treba da bega od EU i NATO,kako Gjavolot od Krst. Clenstvoto na Makedonija vo NATO i EU ce bide istoriski pogreb na Makedonstvoto. Zamislete ,Albanska populisticka invazija i liniska-domino reakcija; Makedonska invazija, kon Bugaria i Evropa! I toa e krajot! Na Makedonskiot Narod za sekogas. Makedonskiv Narod,Voden e vo Losa Nasoka: Komsiite se site losi ,a Nie Makedoncite Nevini Pred Boga! Na nikomu ne mu dadovme kredit za naseto bitie,Aaa site ne ,,kradat! Sto na Makedoncite bi im Falelo da Gi Pofalat

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -9°C

Петок
Сончево
Макс: -2°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |