Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
20.01.2012, 17:52

СДСМ: Да се расчисти со поткупот од „Маѓар телеком“

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека опозицијата се пресметува меѓу себе, но врз грбот на власта

Да се расчисти огромниот корупциски скандал со „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ поврзан со македонски политичари во периодот од јуни 2005 до јуни 2006 година, без разлика дали се работи за функционери на СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ, побара најголемата опозициска партија.

Опозиционерите, дури вчера, првпат се огласија за скандалот, по речиси едномесечен официјален молк, и покрај многубројните прозивки од јавноста за откривање на имињата на политичарите кои во 2005 и 2006 година, кога СДСМ и ДУИ беа на власт, земале поткуп од двете телекомуникациски компании.

Од СДСМ очекуваат реакција од Јавното обвинителство, бидејќи, како што велат, триесет дена откако се обелодени одлуката на американските надлежни институции, беа доволни за домашните институции да преземат конкретни мерки за расчистување на скандалот.

„Додека, на пример, во Црна Гора на големо се води официјална истрага за ваква афера, кај нас Јавното обвинителство скандалозно тврди дека обработувањето на доказите изведени од американските надлежни институции ќе било зијан затоа што тие не се признавале како докази во Македонија“, изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кој молкот на власта го оцени како обид да се забошоти случајот.

Оваа сомнителна тишина кај Владата, а особено кај ВМРО-ДПМНЕ, според Георгиев, покажува дека тие се мачат нешто да сокријат. Тој ја посочи аферата со партиската фирма „Аналитико“, која временски се поклопува со периодот јуни 2006 година, за кој американските институции воделе истрага и донеле одлука, а во која се вмешани највисоки актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ во извршната власт.

„Никола Груевски и онака си ја има мувата на капата, бидејќи како министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски ја аминуваше приватизацијата на Македонски телеком. Тој не може да избега ни од аферата со партиската фирма „Аналитико“, а токму овие факти, на премиерот Груевски му создаваат дополнителна обврска до крај да го расчисти огромниот корупциски скандал“, рече Георгиев. Тој посочи дека ставот на СДС�� е јасен и прецизен, одговорноста секогаш има име и презиме, а сите замешани во овој корупциски скандал мора да одговараат пред надлежните македонски институции.



„СДСМ да престане своите внатрешни пресметки меѓу ’бранковисти’ и ’бучковисти’ да ги прави врз грбот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираа од владејачката партија.

Пресот на СДСМ испровоцира реакција од ВМРО-ДПМНЕ, која досега, исто така, се воздржуваше од коментари за аферата. „Ако СДСМ сака да се пресметува со свои поранешни функционери, нека продолжи да го прави тоа, но не инволвирајќи не' и нас. Во Македонија, според информациите со кои што располагаме, се води релевантна и сериозна истрага околу целиот случај“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Тој информира дека на 26 ноември 2008 година МВР поднесе кривични пријави за случајот за кој зборуваат американските документи и служби. Таа кривична пријава се однесува на Атила Сендреи, Роуф Плат, Михаил Кефалојанис и Золтан Кишиуш. „Дел од овие луѓе се во бегство. Кога дел од овие лица ќе бидат достапни на службите и правосудните органи, ќе може да се докаже и дознае кои политичари во Македонија, во време на владата на СДСМ, учествувале во овој скандал“, рече Бичиклиски. (С.Н.)


Статијата е прочитана 2245 пати.

Испрати коментар



Грција протестира за Вевчани и во Брисел
Вевчанскиот карневал ги симна маските на Скопје и на Атина
Нема криза за нив, ќе си ги зголемат платите
„Метрудхем“ сам ќе си избира локација за Топилница!



jovan, 21.01.2012 01:08:40
Кога дел од овие лица ќе бидат достапни на службите и правосудните органи, ќе може да се докаже и дознае кои политичари во Македонија, во време на владата на СДСМ, учествувале во овој скандал“, рече Бичиклиски. Znaci nikogas.
Весна.С. од Прилеп, 21.01.2012 02:35:20
Со други зборови речено:ниту СДСМ нитуВМРО не сакаат да обелоденат кој од нивните партии примал поткуп -секој покажува на криминалците во противничкиот табор И ТОА ЌЕ ГО ПРАВАТ И ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО НАРЕДНИТЕ ГОДИНИ ВО НЕДОГЛЕД ,А ЗА ТОА ВРЕМЕ ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ СЕ ТРУДАТ НИКОЈ ДА НЕ ГИ ВОЗНЕМИРУВА ВО НИВНОТО НЕРАБОТЕЊЕ.
marko, 21.01.2012 05:22:49
„Дел од овие луѓе се во бегство. Кога дел од овие лица ќе бидат достапни на службите и правосудните органи, ќе може да се докаже и дознае кои политичари во Македонија, во време на владата на СДСМ, учествувале во овој скандал“, рече Бичиклиски.Znaci site ne se vo begstvo.Neka uapsat tie sto ne se vo begstvo
canberra, 21.01.2012 06:01:07
bre bre bre relevantna istraga vladejackata garnitura vodela...Do gusa se potonati ( isto kako neodamnesniot TiTANIK). SDSM barem izlegoa javno i barat istraga , a VMRO?
Marioec od Azija, 21.01.2012 08:12:14
Canberra koga bi sakal SDSM da se razotkrijat skandali so potkup,korupcija i sl,Sudovite ce imaat rabota slednite deset godini neprekidno.A na toa ako gi dodades DPMNE i Liberalite i dr pomali partii ce ni treba cetvrt vek da rascistime so kriminalot.Ovoa e seto mizi da ti bajam.Kaj nas nikogas nemalo nepartijski Javen obvinitel,Ustaven,Osnoven,Okruzen ili kakov sud da bil nekogas profesionalen a ne partijski.A isto taka i nikogas dosega ne sme imale Sloboden i nezavisen Medium koj ne gi zastapuva interesite na nekoja partija.I sega kako ce odime ponataka ce vidime,ama se dodeka narodot e partijski zadoen negledam idnina.P.S cela buka okolu sloboda na Med e gola voda,koj mozi da mi naredi vo mojot vesnik sto da kritikuvam ako jas sum cist,ama ako nesum ce go krkam stapot.A i mediumite vrsat isto sprecuvanje na sloboda na govorot so cenzuri neobjavuvanje,premolcuvanje ili krivo informiranje.Poz ne postavuvam prasanja sto ne vi odgovarat da ne se macite da cenzurirate.
Makedonce, 21.01.2012 10:41:35
Eden bivs premier od SDSM a sega marionetka na DPMNE e edniot..Visok funkcioner na DUI, normalno partner na DPMNE e vtoriot..Iminjata?..E tie koga ke resi Uncle Sam ke izlezat na Wikileaks..Nekoj ovde misli deka deka ako moze da se zae...a so narodot moze i so golemite, ama go ceka kofa ladna voda...
neda, 21.01.2012 10:45:56
G-dine Georgiev, Jas vam vi veruvam. Zatoa, insistirajte na ova uste 5 pati, 10 pati...100 pati, ako treba, se dodeka ne se umori Biciklistki so izmisluvanje lagi i izvitoperuvanja.....pocnete veke da go koristete nivnoto oruzje...postojano pritiskajte, neka se krckaat vo sopstvenata manza, neka ja trosat energijata na odbrana, neka se potat..ne gi ostavajte na kucinjata laat a karavanot si vrvi Konecno, toa e vasa ODGOVORNOST i zadaca kako opozicija.
javi se DUI, 21.01.2012 11:08:00
Dvajca se karaat, tretiot koristi, vo sluchajov toa e DUI. Zoshto za sluchajov se prepukuvaat dvete makedonski partii a DUI ostanuva na strana? I si kjuti mudro, izigrava nevinashce koe nitu VMRO-DPMNE ne go spomnuva! Ajde, ve molam, dosta ne pravevte budali
mene, 21.01.2012 11:52:50
Kako be abicikliski gi baras tie sto DALE POTKUP.Potkupot od golemi 4 miliomi evra go zele nasi makedoncinja,kako toa da vlasta niv ne gi bara?
Стариот Бате, 21.01.2012 12:28:05
Од кај па ова и ти Горгане, со твојата СДСМ од каде баш сега расветлување на поткупот. Па зарем не гледаш дека ова Влада не е учесник, не ли гледаш дека ова тиквата, точакот уста искриви, уста ќе расчепи само да докаже дека тие не биле поткупени. Што е власт, што е политика, но вистината е болна, лајна до гуша, а нешто треба да браниш, е тешко, нели.
Ајван Доктор®, 21.01.2012 12:36:56
Опозициската СДСМ еднаш излезе со јасен став за приватизацијата:„сите оние кои направиле незаконски дејствија,без оглед на тоа на која политичка опција и припаѓаат,треба да одговараат“!Од ВМНЛО и владата,молк!СДСМ,повторно излегува со јасен став:„оние членови на СДСМ,но и од другите партии,кои направиле ујдурма со ’Маѓар Телеком’да одговараат според законите на земјава“!Поотворено и појасно,здравје!Од власта,повторен молк!Што е проблемов?Ќе изгубите ли од „чесноста“драги ВМНЛОвци?!Случајно,СДСМ да не раководи со истражните органи и со обвинителството?Само странци ли учествуваа во малверзациите?А,Сведмилк?!Ќе одговара ли некој и за него,или и тоа е завршена приказна?Што е со новите пирамидални партиски штедилници (поголеми од „ТАТ“)?Што е со изгубените документации за „Скопје 2014п.н.е.“?Случајност ли се?Нема ли криминални зделки денес?!
vdovec, 21.01.2012 12:49:05
Некој се поти, жива вода,ајде да се направи ОБЛОЖУВАЛНИЦА со погодување, кој ќе погоди главна премија да биде ТВ Плазма. Се примаат и попаметни предлози.
Anita, 21.01.2012 13:33:17
Sega SDSM, za da ja dobie doverbata na narodot deka se navistina za borbata protiv korupcija i deka ne se isti site, bi trebalo da formira svoja anketna komisija, znaci vnatre vo SDSM, i da go ispita slucajot so Telekomot najseriozno. Po nivnite soznanija, da gi obelodenat iminjata na SITE sto se zamesani, prvo od nivnite redovi, a i onie od drugite partii koi togas bile ili vo vlasta ili vo opozicija. Toa, vo ovoj moment, e potrebno zasto vladejackata DPMNE nema apsolutno nikakva namera da go sprovede toa. Znaci nezavisno dali nekoj e vo bekstvo ili tuka, treba da se obelodenat iminjata, da ne se zataskuva nisto, zasto najmnogu SDSM izgubi kaj narodot, koga ne go rascisti sramotno drskiot, bezocen i ogromen kriminal na Ljubco Georgievski i negovata tajfa na celo so Grujo. Taka pobedata i vlasta, na tacna im ja dadoa na edni infantilni, neodgovorni i neobrazuvani personi.
milan, 21.01.2012 14:23:29
Gordane po se izgleda DPMNE e do gusa zaglaven vo ovoj skandal,pa zatoa do sega ne reagiraa.Vo sprotivno ke imase apsenja normalno pred kamerite na SITEL i MRTV. Na javniot obvinitel ne mu zamerajte,seuste ne e dobil signal nitu od vladata nitu pak od sefot na analitiko,a normalno nitu pak Bucko da mu telefonira kako togasen premier.No ako sakate glasovi napred i zavrsete ja rabotata.
Игор, 21.01.2012 14:40:10
Да беа од ДПМНЕ чисти до сега ќе имаше плакати низ градов за криминалов на СДСМ. Ама нешто ги нема да коментираат. Да не таласал СДСМ демек. Ајде да видиме кој не крадел нека оди во затвор. Ајде ако тоа биле луѓе од Владата на СДСМ нека спроведе ДПМНЕ истрага и нека ги затвори. Сега барем ги имаат сите инструменти за тоа. Ама ќутат. Знаат дека се прљави со Аналитико и дека тоа оди до врвот на ДПМНЕ и ќутат и се молат да се забошоти целата работа.
Goce, 21.01.2012 17:48:15
Abre komunjarce malodusno, vcera si dade klasicen avtogooool i sega nisto ne te mie.
devicanecot, 21.01.2012 20:56:00
Гордане, Многу те жалам што дозволуваш пак некој да те наседнува. Мислев дека си многу попаметен. Па криминалот е во твојата СДСМ и не ми е јасно навистина кој сакаш да го расчистува.. Секако не некој друг, освен Вие самите, само под услов ако има храбри луѓе помеѓу Вас, кои отворено ќе му кажат на пензионерот се што знаат.
Smetkovoditel, 22.01.2012 00:11:16
SDSM e dobro presmetal shtom izlegna so taa teza odnosno, baranje. VMRO seushte smeta, ama neshto mu smeta vo smetkata, pa izbra da cuti. Cutanjeto e zlato, a narodot vece go zaboravi i porazot od Danaska, a kamoli kriminalot so telekomot. Vo ovaa drzava edino grevot na Branko ne moze da se zaboravi. Drugoto se se oprostuva i zaboravuva. Chudno!
До Гоце, 22.01.2012 12:39:21
Абе , вмроњарче бездушно , каде ви се парите од „ Телеком“.Каде е „Аналитико ОИ“? До кога ќе крадете? Каде се парите ,ееееј?:

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -1°C

Вторник
Магла
Макс: 4°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |