Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Хроника
22.01.2012, 16:55
Верушевски јуниор пак прави проблеми

Александар Верушевски (25) повторно е во проблеми со законот. Полицијата против него поднесе две кривични пријави за убиство во обид, односно за недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи. Проблематичниот Верушевски е учесник на четврточниот инцидент на женска плажа во Струга кога три лица беа повредени. МВР поднесе кривични пријави и против М.Н. (35) од Струга, В.Т. (31) од Калишта, Д.Г. (28) од Калишта, кој е државјанин на Македонија и на Србија, Л.Л. (30) од Струга и С.Г. (31). Во оружената пресметка беа ранети М.Н. и В.Т., додека Д.Г. беше прободен во стомакот. Сите тројца се надвор од животна опасност. М.Н., велат од полицијата, во петокот побегнал од болница. Истиот ден бил извршен претрес во куќата во Струга каде што престојувал Верушевски, при што биле пронајдени и одземени дваесетина куршуми, шише со непозната прашкаста материја со натпис „кетанол“ и кутија со 484 таблети.

Александар Верушевски е син на поранешниот разузнавач Зоран. Пред неколку години беше осуден на две години затвор поради изнуда, односно противправно поседување оружје. Во 2007 година беше помилуван од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски. (Г.А.)

Статијата е прочитана 3102 пати.

Испрати коментар



Ограбени банка и бензинска пумпа
Експлозивна саботна ноќ во Скопје
Грдите графити во Тетово останаа непокриени
Од Охридско Езеро се' уште демнат бомби и гранати



Н.Н., 23.01.2012 00:28:36
Зошто некој е Александар Верушевски, а некој М.Н., В.Т., Д.Г..., ќе дознаеме ли некогаш ???
struga, 23.01.2012 01:19:37
nema vrska prvo ace ne pukase drugo mu najdoa kreatin i apcinja za vezbanje i kursumi za na lov... Neka odgovara za proslite zlostorstva ama ova e CISTA GLUPOST!
analiticar, 23.01.2012 06:59:04
dane go ima nekoj izlagano deka bc brgu ke se vrati na vlas,ili izvadil kniska od dpmne.
paskoski, 23.01.2012 08:55:48
20 godini zatvor,bez nikakvi sentimentalnosti,toj ne zasluzuva da se dvizi slobodno po zemjava.Toj ostavi traen invalid pred nekolku godini,a bese osudeno edno dete zaradi nego vo Skopje
bb, 23.01.2012 10:12:01
do koga ?ova razgaleno detiste sega golemo detiste ke se glupira i izigrava serif.neka mu sesudi.....kako citatel ne me interesira cij sin e i na koja strana pripadja i koj go oslobodil .sigurno i negoviot roditel,ima problemi so nego no..........
Искрено М.Г., 23.01.2012 11:11:51
Секоја чест на господинот, Г.А. автор на текстот, за информацијата за поднесени кривични пријави од МВР против М.Н., В.Т., Д.Г., Л.Л. и С.Г. и ранетите М.Н., В.Т. и Д.Г. А за Александар Верушевски е синот на поранешниот разузнавач Зоран господинот Б.Ц, немам зборови. Искрено М.Г.
z.a., 23.01.2012 11:19:35
zatoa sto i crnata hronika,konkretno za ovoj nastan bez toa ime ne bi bila atraktivna,neli? A drugo e prasanjeto za covekovi prava,zastita na podatoci i presumcija na nevinost.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Среда
Снег
Макс: -1°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |