Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
23.01.2012, 18:43

Мое ќоше

Рашомон во „Телеком“

Ерол Ризаов

Куросава снима во Македонија

Како течат работите на јавна сцена со најновиот голем корупциски скандал во Македонија на подмитување македонски политичари може да позавиди и легендарниот Куросава, автор на филмското ремек-дело „Рашомон“. Накратко сижето на генијалниот филм се состои од три различни приказни за ист настан. Додека гледате и ги слушате актерите, сите се во право, а вистината е една. Во сите или најмалку во два настана главните учесници и сведоци лажат. Или, пак, можеби има повеќе вистини. Македонскиот рашомон во „Телеком“ почна да се тркала како мала грутка снег за да прерасне во голема лавина која ако има критична јавност и минимум политичка култура, треба да збрише и да затрупа многу луѓе замешани во корупција кои за поткуп од 4.88 милиони евра изложиле стотици илјади свои сограѓани на засега непроценета штета затоа што подмитени спречиле појава на конкуренција.

Како тече нашата рашомонијада: прво стаса веста од Америка дека „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ ќе платат 95 милиони долари откако постигнале спогодба по судска тужба за поткуп на официјални претставници во Македонија и во Црна Гора. Со спогодбата се затвора судскиот спор, а телекомуникациските гиганти не мора да ја признаат вината. „Маѓар телеком“ е мнозински сопственик на „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“, а спорот се однесува на периодот 2005 и 2006 година. Поткупот е извршен да се задржи позицијата на компанијата како единствен телекомуникациски оператор. Ова го соопштува Министерството за правда на Америка и американската Комисија за хартии од вредност. Тужбата е поднесена против компаниите, како и против тројца поранешни директори на унгарскиот оператор. Во обвинението се вели дека тројцата директори платиле непостојни консултантски услуги од 4.88 милиони евра за да го одложат стартот на вториот комуникациски оператор во Македонија. Митото им било платено на политичари и на политичка партија.

Што се случува во Македонија по објавувањето на оваа спектакуларна вест. Молк. Мртва тишина. Ретки се примерите на висок медиумски професионализам. „Утрински“ ги прозива главните политички актери од 2005 и 2006 година �� институциите на системот задолжени за борба против корупцијата и криминалот. Прво собира сила да се огласи скопското Јавно обвинителство кое вели дека го истражувало случајот за поткуп на македонски политичари и политичка партија во 2005 и во 2006 година, но докази за поткуп не биле најдени, па затоа не била ни поведена постапка против ниту еден носител на јавна функција во тоа време. Ако се појават докази, ќе има и постапка.

Двете најголеми политички партии и нивните раководства уште молчат. Молчи ВМРО-ДПМНЕ, молчи и СДСМ. Двете партии под голем уплав нешто чекаат. Или да се забошоти работaта или некој од Америка, Германија или од Унгарија да им достави информација кој повеќе е заглавен. Скандалот поприма веќе форма на лавина која ништо не може да ја запре. По речиси еден месец, конечно, се огласува СДСМ со барање да се расчисти докрај, како што велат, огромниот корупциски скандал поврзан со македонски политичари без разлика дали се работи за функционери на СДСМ, ДУИ или на ВМРО-ДПМНЕ. Опаа, одеднаш голема храброст. Да не ги охрабри Филип Рикер.

Веднаш уследи жесток одговор контраодговор на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски. И тие одлучија да престанат да молчат. Денешната опозиција која тогаш била на власт, по цел месец молк, првпат е обвинета од ВМРО-ДПМНЕ за овој скандал. Бичиклиски грмна опозицијата да не се обидува да ја префрли одговорноста за своите дела на друг. Премиерот Никола Груевски храбро јавно покажа со прст на подмитените политичари од СДСМ кои го штителе монополот на „Телеком“.

И сега што мислите вие за оваа лимонада бистра како боза. Се' додека полицијата, Обвинителството и судот молчат, или се прават недоветни, ние ќе ги слушаме политичарите и ќе гледаме македонски рашомон. Мито има по американски закони. По македонски нема. Па сега вие пресудете, сакате според вашиот ум и поглед на нештата, сакате според вашата партиска или деловна припадност, сакате како ограбен граѓанин. Друг начин нема во држава во која не важат законите и не функционираат институциите на системот. Како ќе судат судовите ако политичките функцинери по еден месец молк почнаа јавно да судат.


Статијата е прочитана 3574 пати.

Испрати коментар



Партиски кавги околу Верушевски јуниор
За гласање се носат пратеници и од болнички кревети
Македонските слабости - аргументи против Македонија во ЕП
Топилницата не може да побегне од Велес
Грција е во подобра позиција од нас
Лустрацијата и високото образование утре на тест



gimi, 24.01.2012 00:34:24
Според Вас г-дине Ризаов кој може да донесе одлука за влез на нов телекомуникациски оператор, власта или опозицијата? И уште едно прашање на чија иницијатива влезе VIP и во која година, и колку беше цената на импулсот до пред неговото доаѓање и колку е сега?
Alek, 24.01.2012 00:55:55
Da, instituciite treba da rabotat dodeka politicharite lajat, ama nekoj gi ochigledno kochi. Koj ja momentno ima taa moc da gi kochi? I zoshto ja voopshto ima taa moc, pokraj zdravi institucii spremni za vlez vo NATO i EU. Ili spremnosta e blef, a instituciite onakvi kakvi se, pokritie.
атила сендреј, 24.01.2012 01:03:59
за да влеземе во ЕУ ќе мора да се расчисти со овој скандал...која и да е партија на власт е крива и сегачниве и поранешните бидејќи е 2005/2006 година во прашање..И не ми е јасно како може цел свет да знае кој е крив(зашто и плаќа Т мобиле пенали од 95 милиони евра) а НИЕ да не знаеме кој е КРИВ...Па на кого му свршувате директно во мозок...ако мислите дека на нас граѓаните можете да им дркате во мозок цело време сте се зезнале...ќе ви го зачукаме во гз кога најмалку очекувате
seirdzija, 24.01.2012 03:43:27
Vednas da rascistime okolu vistinata Erol!VISTINA e deka sme permanentno pljackani od telekom od prv den kako e privatiziran!Ako dale 5 milioni evra potkup da go zadrzat monopolot,prasanje e kolku dale da go dobijat???Sekoj u Makedonija ima ime i prezime i treba da ODGOVARA!!!Kako za delo,taka i za soucesnistvo.Ne gledam niedna makedonska televizija i neznam sto izjavil onoj kilav pemier,oti gluposta sto ja sejat so godini niz Makedonija stana zarazna bolest,pa vaka informiranjeto od objektiven dneven vesnik kako sto e utrinski e najbezbedno!!!
ZRAK, 24.01.2012 07:39:37
se ke se stopi kako so drugite AFERI,a i ona institucite da si ja rabotat rabotata e humor na vekot.Nitu bc otkrival kriminal na dpmne vo negovo vreme[okta,npk i sl] nitu dpmne[tat,privatizacija i sl]
Da ne izlezat pogolemi skandali, 24.01.2012 07:49:10
Najtragikomicna bse onaa tv emisija od t.n. eksperti na MTV vo koja gostuvase i g-dnoot obvinitel Svgovski. Istite mlateja prazna slama a nisto konkretno ne kazaa i objasnija. A se znae i koj bil togas minister za transport i vrski i koj bil vo Odborot na direktori na Telekom i koj bil opremier. Najsmesen bese Svgovski, koga davase takvi pravni tuimacenja sto ne bi gi dal ni nekoj pocetnik pripravnik. Obvinitelstvpto e dolzno da pokrene istraga i da priberi podatoci od SAD , pa site involvirani da si ja platat kaznata. No me cudi sto vlasta tolku sakase da go zabosoti slucajot. Dali se plasi da n e izlezat uste pogolemi skandali so toj Telekom i okolu prodazbata ( se prodade vo vreme na vlasta na VMRO)i okolu Analitiko i sl.
Внимателен читател, 24.01.2012 08:09:15
Еј Џими си побрзал да пресудиш дека тогашната власт е виновна. Се додека надлежните институции: полицијата, обвинителството и судовите не работат тоа што им е работа ние ке ги слушаме политичарите и ке гледаме Рашомон.Јас како ограбен граѓанин барам Груевски и Црвенковски наместо меѓусебе да се обвинуваат кој е поголем арамија јавно да излезат и да ги охрабрат институциите на системот да спроведат истрага како во Црна Гора. Несреќата е во тоа што сите институции на системот во Македонија се под партиска контрола на власта, па сега ајде ти верувај им на тие што треба да покренат истрага, а тие велат нема докази. Џими да не се тие од СДСМ
УБАВИНА, 24.01.2012 08:12:35
На GIMI се`му е јасно! За него нема потреба од закони,институции,полиција,обвинителство,суд.За него зборот на Груевски е закон!За него се`се знае во овој случај! Да живее GIMI! Колку повеќе GIMOVCI, толку поголема власт за Груевски!
B. Betinski, 24.01.2012 08:21:01
Koga mak-policijata fakjase heroin vo kanti za boja koj poteknuval od Juzna Amerika, se pokaza deka bila delotvorna regionalnata, kombinirana so interkontinentalna policiska sorabotka za sprecuvanje organiziran kriminal. Znaci, mak-policijata mora da ima nekoj dogovor za sorabotka so amerikanskata policija . Sto ja sprecuva bilo taa policija, bilo vladata da gi pobara dokazite za potkupot na Magjar-telekom od nadleznite amerikanski sluzbi? Nisto drugo osven vistinata koja, i bez tie dokazi, mnogu dobo ja znaat nekoi od segasnata vlast koi se zadovoluvaat so toa da pokazuvaat so prst spored drevnata majstorija - drzte go kradecot. Pokazuval premierot!? Megjutoa, negoviot prst odbiva da pokaze na izborite od 2006 koga pocnal da funkcionira negoviot Analitiko. Dobro, mnogu dobro znae toj prst sto smee, a sto ne smee da pokazuva.
Stipjanec, 24.01.2012 08:26:10
Od sudbinata ne se bega. TOA E TOA! Se se sveduva na se pogolema siromastija, za smetka na nevideniot kriminal koj go gledame sekojdnevno, ama sto od toa? Kazete mi eden politicar(kapitalec) koj nastradal. Krazbata nema partiska ili etnicka oboenost. Tuka sekogas ima KONSENZUS, i sekogas ima mnogu poveke vistini od ona remek delo-Rasamon. Pred nekoja vecer slusav edna emisija na Chomo, kade bea sobrani najbogatite vo Makedonija, a imase i eden EKSPERT po ekonomija, koj ja plasirase tezata deka kolku ima pobogati, tolku e poarno za drzavata. Ili pak kolku poveke se krade, tolku podobro ke bide za site vo DRZAVATA NI! Najgolema perverzija e koga ovie Kradci ke te proglasat za KOMUNJAR, so vakvo razmisluvanje. Toa im e najdobroto alibi za nivnite non-stop ARAMILACI!
miki, 24.01.2012 08:47:53
NIKOJ NEMA DA ODGOVARA-ZAMESANI SE I DVETE BANDI ! ! ! Pisuvajte, komentirajte, vistinata e taa! Ama KOGA-TOGAS ke gledame Sanadercinja i ovde-bidete sigurni!!!
do gimi, 24.01.2012 09:11:31
Eve drugarce jas sum clen na SDSM i sakam da se obelodeni koj toa e vmesan vo skandalot.Po tvoja logika velis koj moze da donese drug operator eve ako i jas taka razmisluvam ke ti go postavam slednoto prasanje. Koj so potpisuvanjeto na kupoprodazniot dogovor potpisal 4 god da ima monopol telekom za da ti bide pojasno jas rabotev 33 g vo telekom i sum slusal i gledal sto se rabotelo.2.So prodazbata obvrzan e telekom na 600 mil inves. gi ima li ne.3 SDSM bese na vlast kako uspea partiskata firma ANALITIKO da zeme pari od telekom(ili telekom se razdolzuvase na GRUJO za prodazbata) 4 Zosto se napravija trampi na zgradi i plus doplata od 16 mil eu.I na kraj zosto tvojata partija ne se sprotistavi na zakonot nego go aminuvase (najverovatno so prodazbata tolku e zamrsena rabotata sto Magjar tel. ima uste dosta da se razdolzuva prema VMRO.I na kraj ako VMRO e siguren za kriminal na FUNK.od SDSM ke cekase li dosega sigurno ne.Prijatele primetuvas uste ti i 2-3 licnosti uporno branite nesto sto
petrovski vladimir, 24.01.2012 10:16:40
IMAM GADEN PREDOSEKAJ DEKA SITE SE VMESANI VO KRAZBATA VO TELEKOM I SDS I VMRO
pile, 24.01.2012 10:35:10
Vladeenjeto na pravoto i funkcioniranje na pravnata drzjava e na ispit, so izneseniot slucaj vo javnosta,i pokraj ``vadenjeto`` na Ministerot za pravda, deka nema Zakonski ovlastuvanja i mok za kontrola nad rabotata i funkcioniranjeto na sudovite i istraznite organi i deka se nezavisni.Ako nema Zakonska mok,nad rabotata na sopstvenite institucii, neka predlaga Zakonski izmeni po skratena postapka ili neka si oddi, a ne da ne blamiraat pred megjunarodnata javnost.Da ne misli nekoj, deka EU i megjunarodnata zaednica nema izgradeno efikasni mehanizmi za spravuvanje so vakvi oblici na kriminal i deka ke progleda niz prsti nekomu, no ulogata na tie mehanizmi vo konkretniot slucaj ke bide malku poinakva.Pred MKS vo Hag ke se najdat i iminjata na rakovoditelite koi neprevzele Zakonski dejstvija i merki ili nesovesno postapuvale po slucajot, soglasno so Ustavot na Republika Makedonija.Rokovite poleka no sigurno istekuvaat, kako za ovoj taka i za ekstradicijata na Dragan Daravelski.
ФЕЛИКС, 24.01.2012 10:59:01
Се добива впечаток да само г-дин Ризаов гледа рашамонијада во овој корупциски скандал. Работите се преедноставни,се работи за политичари од власта 2005-06год. кој се поткупени од Телеком за да остане монополската положба.Никој не купува опозициски политичар туку политичар од власта кој може да ја протурка работата.Истражните органи треба да си ја завршат работата а потоа судовите го кажат своето.Се сложувам со авторот да сето ова треба да функционира за да еднаш државата се справи со вакви коруптивни политичари било од каде да доаѓаат.Но познавајќи ги работите тука ако ова и се случи ќе имаме наплив на секакви написи,експертизи по ништо за тоа како власта се пресметува со политичките противници,да таа е тоталитаристичка,премиерот фашист, мешање и притисоци врз судиите и т.н И да завршам да во овој случај се знае кој политички субјект во своите редови има членови со ,,путер на главата,,и нема никаков рашамон.
milan, 24.01.2012 11:27:44
G-dine Erol askolsun za crnogorcite ,citam se fatile za rabota da go rascistat skandalot.SDSM go pokrena ova prasanje pa neznam sto ceka,pa neka ne se nadevat na naseto obvinitelstvo,sudstvo,ili pak MVR oni bez naredba na Grujo ne rabotat.POZDRAV.
javi se DUI!, 24.01.2012 11:31:56
Dvajca se karaat, tretiot koristi. Kade e DUI? Najmatno rabotenje vo celata afera ima ministerot na DUI vo togashnata vlada. A Dui mudro, gjoa bebence, si kjuti i gi pushta SDSM i VMRO-DPMNE megjusebno da se nabeduvaat. Rakovodstvo na DUI ja znae vistinata za potkupot!
Иван Спировски, 24.01.2012 14:06:01
Дувна ветре од преку барата и се дигнаа бранчиња, мали се, ама ќе бидат се поголеми и се посилни. Вака почнува одмотување на клопчето, колку и да се трудат некои да ја разводнат работата околу одговорноста. Точно е, со влегувањето на третиотиот оператор, импулсот стана поевтин и тоа е добро за граѓаните и за пофалба е, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ИСТРАГА И КОНКРЕТНА ОДГОВОРНОСТ НЕ ТРЕБА ДА ИМА. Ако не денес, хрватскиот ветер ќе дувне и овде многу скоро. А, ти Gimi, само радувај се и биди задоволен од поевтиниот импулс, ако ти е тоа доволно, живеј си така среќно и весело. НА ДРУГИТЕ НЕ ИМ Е ДОВОЛНО, ТИЕ САКААТ И ПРАВДА, И ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ!!!
Ајде по Црногорски, 24.01.2012 14:42:33
Аман, од изедначување. Демек, молчат двете партии. НЕ е точно! СДСМ, преку официјалните претставници, НЕ преку портпаролчиња, се изјасни дека бара обвинителството да се активира. Се посочи и можноста да се обратат официјално до САД, како Црногорците. АКО се сака, за се има начин.
Feliks pak treba da crvenee od sram., 24.01.2012 15:15:02
Feliks dali ti voopsto se razbiras samiot sebe sto pisuvas, i sto sakas da kazes so tvoeto pisuvanje, ti covece sakas da ja napadnes opozicijata, a so tvoeto komentiranje ja zakopuvas aktuelnata vlast. Demek ako gi nasla vinovnicite a tie se od opozicijata ke imalo pak onaa ovaa, se citas li ti voopste i koja ti e tebe poentata?
До Феликс, 24.01.2012 15:39:48
Пис , мачору бесрамен каков е тој ред?Се знаете , а ништо не превземате!Треба да одговара тој што е вмешан , без оглед од која партија е.Зошто институциите молчат , а премиерот бара мапет-шоу дебати на МТВ?Биди малку поаналитичен, би требало да го научиш тоа во „Аналитико АИ“! Американските докази не важат во Македоија , а важат во Црна Гора!!!Пис!
deko, 24.01.2012 16:43:08
Ke ve molam ne mesajte babi i zabi.Se znae koj bil na vlast i civi clenovi izvrsile kriminal.Vlasta ne e taa sto treba da kaze koj bil vmesan da ostavime pravosudnite organi da go kazat svoeto koga ke sobere dovolno dokazi da sprovede proces.Samiot si svesen deka vmro na prvata vladina sednica donese odluka za vleguvanje na pazarot na poveke mobilni operatori prema toa taa sigurno ne bila vmesana inaku sigurno ne bi go dozvolila toa.Zalam sto kako i da vrtis sepak sdsm si e sdsm i koga sakate nekako da gi izvadite ili da im ja namalite krivicata demek i vmro bozemski e kriv toa smesno deluva-ne moze za kriminalot na sdsm sekogas site da se krivi za toa osven niv.
Do Pis Macoru, 24.01.2012 17:07:39
Decko, dobro e vidovme deka imas osmo zavrseno. Sto sakas pa ti da kazes ne mi e jasno
Vesso, 24.01.2012 17:57:33
Pred se e greska sto se prodadoa Telekom,Rafinerija,Elektrostopanstvo i site monopoli.Patot na parite ne moze da se otkrie,pogotovo vo Kipar.Kade otisle ponataka?Mozebi i VMRO-DPMNE ne saka sosem rascistuvanje,poradi mozna korupcija na segasniot koalicion partner.No jas sepak mislam deka nema nacin da se vidi ,kade otisle parite vo Kipar.E ,togasnata vlada znae koj go zemal potkupot,ama nema da kaze sigurno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Облачно

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -3°C, Мин: -9°C

Петок
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |