22.01.2012, 17:19 Мислења
Јави се Груевски, Телеком те бара!
Ивор Мицковски
ВМРО-ДПМНЕ е на потег. Додека кај нас властите молчат, во Црна Гора за сличен скандал веќе е почната истрага
Тишината понекогаш е најгласна. Тишината од страна на ВМРО-ДПМНЕ околу корупциските скандали поврзани со Телекомот во најмала рака е симптоматична и зачудувачка. Не можам да разберам како крстоносците на борбата против криминалот и корупцијата се плашат да излезат во јавноста и да преземат конкретни мерки за расчистување на корупцискиот скандал со „Дојче телеком“ и „Маџар телеком“, поврзан со македонските политичари во периодот јуни 2005 – јули 2006 година. Дури и откако „Утрински“, како единствен медиум, повика на одговорност и откако опозицијата јасно го соопшти својот став и побара надлежните институции да профункционираат, ВМРО-ДПМНЕ настапи само со спинови, партиски препукувања и без никаква конкретна мерка за решавање на случајот.
Па, не разбирам, ако работите стојат како што спинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, дека инволвирани се единствено функционери од СДСМ и ДУИ, тогаш кај се големите акции на Јанкулоска и на Обвинителството, каде е сликањето и апсењето пред камери, каде е Груевски да шутира пенали на отворен гол?
Очигледно, работите не се како што сака ВМРО-ДПМНЕ да ни ги претстави, па затоа единствено што ќе гледаме од нив е продавање магла. И внимавајте, откако СДСМ излезе со јасен став дека надлежните институции мораат да реагираат и дека одговорните мораат да одговараат пред законот без разлика на која партија и' припаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ почна да објаснува дека постоел скандал, дека ова биле внатрешнопартиски борби. Па, од кога барањето да биде задоволена правдата, да се покрене вистинска истрага, да се изнесат пред законот одговорните е некаква внатрепартиска борба?!
Мене ми е јасно што прави ВМРО, откако СДСМ ги повика да реагираат – извикуваат: „Скандал, скандал“, не за нешто да решат, туку за нешто да сокријат. Не за нешто реално да побијат или да докажат, туку за да го оттргнат вниманието од суштината. Тие мислат дека ако излезеш со документ и потцрташ неколку членови што тебе ти одговараат дека си донел непобитен доказ, дека толку радикално си настапил (иако лажно), што си создал еден така замрсен случај кој никој не го разбира, па луѓето сами по себе ќе се уморат и ќе станат индиферентни пред фактите. Е, тој филм нема да го гледате!
ВМРО-ДПМНЕ сака народот да заборави дека Никола Груевски со личен потпис стои зад најштетната и најнепотребната приватизација во Македонија – Телекомот. Дел од неговиот кабинет тогаш беа Јанкулоска и Јанакиески. Сакаат да заборавиме дека за приватизацијата беше покрената кривична пријава против потписниците поради штетноста на договорот и овозможување имотна корист на приватна фирма на сметка на граѓаните. Така, најверојатно, почнува големиот влог на Груевски во Телекомот? Од тогаш сме сведоци на 11 години нелогичности со Телекомот, кои неизбежно упатуваат на премиерот Груевски. Како продолжува приказната?
Во 2006 година сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана. Но, на самиот почеток на изборната кампања за парламентарните избори 2006 година, на кои Груевски е кандидат на опозицијата, Телекомот приватизиран со негов потпис, решава да склучи договор со партиската фирма „Аналитико АИ“ во висина од 120.000 евра за маркетинг-услуги и за дистрибуција на СИМ-картички. Експертите за продажба на СИМ-картички се токму луѓето од актуелниот дрим-тим на Груевски. Ален Зекиров е газдата, Оливер Шамбевски бил директор, а вработени биле Јанкулоска, Протоѓер, Елизабета Канческа, Александар Бичиклиски. Прашањето кое никако да го одговорат од ВМРО-ДПМНЕ е како го добиле договорот во време на изборна кампања, дали е во четири очи и каде отишле парите од Телекомот, во нивната кампања или во нивните џебови? Неизбежно се поставува прашањето дали ваквата дарежливост од страна на Телекомот се должи на заслугите на Груевски за приватизацијата и дали неговиот влог во Телекомот е приказна која трае и до ден денес? Што, всушност, значи сево ова? Значи ли дека кога ВМРО-ДПМНЕ повикува на скандал во 2005 -2006 година, а не презема ништо, дека неверојатно им текнува на партискиот бизнис во „Аналитико“? Верувам дека истото се прашувале и американските истражни органи кога повикале дел од инволвираните лица на разговор?
Но, во нивната делумна анализа на скандалот кој самите го ограничуваат на периодот за кој се зборува дека продавале СИМ-картички, има дупка од 4 години, односно од почетокот на новиот милениум и приватизацијата на Телекомот. Ако американската тужба говори за период од 2005-2006 година, не треба да заборавиме дека лондонски „Економист“ прв пренесе како американските консултанти кои ги чешлале документите на „Маџар телеком“, констатирале неоправдани трошоци во висина од 24 милиони евра, за сомнителни договори, и тоа во периодот 2000-2006 година. Што значи, дека повторно се враќаме на штетната приватизацијата. И кога сме веќе кај приватизацијата, се поставува уште едно прашање. Еден месец пред Груевски да ја потпише приватизацијата, идниот сопственик на Телекомот во име на Елек Штрауб, на 15 декември 2000 година, со писмо потврдил дека во периодот 2001-2007 година планира во Македонија да инвестира 631 милион евра, нешто што го направило најдобар понудувач. Е, па, каде се преродбениците од 2007 година наваму, да се наредат со Груевски, да се сликаат и да ни дадат отчет колку од овие 631 милиони евра навистина се инвестирани во Македонија?
Приказната не завршува тука, изгледа дека матните зделки продолжуваат до денешен ден. Минатата година, во април, владиниот претставник во Телекомот, јавно потврди дека Владата на Груевски ја одобрува нелогичната трампа на три згради на Телекомот, плус доплата од 16,6 милиони евра, за една недоизградена карабина, сопственост на бизнисмен близок до власта. Власта никогаш не прозборе за овој случај, ниту пак објасни зошто трампата се случила и покрај очигледното отсуство на елементарна економска логика.
Поради сево ова, власта мора веднаш да престане со забошотување на случајот, да престане да спинува и да лаже и да се нафати со вистинска борба против корупцијата и криминалот.
Смешни се изјавите на Јанкулоска дека не може да се докаже или да се дознае кој учествувал во овој скандал бидејќи дел од осомничените се недостапни за македонските правосудни органи. Подеднакво се несериозни и се лажни изјавите на обвинителот дека американските докази не важеле во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има целосна и апсолутна контрола врз надлежните државни институции и нивното непостапување по одлуката на американските надлежни институции, е само дополнителна потврда дека правната држава е суспендирана, а Обвинителството е под контрола на фамилијата.
ВМРО-ДПМНЕ е на потег. Угледот на државата сериозно е загрозен. Додека кај нас властите молчат, во Црна Гора за сличен скандал веќе е почната истрага, а се најавува и парламентар��а истрага. Дури и инволвираноста на сестрата на Мило Ѓукановиќ не беше пречка за истрага. Втор голем проблем, покрај отсуството на независното судство, е и прашањето каков сигнал испраќа Владата до странските инвеститори и дали вака мисли да привлекува инвестиции. Впрочем, за Влада која може да се пофали со мизерни 200 милиони странски инвестиции годишно, одговорот е повеќе од јасен. И конечно, непостапувањето на властите и нивните обиди за забошотување на случајот ќе се рефлектираат врз оценките од Европската комисија. Но, не верувам дека тоа е нешто што го загрижува премиерот, кој веќе најави дека не очекува позитивен извештај и повторна препорака за почеток на преговори.
Но, да бидеме искрени, оваа политичка гарнитура не е на висина на задачата. Никогаш не работеле, ниту пак ќе работат за јавниот интерес. Никогаш не воделе, ниту пак ќе водат вистинска борба против корупцијата. Тоа е задача за некоја идна влада.
(Авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 7095 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Јас, 23.01.2012 00:17:39 | Дечко ти можеш цел ден да пишуваш...кој ги лапна парите?.. ТВОЈА ЧЕЛАД БЕШЕ НА ВЛАСТ..АЛОООО 4,8 мил.евра |
| Goran, 23.01.2012 00:35:14 | Од авион се гледа обидот на ДПМНЕ да се забошоти целата работа. Да беше така како што тврдат до сега ќе гледавме на Сител апсења во живо.
Доста само матите вода. Ајде излезете и уапсете ги сите. Народот заслужува да знае кој го крадел. Од која и да е партија. |
| sasho, 23.01.2012 01:34:21 | Се гледа дека авторот е аналитичар од СДСМ. Уште на самиот стартод текстот. Што не кажа овој аналитичар дека тој беше на власт плаќав 40 денари за минута зборење на мобилен телефон, а сега е 1 денар минута. Кај му е таа аналитика? |
| Hari, 23.01.2012 01:49:10 | E makedonce, koga ke se trgnat maskite i koga ke se otkrie koj e najgolemiot lazov, prevarant, predavnik, tranziciski politicar, kriminalec, togas ke svatis deka poglupo od tebe nema na svetot. Najplodna pocva za ovoj plevel e makedonceto-definitivno. Bas bi sakal nekogo od protivnickiot tabor da uapsat i sto reakcija ke sledi od strana na USA-Optuzili ste pogresnog coveka. |
| Леви, 23.01.2012 03:12:27 | Ги поздравувам сите кичма-патриоти со песмата:
Каде сте македончиња,
каде сте патриотчиња?
Навалете сега со барање да се изпоапсат сиве арамиишта од СДСМ и нормално ако има други. Нели арамија си е арамија? |
| Тони од Сан Франциско, Калифорниа, 23.01.2012 03:26:25 | Само порака до авторот и до читателите. ВМРО ДПМНЕ е политичка партија не е влада, не е полиција, не е обвинителство. Ако СДСМ се навиканати од некои претходнки времиња кога тие беа и влада, и собрание и полициска и истражна и судска власт, само порака ТИЕ ВРЕМИЊА СЕ ПОМИНАТИ. Не ми е јасно како може да повикуваат политичка партија да врши истрака и обвинителство. Македонија ги има сите тие институции коитреба тоа да го сработат. Да , ВМРО ДПМНЕ е партија која има добар дел од власта , но сепак мора да се научат сите од СДСМ дека да бидеш мнозинска партија во собранието не ти дава право да бидеш апсолутна власт во државата. |
| pile, 23.01.2012 04:57:33 | Ivon,momentalno cupeto od MVR e rabotno angazjirano, se dodeka ne zavrsi Evropskoto prvenstvo vo rakomet vo sosedna Srbija.Ovde vo Republika Makedonija sostojbite gi ,,dobro,, sredi,da ne recam go peplosa kompletno MVR,prvo pepel stori od nezakonski rasporeduvanja na dokazjani profesionalci i nepartiski clenovi, pa so spektakularni akcii koi vo nezavisnoto ni sudstvo retko koj slucaj e zavrsen, pa pocna da peplosuva i od lojalnite na partijata,tie sto samite gi naimenuva kako akcijata ,,kaldrma na primer,sega malku, kako sto veli, MVR preventivno da pomogne pri EP vo rakomet vo Srbija, pukanki, pukanki prodavam.So drugi zborovi NE JA BIDUVA, a uste koga trebase da si oddi. |
| Vlado Bashovski, 23.01.2012 05:48:22 | Gospodine Mickovski
Se slagam so site shto site se raduvaat so nashite rakometari duri i tvojot kolega G.Ero;l Rizaov go pravi toa na eden mnogu ubav spesifichen nachin no mislam deka vo situacijava vo koja se naogja Makedonija kriminal korupcija scenario za snemuvanje na Makedonija novinari od tvojot kalibar i so tvojata hrabrost treba da dobijat poseben kredit
Za mene ti si HEROJ GOSPOD neka ti pomogne |
| Marioec od Azija, 23.01.2012 07:34:47 | Seenje magla i mislis deka Narodot pasit trava.Netreba tolkavo potcenuvanje na istiot.Eve jas ce ti odgovoram so kontra prasanja upateni do Drz organi sto go naveduvas.Ajde so potkupot za Kirca i to ne edna nego povecepati,a vie tipot go istaknavte za pret kadidat.Sto e so TAT,neli oktopodot ce go fatite za glava?Ajde bacilata i rezervnite del da gi ostajme nastrana,ama da vidime sto e so gradonac na Strumica osuden pa pomil.Sto e so Batak firmata sto ja branevte,so cesnite inkasatori sto protestiravte,Okta,Carina Zdravstveni domovi.Eve ti uste edna afera,eden vas bivs Gradonacalnik im ja ukrade Kaptazata za voda za pienje na Selanite,da ne zboruvam za Asfaltot,polakanalizacija,pola vodovodna mreza.I za toa ovie od DPMNE cutat,i zatoa e Makedonija vo takva situacija,na za imeto tuku od krazbite od site partii sto bile na vlast.Pa de sega kazi koja da bidi taa nova Vlada?Objavete |
| Mark, 23.01.2012 07:47:36 | Ivor, ovoj pat za zal nikoj nema da se javi iako ke frlaat po nekoe cifte i dvete strani..Ovoj pat zasr..i se i DPMNE i SDSM podednakvo! Zatoa samo se ceka da potpomine vreme a potoa-Sve ce pokriti snegovi i sas! Ova e gangsterska drzava od prvata sekunda na postoenjeto, Ruanda na Evropa, i seuste e! |
| bitolaman, 23.01.2012 07:55:06 | na sekoj barem malku upaten vo ovaa problematika mu e jasno deka zad ovaa afera stoi DUI,koj vo periodot dodeka bese na vlast zaedno so SDSM go drzese resorot transport i vrski .a i VMRO-DPMNE dlaboko e involviran vo aferata preku firmata Analitiko ai.
e zatoa ovaa afera nikogas dodeka se na vlast dvata involvirani ne ke bide nikogas razreshena.
kolku i da saka Gruevski da so zborovi kako...sdsm si ja ishka muvata od kapata...ja prefrli vinata vo protivnickiot tabor,nema da mu uspee zosto maskite padnaa.narodot ne pie nafta.za vakva afera vo sekoja demokratska drzava nekoj lezi vo apsana. |
| seirdzija, 23.01.2012 08:37:25 | Od prv den na prodazbata na telekom pocnuva pljackosuvanje na korisnicite na telefoni.Dali sega ti e jasno Ivore zosto SDSM e opozicija???Dvete najkriminalni i najstetni privatizacii vo Makedonija(Okta i Telekom)SDSM dozvoli akterite da se izvlecat nekazneto,pa normalno deka sega tie i takvi ke ne vladejat i ke vodat borba protiv kriminal po naplatni rampi,ke zatvaraat sitni opozicioneri,ke rusat i ke naodjaat neplacaci na danok vo televizii koi gi kritikuvaat. |
| Dalibor, 23.01.2012 08:48:24 | Очигледна е пристрасноста на авторот. Но наскоро интегрално ќе биде разоткриен целиот корупциски скандал и ќе бидат откриени имињата на сите инволвирани. Штета што никој не се зафати со разоткривање на обидот (пред 2 недели) да се опожари куќата на тогашниот владин претставник во Телеком, за кој се зборува дека ги има разоткриено сите. Разврската допрва следува, а скандалот тежи многу многу повеќе од бедните 100-тина илјади евра што Телеком ги исплатил на Аналитико во 2006.
Само каде ќе се скрие тогаш авторов на текстов, и дали ќе се засрами? |
| Nikola, 23.01.2012 08:58:22 | Velis: Kаков сигнал испраќа Владата до странските инвеститори? Pa jasen signal ispraca! Se e mozno, samo treba da se dogovorime za nekoj nov Analitiko! |
| toni, 23.01.2012 09:37:18 | mizerna i licemerna vlada... |
| milan, 23.01.2012 10:41:29 | So site dosegasni nastapi na vladinite predstavnici vidlivo e nastojuvanjeto ovoj skandal da se zabosoti i po moznost topkata da se prefrli vo tugo dvoriste.Jas i porano komentirav;ako sakate glasovi rabotata mora da ja isterate do kraj.A na vlasta i poracuvam; smislete nekoja naplatna rampa pa belki narodot ke zaboravi na ovie sitni skandali so sitni pari.ps.Se nadevam deka utrinski ke go odrzi vetuvanjeto i za ovoj skandal ke izvestuva do kraj. |
| Tragikomicna panel diskusija, 23.01.2012 10:49:25 | Najtragikomicna bese sinocesnata t.n. panel diskusija okolu obaj skandal so eksperti , medju koj i g. obvinitel Svrgovski na Grujovizija, pardon MTV. Toa bese cista ironija i smejurija, kako t.n. eksperti objasnuvaa i dava nasoki za resavanje na slucajot. A Svrgovski medju niv bese vistinski as. Takvi objasnuvanja kako nego za pravcnite postapki nemase da gi dade ni nekoj pripravnik ili apsolvent na Praven fakultet. Askolsun, kako ne se pocrvenuvaat od sram. |
| ФЕЛИКС, 23.01.2012 11:27:00 | По се изгледа да корупциската афера околу Телеком според авторот единствен виновник е сегашната власт а не партиските камаради на авторот.Зачудува тоа што не се ,,протна,,тезата да всушност иако неговите биле на власт 2005г.парите ги примил сегашниов премиер,затоа што бил искамуфлиран како член на партиското братство на авторот.Неговите подло набедени за примање мито а тие всушност невини како дамите од борделите.Инаку текстов врви од блескава аналитична замена на тези во стилот ,,ајде да ве видиме,преземете нешто,,А всушност ако и се направи такво нешто аналитичарот прв ќе провикне за тиранија на власта кон политичките противници.Но очекувано ништо околу тоа што тоа таму направиле неговите,важно е ,,ајде да ве видиме,,.И на крај искрено кажано неговите ептен мислат на народецов па така дозволија телекомуникациско ,,бричење на суво,,.А так нормално нафатирање на поедини џепови на сметка на сите нас.Затоа народот поради таквата грижа ги смести во темниот опозициски ќош. |
| tihi, 23.01.2012 13:41:19 | Zasega se shto znaeme e deka potkupeni bile chlenovi na togashnata vlast i nivniot togashen koalicionen partner.Se drugo e samo mlatenje prazna slama od avtorov.Da ne ispadne posle deka i ova kje bide politichki revanshizam za potencijalnite primateli na mito.Zhivi bile pa videle. |
| bitolaHamiltonCanada, 23.01.2012 14:03:59 | JAVISE BOKSERU, IDRIZOVO TE CEKA!!!!
Se javil BOKSEROT i prasal; Abe luge,shto tolku ste se razvikale?? shto sakate od mene?? zarem sakate samiot sebe da se stavam vo zatvor?? E toa nema da go docekate.Nikoj nisto ne mi mozite!!!Jas sum sudija,jas sum policija,jas sum JAS-SEMOKNIOT.
Edno da ve presam:Ja znaete li onaa...RIBATA SE SMRDI OD GLAVATA????? E pa ako ja znaete togas kutete,oti ne ja znaete onaa drugata....SE SMRDI OD GLAVATA AMA SE CISTI OD OPASKATA.
Pomislete malce,mozebi ke vi tekni shto sakam da kazam.
Ako ne vi teknuva,togas da vi pomognam....JAS SUM GLAVATA JAS JA SMRDIV CELA OVAA RABOTA, AMA VIE STE OPASKATA.
Ke ve cistam i nema da zastanam se duri ne se najde junak da me zastani.
A takov junak nema.
|
| clen na sdsm, 23.01.2012 14:18:03 | po komentarive gledam deka padna vesnikov vo vmrovski race.Nazdravje,i tie pocnaa da citaat,bravo Makedonijo!!!!!!!!! |
| Rezzilov, 23.01.2012 14:28:08 | Навистина е за чудење молчењето на власта за скандали како што се Телеком и “Надеж“(и покрај признанието на б.ц.:- Да имав повеќе,повеќе ќе дадев!) |
| Predavnik, 23.01.2012 15:31:29 | Bravo Ivore! Ama patriotite koi se na vlast i ja imaat zadachata da ja utvrdat vistinata i da prevzemat adekvatni merki, na mesto toa, vas ve okrivuvat. Navistina se sitni dushi. Abe patrioti, opozicijata moze da zbori shto saka, ama vlasta mora da raboti. Kade se rezultatite, so ime, prezime i cifra, a ne magla i veter. Ako se od SDSM, toa vi e olesnuvachka okolnost i dobredojdena shansa za konechen obrachun. Ama nece da e taka. E upravo poradi toa, sekoj normalen chovek ce zakljuchi deka lopovite se vo vladejachkata partija, odnosno momentnata vlada. |
| Chicho Mile, 23.01.2012 15:59:20 | Toni, ne se vozbuduvaj tolku. Eve ne mora kako vo nekoi stari vreminja, partijata VMRO DPMNE da vrsi istraga. Neka si vrsi istraga sudot, policijata, ili bilo koj sto mislis deka e nadlezen. Vo sto e razlikata? Ili mozebi nadleznite institucii se od SDSM pa gi krijat svoite sopartijci? |
| Шарко, 23.01.2012 18:14:14 | Мачорот Феликс е сеуште жив!Наго само неговите глупави коментари ќе го надживеат!Кој и да зел мито,органите задолжени за тоа се во вмровски раце.Тоа што тие не превземаат ништо , доволно зборува каде се крие зајакот! |
| Зевзекмен, 23.01.2012 18:57:20 | абе дилетанту, УСА не го тужи договорот, тој е со ЕУ параф, исто како и тој со ОКТА. А дека потоа имаше корупција во работата на Маџар телеком, имаше... но се тоа е стопирано од самата ЕУ и ќе се плати казна на Волстрит... а сега ако сдсм(црвенковски) сака да дискредитира некој од неговата партија, тоа нема да биде додека не дојде званичен чатиб од надвор... зошто власта би му помагала на црвенковски во внатрепартиските пресметки ? |
| cane sokolovski toronto-do Toni od San Francisko, 23.01.2012 20:14:25 | Ti, Toni, nemas pojma koj ima apsolutna vlast. Ovaa partija e dolgo vreme na vlsat. Se spomnaa kriminalni privatizacii vo minatoto i slicno. Zosto lugje se vrakate 15 godini nazad? ZOSTO dosega, imase vreme, ne se podnesoa krivicni prijavi da toa se rascisti? Zosto jadime madinja namesto bubrezi? Ama sega sum siguren koga ovaa vlada ke si odi ni kozni gaki nema da gi spasat! |
| redoven citatel, 23.01.2012 22:52:30 | Analiticarot se identifikuval-bil od SDSM.Komentatorite,isto taka,spored komentarot-vie od tamu,ili od vamu:isto taka.Dali ce se slici privakvi analizi da procitame neutralen,a strucen komentar i tolkuvanje?A od nadleznite organi,se razbira,normalno e site gradjani da imaat pravo da ocekuvaat soodvetni aktivnosti za razresuvanje i rasvetluvanje na slucajot.Sigurno toa bi bilo zaednicki interes na site,a pred se za avtoritetot na drzavata. |
| kik, 24.01.2012 03:13:39 | Ovaa afera sigurno nema da se razresi dodeka DPMNE e na vlast,a i ne smee,a toa e i najdobroto vo ovoj moment.Se e jasno vekje |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Магла
|
Вторник
Облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
|
Среда
Снег
Макс: -1°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|